Свет
Серија експлозии во Ирак
Серија од експлозии на автомобили-бомби убиле четворица и повредиле 40 други во двор на црква во северниот ирачки град Мосул, јавува Ројтерс повикувајќи се на полициски извори
Првата експлозија се случила утрово во дворот на црква лоцирана во западниот дел на Мосул, место каде бунтовниците оперираат повеќе од шест години, откако започна американската инвазија.Вториот автомобил-бомба експлодирал за помалку од 10 минути подоцна, откако се насобрале луѓе на местото на првата експлозија. Друга експлозија исто така избувнала во близина на друга црква во Мосул при што настрадале прозорците, а биле оштетени и црковните порти. Никој не бил повреден.Христијанското малубројно население во Мосул и во минатото беше мета на напади во овој етнички и религиски чист дел на градот.Се претпоставува дека Мосул е еден од малкуте утврдувања на сунитската исламистичка организација Ал Каеда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

