Свет
Канада окована во мраз, во Русија уште потешко
Канада се справува со тепператури од минус 58 степени Целзиусови, Русија со минус 29
Големиот студен бран, што ја зафати Канада пред неколку денови, кога температурите паднаа под минус 40, сега се движи кон источниот дел на земјата, каде во четврток се очекува минус 20 степени Целзиусови. Уште постудено е во руската престолнина Москва, каде температурата ноќеска се спушти до минус 30.Во градот Едмонтон во канадската провинција Алберта метеоролозите во неделата измерија 46,1 степени под нулата, а температурите во западниот дел на Канада помогнати од ветрот паднаа дури до 58,4 степени Целзиусови.Студениот бран се помести кон источната канадска провинција Квебек. За четврток во Монтреал се најавени минус 19 степени. Онтарио во понеделникот го покри еден метар снег, а делови северно од Торонто останаа отсечени од светот.Во текот на изминатата ноќ страшно им студеше и на жителите на руската престолнина Москва, каде температурите паднаа до минус. На аеродромот Домодедово ноќеска беа измерени 29 степени под нулата, а во центарот на Москва беше малку потопло со минус 24 степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

