Свет
Убиено едно лице во напад на православна црква во Сирија
Во близина на сириската православна црква „Свети Тома“ во ирачкиот град Мосул е убиен случаен минувач, а шестмина се ранети, потврдила сириската полиција, јави France Presse
Како што известува сириската полиција, во регионот на Мосул се’ уште се активни сунитските бунтовници кои сакаат да ја дестабилизираат ирачката власт.„Околу 11 часот (по локално време – з.н.), експлодирал камионет за превезување брашно паркиран пред сириската православна црвка ’Свети Тома’ во мосулскиот кварт Ас-Саа, предизвикувајќи и матерјална штета“, изјавил очевидецот Харис Паиулос за агенцијата.Како што пренесуваат ирачките медиуми, ова е петти напад врз црква во Мосул за помалку од еден месец. Ирачките војници се во зголемена борбена подготвеност поради заканите упшатени кон христијаните во поголемите градови во државата пред претстојните Божикни празници, минатиот петок соопшти портпаролот на ирачката армија, генералот Мохамед ал-Аскари. <!– /* Style Definitions */ p.MsoNormal, li.MsoNormal, div.MsoNormal {mso-style-parent:””; margin:0cm; margin-bottom:.0001pt; mso-pagination:widow-orphan; font-size:12.0pt; font-family:”Times New Roman”; mso-fareast-font-family:”Times New Roman”;} span.longtext {mso-style-name:long_text;} @page Section1 {size:612.0pt 792.0pt; margin:72.0pt 90.0pt 72.0pt 90.0pt; mso-header-margin:36.0pt; mso-footer-margin:36.0pt; mso-paper-source:0;} div.Section1 {page:Section1;} –> Христијаните се често напаѓани иако голем број го напуштија Ирак по американската инвазија од 2003 г.Христијански цркви, свештеници и бизниси се напаѓани од страна на исламистичктие милитанти кои ги обвинуваат ирачките христијани за проа-американизам.Телото на Паулос Рахо, Калдеанскиот католички надбискуп на Мосул, беше пронајдено во март 2008 г., откако претходно беше киднапиран од страна на вооружени лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Подготвен сум да го обновам конзервативниот сојуз со Орбан
Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека е подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Во видео пораката Трамп изјави дека со нетрпение очекува блиска соработка со Орбан кога, како што наведе, повторно ќе положи заклетва како 47-ми претседател на САД, пренесе АП.
Во својата порака Трамп го нарече Орбан голем човек и истакна дека додека бил претседател на САД, работел со него на подобрување на вредностите и интересите на САД и Унгарија.
Свет
Блинкен пристигнува во Израел, седми пат од почетокот на војната
Американскиот државен секретар во вторник ќе го посети Израел, седми пат по нападот на палестински Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и војната што следеше со израелскиот одговор во Појасот Газа.
Јавниот сервис Кан објави дека Блинкен ќе дојде во Израел за да разговара за најавената операција на израелската армија во Рафах, како и за напорите да се обезбеди пауза во борбите и да се ослободат повеќе од 100 заложници кои ги држеше Хамас.
Блинкен моментално е во посета на Кина.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.