Свет
Во Јемен убиени 62 цивили
Али Салем ал Баид во петок изјавил дека 62 цивили се убиени во нападот од четвртокот во областа Абиана на југ од Јемен, кој според тамошните власти бил насочен кон тренинг камп на Ал Каеда
„Во нападите од четврток загинаа цивили, меѓу кои има многу деца, жени и старци“, стои во соопштението што во петок до новинските агенции го испратил Али Салем ал Баид, еден од јеменските лидер во егзил. Според неговите податоци биле изброени 62 жртви, меѓу кои 47 се деца и жени.Министерството за одбрана на Јемен соопшти дека во четврток биле убиени 28 а заробени 17 припадници на Ал Каеда при спречување на самоубиствени акции против странски цели во земјата.Офанзивата била насочена кон тренинг камп на Ал Каеда во регионот Абуана. Локалните функционери во четврток потврдија дека во авионските напади по грешка било погодено и село во близината, при што загинале и цивили. Според јеменските власти во овој регион кој е територија на поранешниот Јужен Јемен, последните години се распоредуваат исламистички борци, меѓу кои има и оние кои минале низ борбите во Авганистан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нов бран напади против иранските ракетни фрлачи почнаа израелските воздухопловни сили
Израелските воздухопловни сили спроведуваат нов бран воздушни напади против иранските балистички ракетни фрлачи, соопшти ИДФ.
– Воздухопловните сили почнаа операција и во моментов ги напаѓаат ракетните фрлачи во Иран за да ги отстранат заканите за државата Израел – се вели во соопштението на војската што го пренесе Тајмс оф Израел.
Свет
ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран
Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна на Техеран.
Седницата, која треба да почне во 16 часот (21:00 по Гринич), ќе биде посветена на „ситуацијата на Блискиот Исток“, соопштија Обединетите нации.
Средбата беше побарана од Франција и Бахреин, според израелската делегација во светската организација.
Свет
Ирански вооружени сили порачаа дека САД и Израел ќе добијат невидена лекција
Портпаролот на иранските вооружени сили Аболфазл Шекарчи денеска изјави дека Иран на САД и Израел ќе им одржи лекција „каква што никогаш во историјата не доживеале“.
По утринските напади на САД и Израел врз Иран, Шекарчи рече дека иранските вооружени сили веднаш реагирале и покренале ракетни напади на секоја локација која била во служба на американската и израелската војска, пренесува агенцијата Тасним.
„Со божја помош, ќе им одржиме лекција на САД и Израел каква што не доживеале во својата историја. Израелските бази веќе се соочија со проблеми и Иран подоцна ќе им удри уште поостар шамар“, предупреди воениот функционер.
Тој го повика иранскиот народ да не се грижи, да ги игнорира гласините и да ги следи официјалните вести преку националните медиуми.

