Свет
Американските војници во Ирак може да останат бремени

Се разбира станува збор за женските припаднички на американската армија, за кои се укинува забраната за забременувања, јави во петок попладне CNN
Американската армија се откажа од контроверзната забрана со која нејзините припаднички можат да бидат казнети доколку останат бремени за време на служењето во Ирак. Со овој пропи се казнуваше и таткото на детето, доколку исто така е војник. На оние што ќе го прекршеа ова правило им се закануваше дури и Воен суд. Оваа одлука во петок ја соопштил портпаролот на американските сили во Ирак, Џо Скрока, кој додал дека секој командант пред да го воведе новото правило во својата единица ќе мора да добие одобрение за тоа од началникот на американските војски во Ирак.Забраната не се применуваше на сите војници, туку само за 22-те илјади американски војници стационирани на север во оваа земја, меѓу кои 1.682 се жени, со кои командува Ентони Кукола. Тој го воведе ова правило со оправдување дека „војниците мора да размислуваат пред да дејствуваат“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Путин: Време е традиционалните вредности да се вратат на меѓународната агенда

Русија ги поддржува иницијативите на кинескиот лидер Шји Џјинпинг во однос на глобалното управување и е заинтересирана да започне конкретно разгледување на предлозите на Кина, изјави рускиот претседател Владимир Путин на состанокот на ШОС+ во Тјенџин.
„Секако, многу внимателно слушавме сè што предложи претседателот Џјинпинг во врска со создавањето нов, поефикасен и пофункционален систем на глобално управување. Ова е особено релевантно во ситуација кога одредени земји сè уште не се откажуваат од својата желба за диктатура во меѓународните односи. Русија ја поддржува иницијативата на претседателот Шји и е подготвена да премине на конкретно разгледување на предлозите на нашите кинески пријатели“, подвлече Путин.
На самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС), Џјинпинг презентираше иницијатива за „глобално управување“, со цел создавање пофер светски поредок заедно со други земји.
Путин оцени дека Шангајската организација за соработка може да стане водечка сила во создавањето пофер систем на глобално управување.
„Мислам дека ШОС би можел да преземе водечка улога во напорите за изградба на пофер и порамноправен систем на глобално управување, заснован на приматот на меѓународното право и клучните одредби од Повелбата на ОН. Тој систем би бил навистина избалансиран, би ги земал предвид интересите на најширокиот спектар на земји и би гарантирал услови за нивен одржлив развој и безбедност“, рече Путин, пренесува RT.
Дополнително, рускиот шеф на државата нагласи дека и покрај тешкотиите во глобалната економија, колективниот БДП на земјите-членки на ШОС расте побрзо од светскиот просек.
„Индикативно е дека во контекст на континуирани тешкотии во глобалната економија, вкупниот БДП на земјите од ШОС во 2024 година се зголемил за повеќе од 5 проценти во просек, што е повисоко од глобалното ниво. Индустриското производство се зголемило за 4,6 проценти“, нагласи тој, додавајќи дека трговско-економската, инвестициската и финансиската соработка енергично се развива во рамките на ШОС.
Тој додаде дека сè повеќе земји се обидуваат да соработуваат со Шангајската организација за соработка, а искрениот интерес и вниманието на светската заедница кон оваа организација продолжува да расте.
„Искрениот интерес и вниманието на светската заедница кон сеопфатните активности на ШОС продолжуваат да растат. Сè повеќе земји се стремат кон отворен и рамноправен дијалог со нашата организација“, истакна рускиот лидер.
Фото: принтскрин
Свет
Фицо: Се гради нов светски поредок

Словачкиот премиер Роберт Фицо ќе одржи билатерални средби со кинескиот претседател Кси Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин на одбележувањето на годишнината за Втората светска војна во Пекинг оваа недела.
Потоа, тој ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски во источна Словачка во петок, се вели во соопштението. Фицо ќе биде единствениот лидер на земја-членка на Европската Унија што ќе присуствува на церемонијата во Пекинг. Таму ќе бидат и лидерите на Северна Кореја, Иран и Мјанмар.
„Ја почитувам секоја жртва на борбата против фашизмот, поради што претходно стоев со почит пред спомениците во Москва, Нормандија и Вашингтон“, рече Фицо.
„Лично жалам, и признавам дека не разбирам зошто, од земјите-членки на ЕУ, само Словачка ќе биде присутна во Пекинг. Се гради нов светски поредок, нови правила на мултиполарен свет, нова рамнотежа на моќ, што е исклучително важно за стабилноста на светот“, рече тој.
фото: принтскрин
Свет
Мадуро: Поради Америка, се соочуваме со закана каква што не сме виделе 100 години

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро ги обвини САД дека го загрозуваат суверенитетот на неговата земја со распоредување воени бродови во Карипското Море. Тој тврди дека американските сили во регионот имаат „1.200 ракети“ насочени кон Венецуела.
Мадуро ја даде изјавата на прес-конференција во Каракас, пред министрите и военото раководство. „Венецуела се соочува со најголемата закана што нашиот континент ја видел во последните 100 години“, рече Мадуро. „Оваа ситуација никогаш порано не е видена“, додаде тој.
Вашингтон го објаснува распоредувањето бродови како дел од операцијата против трговијата со дрога. Морнарицата и крајбрежната стража на САД долго време имаат присуство во јужниот дел на Карибите, но овој пат распоредија значително поголем број бродови од вообичаеното.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го обвини Мадуро дека раководи со нарко-картел и неодамна ја дуплираше наградата за негово апсење на 50 милиони долари (42,7 милиони евра).
фото: принтскрин