Свет
Србија со нови докази за трговија со човечки органи на српски затвореници од Косово
Српскиот обвинителот за воени злосторства изјавил дека Србија ќе претстави четворица нови сведоци во случајот со трговија со човечки органи на север во Албанија и Косово во текот на 1998 и 1999 г., пренесоа белградските медиуми
Како што рекол специјалниот обвинител за воени злосторства Владимир Вукчевиќ, во оваа фаза српските власти ќе докажуваат дека „такво монстуозно злосторство било направено“, односно дека имало трговија со човечки органи. Тој додал, дека сепак, истрагата е далеку од потврдена за да ги дознаат имињата на директните извршители.„Имаме нови докази во таа насока, коишто ќе бидат презентирани пред специјалниот известител на Советот на Европа, Дик Марти, а потоа и на јавноста“, изјавил Вукчевиќ. Дик Марти во август беше во посета на Србија, Косово и Албанија во истрага по тврдења дека припадниците на УЧК убиле повеќе од 500 Срби од Косово кои биле затворени во Албанија, потоа продавајќи ги во странство нивните органи. Трибуналот во Хаг во почетокот на 2005 г. преземал истрага под кодот „Дон Кихот“ која се водела по предметите најдени во „Жолтата куќа“ крај северниот албански град Бурељ. Според сомневањата, во таа куќа на заробените Срби од Косово им биле вадени органите кои подоцна за големи пари се продавани на црниот пазар со човечки органи.Тврдењата за наводна трговија со органи се содржат и во книгата на поранешниот главен обвинител на Хашкиот трибунал Карла дел Понте. Таа побара од СЕ да се позанимава со случајот, но во Албанија беше отфрлено српското барање за истрага кое се темели на докази од над 130 луѓе што ги собра Обвинителството на Србија. Во 2006-та, Хашкиот трибунал наместо да ја заврши истрагата до крај, наредил сите материјални докази да се уништат бидејќи „не биле важни за истрагата“. Постојат сомневања дека доказите се уништени заради притисокот на Западот за ослободување од сите обвиненија на Рамуш Харадинај. Еден од адвокатите во процесите во Хаг, познатиот белградски адвокат со македонско потекло Тома Фила, изјавил дека Хаг ги уништил доказите по налог на Вашингтон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД и Израел започнаа заеднички напад врз Иран
САД учествуваа во нападите утрово во Иран заедно со Израел, потврди американски функционер за „Тајмс оф Израел“.
Според израелски безбедносен извор, тековниот напад е заедничка американско-израелска операција.
Непотврдени извештаи укажуваат дека една од целите на нападот е иранскиот претседателски комплекс, како и домовите на иранските лидери, според информациите од иранската опозиција.
Нападите се насочени и кон локации од кои Иран може да го загрози Израел.
Досега не е пријавен ракетен истрел врз Израел, но населението е повикано да остане во близина на засолништата, иако сè уште не е потребно да се влезе во нив.
Свет
Траги од хормони најдени во говедско месо кое од Бразил завршило во европските продавници
Наводно, контаминирано говедско месо од Бразил пристигнало во европските продавници. Имено, траги од естрадиол биле откриени во неколку пратки бразилско говедско месо. Овој хормон се користи во храната за животни, но е забранет во Европа поради потенцијални здравствени ризици. Според извештаите од холандските и ирските власти и системот за брзо предупредување RASFF, контаминираното месо влегло на пазарот на ЕУ, а дел од него веќе е консумиран, пишува Kronen Zeitung.
Холандската агенција за безбедност на храната била првата што открила естрадиол во замрзнато говедско месо од Бразил. Вкупно биле идентификувани најмалку четири пратки (вкупно околу 62 тони), а дел бил дистрибуиран во неколку земји-членки. Во Холандија, околу 5.000 кг контаминирано месо било „претежно консумирано“ пред повлекувањето.
Во Ирска, Управата за безбедност на храната го потврди влезот на околу 128 кг заразено месо. До јануари 2026 година, траги од контаминирана стока биле пронајдени во најмалку десет земји, вклучувајќи ги Германија, Италија, Чешка, Шпанија и други. Две поголеми серии беа навреме запрени во Холандија и блокирани. Повлекувања се започнати во неколку земји, а Полска и други наредија дополнителни инспекции на залихите. Австрија и нејзините трговци не се засегнати. Ова предизвика бес кај европските земјоделци. Пол Немечек, директор на Здружението на земјоделци на Долна Австрија, ги критикуваше двојните стандарди: „Европските земјоделци мора да се придржуваат до најстрогите прописи, додека увезеното говедско месо од Бразил очигледно не ги поминува истите контроли. Ова ги поткопува еднаквите услови и довербата на потрошувачите“.
Договор за слободна трговија со Бразил, Аргентина, Уругвај и Парагвај (Меркосур) што би дозволил увоз на до 99.000 тони говедско месо по намалени тарифи беше ратификуван во јануари 2026 година и покрај прегледот од страна на Европскиот суд на правдата. Гринпис и други го гледаат ова како демократски скандал. Инспекциите на ЕУ открија неправилности уште во јануари 2026 година, но политичкиот притисок продолжи понатаму. Ревизиите на ЕУ во 2024 и 2025 година покажаа слабости во системот за следење на хормоните во Бразил – месото од третирани животни беше измешано со легален извоз, а бразилските власти не ја предупредија ЕУ за грешките. Брисел започна истрага, а земјоделските здруженија бараат итна забрана за увоз од Бразил сè додека не се обезбеди целосно почитување, потсетува „Кронен Цајтунг“.
Свет
Израел го нападна Иран и прогласи вонредна состојба
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги отстрани заканите за безбедноста на земјата и дека е прогласена вонредна состојба низ целата земја.
„Државата Израел започна превентивен напад врз Иран за да ги елиминира заканите за Државата Израел. Вонредна состојба е прогласена низ целата земја“, рече тој, според „Тајмс оф Израел“.
Кац, исто така, предупреди на сериозна безбедносна ситуација.
Сирени се слушаа низ целиот Израел, додека Командата на домашниот фронт на израелските одбранбени сили ги повика цивилите да останат близу до засолништата и да се подготват за можност од ракетни напади.
Пораката ги советуваше граѓаните да останат близу до најблиските засолништа и да избегнуваат непотребни патувања.
Иако беше издадено „проактивно предупредување“, војската соопшти дека во овој момент не е потребна евакуација во засолништата.
Снимките покажуваат чад во Техеран, објави „Тајмс оф Израел“.

