Свет
Саркози: Конференцијата во Копенхаген може да заврши катастрофално

Конференцијата за климатски промени во Копенхаген се ближи до катастрофа и итно мора да се промени правецот на разговорите
Ова го изјави францускиот претседател Никола Саркози на 24 часа пред завршетокот на преговорите на кој треба да се усвои план што ќе го замени протоколот од Кјото кој има важност до 2012 година.„Конференцијата не може да се состои во последователни дебати кои никаде не завршуваат. Тука сме на конференција за глобалното затоплување и мораме да донесеме решение“, истакна Саркози.Тој побара уште вечерва да се организира средба на која ќе се одржат сериозни разговори кои ќе резултираат со конечен текст што ќе биде прифатлив за сите земји учеснички на конференцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Руски политичар застрелан додека излегувал од кафуле

Рускиот политичар Николај Онишченко, началник на областа Завјаловски во регионот Алтај во централен Сибир, е убиен додека излегувал од кафуле. Истражниот комитет поведе кривична постапка, изјавија за новинарите руските истражни органи.
Од одделението додаваат дека во селото Завјалово е уапсен локален жител поради сомнение дека сторил кривично дело.
„Обвинителот на територијата, Алтај Антон Херман, гио стави под своја контрола расветлувањето на околностите и текот на кривичната истрага. По негова наредба, теренски обвинител работи на местото на настанот“, рече Марија Антошкана, помошник-обвинител од регионот.
Онишченко е роден на 8 август 1973 година. Тој беше избран на функцијата градоначалник на областа Завјаловски на територијата Алтај во октомври 2022 година. Пред тоа Онишченко работеше за руското Министерство за внатрешни работи.
Свет
Папата ги продолжува респираторната терапија и физиотерапијата без маска

Папата Франциско продолжи да прима респираторна терапија и физиотерапија без маска земајќи кислород преку канила откога вчера претрпе две епизоди на акутна респираторна инсуфициенција, соопшти денеска Ватикан.
Како што соопшти претходно денеска Ватикан, папата, кој беше хоспитализиран поради билатерална пневмонија, спиеше цела ноќ и продолжува да мирува и денеска.
Лекарите извадиле големо количество слуз, што се насобрало во неговите бели дробови, и направиле две бронхоскопии, при што со камера извадиле течност од неговите дишни патишта.
Свет
Бафет: Царините до одреден степен се чин на војна

Американскиот милијардер, претседател и извршен директор на „Беркшир хатавеј“, изјави дека новите царини што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп за неколку земји до одреден степен се чин на војна.
„Имавме големо искуство со нив. Царините се, всушност, чин на војна, до одреден степен. Со текот на времето тие стануваат данок на стоки. И тогаш што? Тоа прашање секогаш треба да го поставувате во економијата. Секогаш велите: А што тогаш?“, рече Бафет во интервју за „Си-би-ес њуз“ одговарајќи на прашањето како царините ќе влијаат на инфлацијата. Овој 94-годишник, кого медиумите го нарекоа пророкот од Омаха, додаде дека најголемиот дел од парите со кои управува секогаш ќе биде во САД бидејќи тоа е најдоброто место. Бафет ги поддржуваше претседателските кандидати во минатото, вклучувајќи ги Барак Обама и Хилари Клинтон, но одби да ги поддржи демократите на изборите во 2024 година.
Царините од 25 отсто за Мексико и Канада, предложени од американскиот претседател Доналд Трамп, стапија во сила денеска, а во февруари САД воведоа царини од 10 отсто за стоки од Кина.
Трамп исто така најави царина од 25 отсто за целиот увоз на челик и алуминиум во САД, што треба да стапи во сила на 12 март. Тој минатиот месец рече дека ќе им наплати реципрочна тарифа на земјите што имаат такви даноци за американските стоки.
Тој исто така се закани дека ќе воведе царина од 25 отсто за земјите од Европската Унија, како и 100 отсто царина за земјите од БРИКС, доколку тие го заменат американскиот долар како своја резервна валута, пренесува „Танјуг“.