Свет
Почнува расправата за спас на планетата
Светските лидери од понеделник во Копенхаген ќе ја разгледуваат ситуацијата со климатските промени, а основното прашање е дали ќе бидат донесени конкретни обврзувачки одлуки или повторно се’ ќе се сведе само на ветувања и заложби
Стравувањата дека нема да има напредок, но и надежите за поголема грижа за планетата се телемал на неодамнешниот самит во Азија, на кој учествуваа претседателите на САД и на Кина, двата најголеми загадувачи во светот. Песимистите состанокот на Барак Обама и Ху Џинтао го сметаат дека е сигурен знак дека во Копенхаген нема да биде потпишан правно обврзувачки текст. Оптимистите, пак, велат дека двете држави на состанокот изнесле конкретни бројки, иако скромни, за намалување на емисијата гасови кои го предизвикуваат ефектот на стаклена градина.Свеста за загрозениот еколошки баланс на планетата Земја стана поголема по конвенцијата на Обединетите нации за климатските промени кога беше донесен Протоколот од Кјото за смалување на емисијата на т.н. стакленички гасови кој истекува во 2012 г.Во Копенхаген треба да биде донесен нов документ. Главниот преговорач за климата на ОН, Иво де Боерс, е оптимист бидејќи самитот ќе ги собере на едно место повеќе од стотина претседатели и премиери на држави кои ќе бидат меѓу 15-те илјади учесници од 192 држави. Обратно, песимистите повторно потесетуваат дека САД никогаш не пристапија кон Протоколот од Кјото. Откако неодамна 2.600 научници на Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC) заклучија дека зголемувањето на температурата за 2 степена на т.н. „прединдустриско“ ниво ќе го загрози светот, се помалку има такви кои не веруваат дека човекот со своето неодговорно однесување придонесе за глобалното затоплување, преку употребата на фосилните горива, како што се нафтата, јагленот и гасот. Поточно, со согорување на фосилните горива се ослободува јаглерод диоксид (CO2), гасот со ефект на стаклена градина кој најмногу придонесува за затоплувањето и загадувањето. Затоа, приоритет на научниците и повеќето светски лидери е да се намали испуштањето во атмосферата на ваквите гасови, при што најмногу во тој поглед треба да се заземат најбогатите држави, но и оние во развој со големи индустриски капацитети, како што се Кина и Индија. Кој ќе плати?Глобалното затоплување најмногу ќе ги погоди сиромашните, велат стручњаците. Зголемувањето на температурата што ќе доведе до зголемување на морското ниво може да ги поплави островските држави во Пацификот, како и оние кои се под нивото на морето, како што е Бангладеш, на пример. Вториот ефект е зголемувањето на површината на светските пустини, односно намалувањето на извор на храна и вода за пиење, со што ќе се поттикне ширењето на болестите.Меѓутоа, богатите држави, освен изговорот за заштита на националните индустрии и економии, го поставуваат и прашањето – кој сето тоа ќе го плати? А тоа е всушност вториот голем предизвик за самитот во Копенхаген, односно кој ќе ги поднесе трошоците и ќе им помогне на најсиромашните држави да се прилагодат. Богатите држави треба да го поддржат проектот со 10 милијарди долари годишно во периодот од 2010 до 2012 г., вели де Боерс. Но, останува отворено прашањето дали тие навистина сакаат да го направат тоа.Предизвици и проекти Една од темите за кои треба да се разговара во контекстот на глобалното затоплување, е и демографскиот прираст, кој подолго време е табу-тема. Според проценките на стручњаците од ОН, ограничувањето на демографскито прираст би придонесло за намалувањето на испуштањето на штетните гасови. Според овие проценки, доколку светското население до 2050 г. дојде до бројката од 8 милијарди наместо од претпоставените 9 милијарди, секја година би се штеделе од 1 до 2 гигатона јаглен. Според пресметки на лондонското Училиште за економија, секои 7 долари потрошени за планирање на семејството до 2050 г., може да заштедат по цел тон CO2 годишно.Како пример за дилемите што се поставуаат во врска со климатските промени – стопански напредок или зачувување на природата, се наведува градењето на централата Бело Монте во Бразил, во регионот на амазонската прашума, или како што ја викаат – „Белите дробови на планетата“. Имено, оваа електричан централа би ги подобрила условите за живот на 25 милиони луѓе, но го загрозува опстанокот на 15 домородни племиња.Едно од можните решенија за проблемот со затоплувањето е посилниот развој на т.н. зелени енергии. Таков е проектот Desertec Industrial Initiative, кој чини 400 милијарди евра и кој на Европа до 2050 г. треба да и’ обезбеди 15 отсто струја или 470 илјади мегавати од Блискиот Исток и Северна Африка. Концентрираната сончева енергија на почетокот е скапа, но долгорочно е исплатлива, велат од проектот MENA (Middle East and North Africa), во чии рамки првата ваква електрична централа на сончева енергија би требала да се гради во 2015 г.Најодговорен за затоплувањето е јагленот кој е еден од најнечистите енергенси кој придонесува со 40 отсто кон целото глобално затоплување. Затоа е почнат проект CCS (Carbon capture and storage) со кој тој би требало да се прочисти. Но, оваа технологија би можела да почне да се применува дури по 20 години, а подразбира индустриски процес со кој ќе се тргне CO2 при процесот на согорување на јагленот и тој ќе се складира наместо да се испушта во атмосферата.Но, за да сево ова биде скора иднина, во Копенхаген треба да се донесе правно обврзувачки договор за зачувување на климатските услови на Земјата, па дури и да се претерани стравувањата од климатските промени. Со вложувањата во обновливите енергии, во секој случај ќе се создадат услови за намалување на загадувачките фосилни горива.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Америка го запира издавањето визи за 75 земји
Администрацијата на Трамп ја запира обработката на сите визи за посетители од 75 земји, почнувајќи од 21 јануари, објави Фокс њуз, повикувајќи се на допис на американскиот Стејт департмент.
Според извештајот, меѓу погодените земји се Сомалија, Русија, Иран, Авганистан, Бразил, Нигерија и Тајланд.
Фокс њуз јавува дека со дописот до американските амбасади им се наложува да ги одбиваат визите во согласност со постојниот закон, додека Стејт департментот ги анализира постојните правила.
Запирањето на обработката на визите се вклопува во строгата имиграциска политика што републиканскиот американски претседател Доналд Трамп ја спроведува од стапувањето на должност во јануари минатата година.
Во ноември, Трамп се заколна дека трајно ги запре миграциите од сите земји од третиот свет, откако авганистански државјанин пукал од огнено оружје во близина на Белата куќа и убил припадник на Националната гарда.
Многу авганистански државјани кои поднеле барања за азил во САД во 2021 година добиле специјални имигрантски визи, наменети за оние кои работеле со американската војска за време на нејзината 20-годишна војна.
Фото: Depositphotos
Свет
Иран жестоко и се закани на Америка: „Ќе се браниме до последната капка крв, нашата одбрана ќе биде болна за Американците“
Иран има „многу изненадувања“ за секој непријател што ќе го нападне, рече министерот за одбрана Азиз Насирзаде.
Бригадниот генерал ги даде овие забелешки откако Трамп ја засили својата реторика и се закани со воена интервенција во Иран по месеци смртоносни немири.
„Ќе се браниме до последната капка крв, нашата одбрана ќе биде болна за Американците“
„Доколку овие закани се претворат во акција, ќе ја браниме земјата со сите наши сили и до последната капка крв, а нашата одбрана ќе биде болна за нив“, рече Насирзаде на состанок за безбедност, според Press TV.
Тој, исто така, ги предупреди земјите што даваат помош во секој напад врз Иран дека тие „ќе бидат легитимни цели“.
„Штетата предизвикана од 12-дневната војна на Израел против Иран во јуни е поправена, а капацитетот за воено производство е зголемен“, рече Насирзаде.
Закана за напад врз бази
Претходно денеска, иранскиот режим изјави дека, во случај на интервенција на САД, ќе ги нападне нивните бази.
Ирански функционер изјави за Ројтерс: „Техеран им кажа на регионалните држави, од Саудиска Арабија и ОАЕ до Турција, дека американските бази во овие земји ќе бидат нападнати ако САД го нападнат Иран… и побара од овие држави да го спречат Вашингтон да го нападне Иран“.
Свет
(Видео) Иран заплени десетици „Старлинк“ антени
Иранските државни медиуми вчера објавија снимки на кои се гледаат десетици „Старлинк“ антени, наводно запленети од иранските разузнавачки служби.
Потврдено е дека запленетите предмети вклучуваат најмалку 60 мини сателитски антени на „Старлинк“, стотици 5G рутери од телекомуникациската компанија „Ду“ со седиште во Дубаи и друга неидентификувана опрема. Нема индикации дека „Старлинк“ или „Ду“ дејствувале нелегално, а и двете компании се контактирани за коментар, објави „Скај њуз“.
Iran seizes LARGE cache of of Starlink equipment
It was seized on Jan 13 at the border coming in from 'neighboring country' in the region
It included receivers, signal boosters, modems, and next-gen mobile phones
(@IntelRepublic Telegram) pic.twitter.com/d4SlfT0AWZ
— Roberto Botella (@botella_roberto) January 14, 2026
Запленувањето се случува пет дена откако иранската влада го исклучи пристапот до интернет во поголемиот дел од земјата, а прекинот е веќе шести ден. Како одговор на тоа, Иранците се свртуваат кон „Старлинк“, кој се поврзува на интернет преку сателит, за да ги заобиколат ограничувањата.

