Свет
Две лица убиени во напад на бомбаш-самоубиец во Пакистан
Бомбаш-самоубиец активирал експлозив пред прес-клуб во северозападниoт град Пешавар во вторник, при што загинаа две лица, пренесе Associated Press
Полицаец се обидел да претресе човек кој сакал да влезе во објектот при што тој го активирал експлозивот што го носел на себе. Во експлозијата загинале офицерот и еден службеник, потврдил началникот на полицијата во Пешавар, Лиакват Али Кан.Според болнички извори, биле донесени три тела, од кои едното му припаѓало на жена којашто била на местото на нападот а починала од срцев удар.Други седумнаесет лица биле повредени во нападот, од кои повеќето патници во автобус кој во тоа време минувал пред прес-клуб .Прес-клубот пред кој е извршен нападот е позната локација во која се собираат многу новинари и странски дописници, пренесува AP. Во Пршавар изминатите два месеца се случија најмалку седум крвави напади, како одмазда на бунтовниците за офанзивата што ја презема пакистанската армија од средината на октомври, против упоришата на исламистичките милитанти во пкраината Јужен Вазиристан, во близината на авганистанската граница. Само во еден од тие напади на фреквентен пазар во Пешавар кон крајот на октомври загинаа 112 луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Фото) Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати
Украина пријави нов руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура во текот на ноќта, во кој едно лице загина, а неколку региони останаа без струја. На пат кон освојување на важниот логистички центар Покровск на исток, руската војска ги интензивира и воздушните напади врз гасните и енергетските постројки низ цела Украина, зголемувајќи ги стравувањата од сурова зима за цивилите со падот на температурите.
„Непријателот повторно започнува масовен напад врз енергетската инфраструктура на Украина. Затоа се воведени вонредни прекини на електричната енергија во голем број региони“, изјави министерката за енергетика Свитлана Гринчук на Фејсбук.
🤬 Russians massively attacked Dnipro and its suburbs with kamikaze drones. One of the drones punched through a residential block, collapsing several floors.
Eyewitnesses have shared photos of the aftermath. pic.twitter.com/6vIC0HsbYY
— Denys from Kharkiv (@GlushkoDenys) November 7, 2025
Свет
Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови
Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови во текот на ноќта, соопшти руското Министерство за одбрана.
– Во текот на изминатата ноќ, силите на воздушната одбрана на должност пресретнаа и уништија 79 украински беспилотни летала од авионски тип. Вкупно 36 беа над територијата на Ростовскиот регион, 10 над територијата на Брјанскиот регион, 9 над територијата на Курскиот регион, се вели во соопштението на министерството.
Свет
САД ги укинаа санкциите против сирискиот претседател
САД денес ги укинаа санкциите врз сирискиот претседател Ахмед ал-Шариа, само неколку дена пред неговата средба со американскиот претседател Доналд Трамп.
Според белешката на веб-страницата на американското Министерство за финансии, САД ги отстранија ознаките за глобални терористи од ал-Шариа и сирискиот министер за внатрешни работи Анас Хатаб. Велика Британија, исто така, денес ги укина санкциите врз сирискиот претседател, еден ден откако Советот за безбедност на ОН го стори истото.
Портпаролот на Европската унија денес изјави дека одлуката на ОН ќе влијае и врз мерките на ЕУ. Ал-Шариа и Хатаб претходно беа под финансиски санкции кои беа насочени кон Исламска држава и Ал Каеда.
фотo: принтскрин

