Свет
Бан Ки-мун претпазлив оптимист за климата
Генералниот секретар на ОН; изјавил дека е претпазлив оптимист по пристигнувањето во Копенхаген во недел попладне каде ќе рписуствува на самитот за климатските промени
„Се’ уште оптимист, но претпазлив, Пртпазливо сум оптимистичен“, изјавил за новинарите Бан Ки-мун веднаш по излегувањето од неговиот авион со кој од Париза допатувал во данската престолнина.Ку-мун нагласил дека треба да се почека крајот на самитот за да се вили дали 15-та конференција на Обедиентите нации за климата, навистина ќе ја испрати пораката за климатските промени. Пвата седмица на работата на конференцијата во Копенхаген, е искористена за претставување на нацрт-договорот, што е добар почеток, оценил Генералниот секретар на ОН.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху: Постигнат е напредок во преговорите со Хамас за заложниците
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека е постигнат напредок во заложничките преговори со Хамас во Газа, но дека не знае колку време ќе му треба за да ги види резултатите.
За време на говорот во израелскиот Кнесет, Нетанјаху рече дека Израел постигнал „големи достигнувања“ на воен план на неколку фронтови и дека воениот притисок врз Хамас ги навел неговите лидери да ги ублажат нивните претходни барања, објави Ројтерс.
Тој рече дека Израел ја зајакнал својата позиција како „регионална сила“ и дека планира да го прошири договор заедно со израелскиот „американски сојузник“.
Палестинската милитантна група Хамас, која владееше со Газа, изврши прекуграничен напад врз јужен Израел на 7 октомври 2023 година, кога, според израелските податоци, беа убиени околу 1.200 луѓе, а 251 лице беа киднапирани.
Оттогаш, повеќе од 100 заложници се ослободени преку преговори или израелски воени спасувачки операции. Од 96-те заложници кои се уште се држат во Газа, Израел претпоставува дека 62 се уште се живи, пренесува Танјуг.
Свет
Трамп: Маск нема да биде претседател на САД, дури и да ја сака работата, нема да може да ја добие
Технолошкиот милијардер Илон Маск нема да биде претседател на САД, изјави новиот американски претседател Доналд Трамп, отфрлајќи ги забелешките на демократските пратеници дека Маск е „вистинскиот лидер“ на Републиканската партија, откако неговата онлајн кампања помогна да се намали сметката за владините трошоци, пренесуваат медиумите во светот.
Некои демократски лидери изразија загриженост за несоодветното влијание на Маск врз републиканскиот политичар, имплицирајќи дека Трамп му ја отстапил претседателската функција на технолошкиот милијардер.
Одржувајќи го својот прв говор по изборите во ноември во Феникс, Аризона во неделата, Трамп ги отфрли тврдењата.
– Не, тој нема да биде претседател, тоа можам да ви го кажам – рече тој.
– И јас сум сигурен. Знаете зошто не може? Тој не е роден во оваа земја – рече Трамп.
Дури и милијардерот да ја сака работата, тој нема да може да ја добие бидејќи американскиот устав налага американскиот претседател да биде државјанин со природно потекло, додека Маск е роден во Јужна Африка, објасни Трамп.
Забелешките доаѓаат кога демократските политичари неодамна имплицираа дека Маск е „вистинскиот лидер“ на Републиканската партија. Тврдењата следат по агресивната кампања на милијардерот да го истурка двопартискиот предлог-закон за финансирање на владата, во кој тој го нарече предлогот за трошење „криминален“, „безобразен“ и „еден од најлошите закони напишани некогаш“.
Маск и претприемачот Вивек Рамасвами се назначени да раководат со Одделот за владина ефикасност (DOGE), нова иницијатива со задача да го намали државниот отпад и да ја рационализира федералната бирократија, стои во написите.
Свет
Гренланд не е на продажба: порака од премиерот до Трамп
Гренланд не е на продажба, изјави денеска премиерот Муте Егеде, реагирајќи на најавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека САД ќе ја преземат „сопственоста и контролата“ на овој арктички остров.
„Гренланд е наш. Ние не сме на продажба и никогаш нема да бидеме на продажба. Не смееме да ја изгубиме нашата долга борба за слобода“, рече Егеде, пренесе Ројтерс.
Во неделата Трамп објави дека го избрал Кен Хаури, поранешниот американски амбасадор во Шведска, за нов американски амбасадор во Данска. Трамп на својата платформа Tryth Social напиша дека е апсолутно неопходно САД да ја преземат сопственоста и контролата врз Гренланд за, како што наведе, националната безбедност и слободата ширум светот.
Американскиот конгресмен од Грузија, Мајк Колинс, сојузник на Трамп, во ноември предложи, САД повторно да се обидат да го купат Гренланд, кој и припаѓа на Данска, пренесува Танјуг.
Во 2019 година, Трамп изрази интерес за купување на Гренланд, нарекувајќи го „голем договор за недвижнини“.
„Волстрит журнал“ тогаш објави дека Трамп всушност ги сака богатите природни ресурси на данскиот остров, но данскиот премиер Мете Фредериксен ја нарече идејата „апсурдна“, посочувајќи дека Гренланд „не е на продажба“ содржи огромни наоѓалишта на ретки елементи кои се користат во производството на електрични возила и турбини на ветер. Островот е автономен од 1979 година, а Данска ја задржува контролата над надворешните работи, одбраната и монетарната политика. Од 2010 година, автономијата на Гренланд се прошири на подземните ресурси, вклучувајќи ги и активностите за истражување и експлоатација на минерали.
САД се обидоа да го купат Гренланд од Данска неколку пати, вклучително и во 1867 година, кога државниот секретар Вилијам Х. Севард преговараше за купување на Алјаска од Русија. Вториот обид да се купи се случил во 1910 година, а во 1946 година американската влада и понудила на Данска понуда од 100 милиони долари, која ја одбила.