Свет
Стотина загинати во синхронизирани напади во Багдад
Во серија координирани напади на Багдад, од кои три се изведени со автомобили-бомби, во близина на владини згради, најмалку се убиени 118, а околу 200 лица се ранети, во еден од најкрвавите напади во ирачкиот главен град, пренесе Reuters
Од август досега ова е третпат цел на нападите да бидат владини згради во центарот на Багдад, при што има голем број цивилни жртви. Милитантите со овие напади имаат цел да покажат дека ирачката власт не е способна да ја гарантира безбедноста на своите граѓани и да овозможи одржување на општите избори идната година. Затоа, според последните информации на новинските агенции од Багдад, можно е изборите закажани за 16-ти јануари 2010 г., да бидат одложени. Репортерот на Associated Press јави дека одложување на датумот на изборите може да биде соопштен уште денеска (вторник). Во октомври беа забележани дури 25 напада, при што најкрвав досега од почетокот на американската инвазија синхронизираниот напад со два автомобила бомби беше пред административна зграда во Багдад кога загинаа 155 лица. Претходно во август, во напад на бомбаши-самоубијци пред зградите на министерствата за надворешни работи и за финансии загинаа повеќе од сто луѓе.Анонимен претставник на Министерството за внатрешни работи на Ирак изјавил дека најмалку 99 луѓе беа убиени во нападите со три автомобили-бомби и најмалку 192 ранети. Еден час подоцна во самоубиствен напад со автомобил врз полициска патрола во претежно сунитската област Дора во јужниот дел на Багдад, биле убиени најмалку тројца полицајци и еден цивил, а пет лица беа повредени. Постојат сомневања дека едно од возилата со кои е извршен нападот пред Министерството за финансии било преправено во санитетско возило, а другите два напад со автомобили се извршени со активирање со далечински управувач.Во експлозијата најмногу настрадале жени и деца на блискиот пазар и при уривањето на неколку згради во близина. Спасувачки екипи користат кранови за да дојдат до преживеаните, пренесува Reuters.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пожар во болница во Милано, пациентите евакуирани
Утрово околу 10 часот, избувна пожар во павилјонот 16 од болницата Сако во Милано.
За неколку минути, пламенот зафати дел од дијагностичката архива и се прошири на областите каде што медицинскиот персонал во тој момент прегледуваше десетици пациенти, пишува Ил Месаџеро.
Благодарение на заедничката интервенција на пожарникарите и болничкиот персонал, никој не е повреден.
Сите пациенти се евакуирани, а триесет пожарникари кои излегоа на терен вршат санација на подрачјето.
Свет
Европски војници пристигнаа на Гренланд
Европски војници од неколку земји пристигнаа на Гренланд за заеднички воени вежби, во време кога американскиот претседател Доналд Трамп повторно изрази интерес островот да биде под контрола на САД. Во главниот град Нуук слета француски контингент, а се приклучуваат и сили од Германија, Шведска, Норвешка, Холандија и Обединетото Кралство, јавува Би-Би-Си.
Распоредувањето следи по состанок во Вашингтон меѓу министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд со американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс. Данскиот министер Ларс Локе Расмусен оцени дека разговорите биле конструктивни, но дека останало „темелно несогласување“.
Трамп изјави дека на САД му треба Гренланд за националната безбедност и не ја исклучи употребата на сила. Францускиот претседател Емануел Макрон најави проширување на мисијата, додека полскиот премиер Доналд Туск предупреди дека евентуална американска интервенција би била „политичка катастрофа“.
Русија изрази загриженост поради засилувањето на присуството на НАТО на Арктикот. Од кабинетот на британскиот премиер Кир Стармер соопштија дека распоредувањето има цел да ја одврати руската и кинеската активност.
Германија испрати транспортен авион со 13 војници во рамки на данските вежби „Операција Арктичка издржливост“. Данска најави ротациона и потрајна сојузничка присутност. Премиерката Мете Фредериксен рече дека одбраната на Гренланд е заедничка грижа на Алијансата.
Премиерот на Гренланд Јенс-Фредерик Нилсен порача дека Гренланд не сака да биде дел од САД и, ако мора да избира, би ја избрал Данска.
Свет
Макрон: Франција ќе испрати воен брод на Гренланд
Франција наскоро ќе испрати воен брод, авиони и дополнителни војници на Гренланд, изјави францускиот претседател Емануел Макрон. Тој предупреди на појавата на „нов колонијализам“ и на изјави што, како што рече, „сеат сомнеж, дури и меѓу сојузниците“.
Макрон ова го соопшти во новогодишното обраќање до француските вооружени сили, наведувајќи дека дел од француските војници веќе се распоредени на Гренланд, на барање на Данска, каде им се приклучиле сили од Норвешка, Шведска и Германија.
„Нашите сили во наредните денови ќе бидат дополнително зајакнати копнено, поморски и воздушно“, рече Макрон, без да наведе детали.
Според достапните информации, најмалку еден француски воен брод и неколку авиони веќе се на пат кон северниот Атлантик.

