Свет
Мексико Сити дозволи геј бракови
Мексико Сити стана првиот главен град во католичката Латинска Америка кој дозволи хомосексуални бракови во понеделникот, кога градските власти го одобрија законот за комплетни брачни права за геј паровите, објави Ројтерс
Оваа легислација оди за чекор понатаму од онаа во 2006 година кога градските власти ја одобрија „граѓанската заедница“ за хомосексуалните парови со што им беа дадени еднакви фамилијарно социјални бенефиции и безбедносни мерки како и на хетеросексуалните двојки. Во последна минута, лево ориентираните пратеници во собранието на градот ја победи конзервативната опозиција и дозволи на геј паровите да им се дозволи брак и посвојување на деца.Активистите во собранието експлодираа во радост. Некои од геј мажите и жените се гушкаа, разменија бакнежи и го вееја знамето со виножитото кое ги симболизира геј правата.„Ставивме крај на сегрегацијата и стигматизацијата на еден цел сектор во општеството, со што им дадовме еднакви брачни права,“ изјави за Ројтерс, Дејвид Разу, легислатор од лево ориентираната Социјално Демократсkа Партија, која го промовираше законот.Законот сега треба да биде потпишан од градоначалникот на Мексико Сити, Марчело Ебрард, кој подржал и други прогресивни мерки како легализацијата на абортусот во некои случаи. Хомосексуалноста, затскриена во поголемиот дел од земјата, „излезе од плакарот“ во Мексико Сити каде геј и лезбејската населба е преполна со геј барови и парови кои јавно ја изразуваат својата ориентација, иако дискриминацијата е се’ уште присутна.Конзервативните пратеници гласаа против законот и локалните црковни лидери најверојатно ќе пробаат да го притиснат Ебрард да постави вето на законот. Католичката црква на Мексико изјави дека легализирањето на геј бракот е неморално и ќе уништи фамилии. „ Препознавањето на хомосексуалните заедници како бракови оди против јавното добро и емоционалниот развој на нашите деца,“ изјави Џовани Гуитерез од Националната Партија за Акција.Мексико Сити се придружи на неколкуте градови во Америка и Европа кои го направија овој чекор. Аргентина стана првата држава во Латинска Америка која ги дозволи „граѓанските заедници“ за двојките од ист пол, низ земјата во 2002 година. Соседниот Уругвај исто така ги одобри геј „граѓанските заедници“ и стана првата земја која во Латинска Америка им одобри на геј паровите да посвојуваат деца.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

