Свет
Киднаперите на Филипините ослободија 10 заложници, остануваат уште 47
Вооружен маж, препознат како член на бандата Манобо, ослободил денеска на Филипините уште десетмина од киднапираните, но се заканил дека другите ќе ги убијат ако за една недела не се остварат нивните барања, пренесуваат светските агенции
„Ќе ги убијам киднапираните ако полицијата се обиде да ги спаси“, рекол лидерот на групата Џоберт Перез, пред новинар што го придружувал владиниот преговарач на местото на ослободувањето.Малку подоцна тој ослободил 10-мина, од кои девет жени и едно момче, соопштила преговарачката Џозефина Бахаде. На југот од Филипините владините преговарачи продолжуваат со разговорите со членовите на кланот што држат во заложништво 47 луѓе. Лидерот на групата бара да бидат ослободени од обвиненијата за убиство, пренесува Асошиејтед прес. Кланот ги држи луѓето во заложништво веќе една недела. Од училиште во провинцијата Агусан дел Сур 75 луѓе беа киднапирани минатиот четврток, а веднаш потоа, во петокот беа ослободени 18 од нив.
Полицијата соопштува дека лидерите на бандата се бараат под обвинение за убиство, но киднаперите ја отфрлаат одговорноста. Филипинската влада се надева на мирна разрешница на случајот, тврди државниот секретар Керг Ремонд.
„Јас бев уверен дека нашите полицајци се подготвени на акција во секое време кога локалниот комитет за справување со кризи ќе им даде сигнал, но секако сега Комитетот ги разгледува и ги употребува сите преговарачки мирни методи“, рекол Ремонд, пренесува Асошиејтед прес.
Џоберт Перез, лидерот на групата, вели дека обвиненијата против него наместени, за што го обвинува спротивставениот клан, Тобајас, за убиство на шест негови браќа и сестри.
Владините преговарачи се трудат да ги разоружаат двата клана.
Полицијата соопштува дека киднаперите се поранешни припадници на милицијата кои се одметнале од службата. Со декади, филипинската влада има вооружени цивилни волонтери како замена за службите за обезбедување во регионите со комунисти или муслиманско население.
Ранонд вели дека војската прави напредок во разоружување на овие милиционери.
Киднапирањето на последните 75 души се случи како одговор на владините напори да ги фати виновниците за минатомесечниот масакр во кој беа убиени педесетина цивили, меѓу кои и новинари. Тие беа убиени додека штитеа една од жртвите која одеше да го регистрира својот сопруг како кандидат за провинциски гувернер на претстојните избори.
Југот на Филипините има долга историја на насилство. Со декади Муслиманите се борат за отцепување на посебна територија. На неколку групи што велат дека се борат за сопствена земја цел им се цивили, туристи, фармери, бизнисмени и други кои ги киднапираат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

