Свет
Русија и САД до петок ќе разговораат за разоружувањето

Руско-американските преговори на кои треба да се постигне договор за намалувањето на нивните нуклеарни потенцијали, ќе продолжат до петок во Женева, пренесува AFP повикувајќи се на руски дипломатски извор
Изворот за агенцијата додал дека рускиот преговарачи тим во недела треба на се врати во Москва откако повеќе од еден месец учествува на билатералните разговори во Женева. Претставниците на САД и на Русија во швајцарскиот град се сретнаа на 9-ти ноември, одми пат по ред од мај годинава, за да го договорат текстот за новиот договор за намалување на стратешкото вооружување кој треба да го замени договорот START-1 од 1991 г., чија важност истекува до крајот на годинава. Во саботата Кремљ соопшти, дека двајцата претседатели, Дмитриј Медведев и Барак Обама, во телефонски разговор се согласиле дека нивните претставници забрзано работат и дека може да се зборува за значаен напредок во преговорите.Во понеделник руските медиуми пишуваат дека рускиот и американскиот претседател новиот договор START би можеле да го потпишат на 18 или 19-ти декември во некоја од европските престолнини, откако ќе заврши самитот за климатските промени во Копенхаген, каде двајцата ќе бидат присутни во петок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Напад во кривичниот суд во Њујорк, има повредени

Тројца судски службеници денес биле нападнати со нож и повредени во зградата на Кривичниот суд на Менхетен, потврдија два извори од њујоршката полиција кои се запознаени со нападот.
„Осомничениот напаѓач е приведен по нападот врз службениците во зградата на судот на Централната улица во Њујорк. Нападот се случил близу фоајето“, изјавил неименуван полициски извор за NBC.
Еден судски службеник се здобил со посекотини на лицето, друг на вратот, а третиот бил повреден кога осомничениот го фрлил на подот обидувајќи се да побегне, се наведува во извештајот на американската телевизиска мрежа.
Сите тројца повредени се медицински згрижени и се чувствуваат добро, а истрагата е во тек, иако засега не е јасно што бил мотивот за нападот.
Свет
„Ерусалим пост“: Трамп ќе му даде на Иран последна шанса

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да му упати на Иран последна шанса за договор, објави „Ерусалим пост“, повикувајќи се на американски и европски претставници.
Според неофицијални информации, новата понуда би можела да биде уште поповолна од онаа од пред недела и половина, но сепак би се базирала на американското барање за нулта толеранција за збогатување ураниум.
Според истиот извор, Иран се обидел да посредува со американската администрација преку Оман и Катар со цел да ги запре израелските напади и да ги обнови преговорите за нуклеарната програма. Саудиска Арабија наводно дејствува преку посебен канал со иста цел – постигнување прекин на огнот.
Свет
Претседателот на Иран: Не сакаме ширење на војната

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Иран не сака да ја прошири војната со Израел, но ќе одговори пропорционално на секој напад, пренесува државната иранска новинска агенција.
Пезешкијан ова го рекол за време на телефонскиот разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Иранските научни, воени и цивилни објекти беа под израелска агресија, при што беа убиени цивили, научници и воени водачи“, рече Пезешкијан.
„Иран не ја започна оваа војна, но ќе одговори според нивото на напад“, изјави.
Тој додаде дека учеството на Иран во нуклеарните преговори со САД зависи исклучиво од прекинот на нападите на ционистичкиот режим врз земјите во регионот.
Турскиот претседател Ердоган, според турската државна агенција, му рекол на Пезешкијан дека Турција е подготвена да игра улога на посредник за да помогне во деескалацијата на конфликтот и да го поддржи враќањето на преговорите за нуклеарната програма.