Свет
Жена го бутнала Папата на Полноќната божикна миса
При полноќната процесија во Ватикан, жена скокнала се обидела да ја прескокне заштитната ограда, при што Бенедикт XVI изгубил рамнотежа. Според Ватикан, истата жена и минатата година го направила истиот инцидент
Папата во четврток навечер ја предводеше Божикната миса која почнува традиционално со полноќата, која оваа година почна два часа порано, забележуваат италијанските медиуми. Вообичаено во базиликата „Свети Петар“ во Рим се собраа илјадници луѓе кога папата Бенедикт XVI почнал да ја предводи процесијата, а уште повеќе десетина илјади ја следеле преку огромен екран поставен на истоимениот плоштад.Во текот на процесијата една жена се обидела да ја прескокне оградата која го обезбедувала просторот во центарот на црквата во кој богослужбата ја извршуваат Папата и кардиналите, Притоа Папата ја изгубил рамнотежата, но набрзо се подигнал, извести италијанската агенција Ansa.Во метежот што настанал паднал и францускиот кардинал Роже Етшегареи, кој бил однесен во болница на преглед. Женета чие име не е соопштено, но според медиумите е 25-годишната Сузана Мајоло, била приведена во полицијата, јавува Ansa, а според нејзините информации станува збор за психички нестабилна личност. Таа била приведен од ватиканската стража, позната како Швајцарска гарда.Официјален Ватикан претходно ги отфрли шпекуалциите дека поместувањето на полноќната богослужба за 22 часот е заради нарушеното здравје на 82-годишниот Папа.Според портпаролот на Светата столица, Фредерико Ломбарди, поместувањето на сатницата е „поради други божикни обврски на Папата“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

