Свет
Ниегериецот не бил сам во обидот да го разнесе авионот над Детроит?!
Против нигерискиот државјанин кој во петокот навечер се обиде да направи експлозивна направа и да го урне патничкиот авион со околу 290 патници и членови на екипажот, во саботата навечер е подигнато обвинение, соопшти американското министерство за правда
Умар Фрук Абдулмуталаб е обвинет за активирање експлозивна направа на летот на 253 од Амстердам за Детроит, кога авионот се приближувал до аеродромот. Амриканскиот државен обвинител Ерик Холдер изјавил дека постои можност и фруги лица да се вмешани во заговорот, имајќи ги предвид податоците дека давесет и тргигодишниот нигериски државјанин директно соработува или е поврзан со лица од Ал Каеда, пренесе Reuters. „Ја продолжуваме истрагата и ќе ги употребиме сите расположливи средства за да дојдеме до одговорните за овој обид за напад во кој, доколку успееше, ќе имавме многу убиени и ранети невини луѓе, изјавил Холдер.Умар Фарук е син на угледен поранешен банкар од Нигерија и студирал инженерство во Лондон. Неговиот брат одбил да даде коментар за Reuters, најавувајќи дека во текот на денот семејството ќе издаде официјално соопштение. Се очекува во недела тоа да го стори и нигериската влада, откако вчера претседателот им нареди на разузнавачките служби да спроведат итна истрага за поврзаноста Муталаб со терористички групи.Американски владини функционери за Associated Press изјавиле дека таткото на обвиентиот Абдулмуталаб претходно ја предупредил американската амбасада во Абуџа дека неговиот син најверојатно е поврзан со терористички групи. Абдул Фарук Абдумуталаб пред четири седници бил споменуван во разузнавачки информации за поврзаност со Ал Каеда и групи во Јемен.Меѓутоа според еден конгресмен кој анонимно зборувал за CNN, овие информации не биле доволни да му биде забранет влезот во САД. Фарук ја добил визата во јуни 2008 г. и таа важела до јуни 2010-та.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Лукашенко го разреши началникот на Генералштабот на вооружените сили на Белорусија
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко го потпиша указот за разрешување на началникот на Генералштабот на вооружените сили Виктор Гулевич.
„Генерал-мајор Виктор Гулевич беше разрешен од должноста началник на Генералштабот на вооружените сили, прв заменик министер за одбрана. Соодветната уредба 192 беше потпишана од претседателот“, се наведува во соопштението и се додава дека Гулевич е разрешен од служењето на војската поради неговата возраст, но дека го задржува правото да носи воена униформа, пренесува Известија.
Претходно Лукашенко го критикуваше воено-индустрискиот комплекс (МИЦ) за, како што рече, лошите резултати.
Регион
Србија испраќа хуманитарна помош за Палестинците: Денеска и утре летаат авиони со стока наменета за загрозените во Појасот Газа
Владата на Србија соопшти дека го усвоила Заклучокот за испраќање хуманитарна помош во стока за Палестина, како форма на помош за ранливото население поради критичната хуманитарна ситуација во Појасот Газа.
Хуманитарната помош се дава во вид на храна, вода, медицинска опрема, како и шатори за сместување на семејствата, а вкупната вредност на робата е близу три милиони евра, со тежина од околу 900 тони.
Едниот авион денеска ќе ја земе помошта, а другиот утре, се наведува во соопштението и се додава дека „никој не може да процени“ кога оваа стока ќе стигне до жителите на Газа, со оглед на сложеноста на ситуацијата. Остатокот од хуманитарната помош во неколку наврати ќе биде транспортиран со бродови.
Владата се согласи со предлогот на Министерството за надворешни работи да одговори на повикот на специјализираната агенција на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО) за обезбедување финансиска поддршка на Програмата за итна помош на Газа, со уплата на средства во износ од 10.000 евра.
Регион
Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци кои го испрашуваа Драгијевиќ
Смртта на Далибор Драгијевиќ, братот на осомничениот за убиството на девојчето Данка Илиќ (2) со недели е во фокусот на јавноста бидејќи обдукцијата покажала дека тој починал од насилна смрт додека бил во полициски притвор. Целиот случај со насилна смрт го истражува Секторот за внатрешна контрола (СУК), кој, според неофицијалните информации побарал суспензија на тројцата полицајци кои кобниот ден го испрашувале Драгијевиќ во станица.
Откако на 1 мај Одделот за внатрешна контрола изврши увид во полицијата во Бор, а со цел да се утврдат околностите под кои почина Драгијевиќ на 7 април, надлежните од СУК и предложија на надлежната организациска единица на Управата на полицијата да се спроведе дисциплинска постапка поведена против тројца членови на Одделението за криминалистички истраги на ЈУ Бор – Д.Б, И.С и Д.П, како и да донесе решение за времено отстранување од служба.
Според неофицијалните информации Далибор Драгијевиќ бил малтретиран од полицијата од моментот кога бил приведен поради сомнение дека му помогнал на својот брат да го скрие телото на Данка.
Во текот на денот бил претепан од одредени припадници на полицијата, додека го носеле на различни локации за да им покаже каде е телото на двегодишното девојче, за што тврдел дека не знае.