Свет
Во Детроит требало да експлодира силен воен експлозив
Неигериецот кој е обвинет за обид да аkтивира бомба во американскиот авион над Деторит, користел многу силен воен експлозив PETN, пишува во понеделник наутро The Washington Post повикувајќи се на антитерористички извори
Изворите на весникот наведуваат дека при обидот за бомбашки напад од старна на 23-годишниот Умар Фарук Абдулмуталаб од 25-ти декември, тој сакал да детонира неколку грама од ескплозивот пантаеритритол. Тој употребил иста тактика како и бомбашите соамоубјци, а била докажана и негова поврзаност со јеменскиот огранок на Ал Каеда.Експлозивот се смета за новото оружје на Ал Каеда. Имено, во август годинава, Абдулах Хасан Таил Асири, се обиде да го убие припадникот на кралското саудиско семејство, исто така користејќи го PETN-от.Како што пишува весникот, и Асири во Саудиска Арабија дошол од Јемен и минал низ две безбедносни проверки пред да се разнесе само на еден метар од Мухамед бин Наџаф, кој ги води антитерористичките активности во Саудиска Арабија а во нападот мина со многу лесни повреди. The Washington Post пишува дека Абдулмуталаб потекнува од семејство на поранешен нигеријски банкар, многу богато со луксузни куќи во Лондон и Лагос. Него го опишале како сериозен и вреден млад човек, кој заршил инженерски стурдии во Лондон, а во Дубаи дошол на постдипломски студии. Во Лагос, Фарук го добил прекарот Алфа, шро е локално име за муслиманските имами. Според републиканскиот конгресмен Питер Хоекстер од Комисјата за националан безбедност, Абдулмуталаб бил регистриран како лице кое има врски со Ал Каеда, но не повеќе од неколку месеци. Се претпоставува дека тој одржувал близок контакт со антиамериканскиот имам Анвар ал Авлаки во Јемен, кој порано водел џамија во Сан Диего во Калифорнија и во Фалис Ч’рч, во близина на Вашингтон. Овој имам е доведуван во врска и со мајорот Нидал Хасан, американскиот воен психијатар кој во ноември уби 13, а рани 31 воини во најголемиот воен комплекс на територијата на САД, базата Форт Худ во Тексас,
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нов инцидент во Полска: дрон падна во близина на воена база
Нов инцидент поврзан со беспилотно летало е регистриран денес во Полска. Како што објавија локалните власти, мал дрон паднал во областа на воена база во централна Полска. Комерцијално достапен модел се урна во Лоѓ откако се заплетка во дрво.
Според информациите од воената полиција, не е регистрирана никаква штета. Властите брзо го идентификуваа и приведоа осомничениот оператор, 22-годишен полски државјанин, и го обвинија за кршење на прописите за воздухопловство. Имено, управувањето со беспилотни летала во близина на воен објект може да резултира со затворска казна до пет години, а истрагата е во тек. Сличен инцидент се случи на 28 јануари кога мал дрон падна врз воена база во Пжасниш, според „Киев Индепендент“.
Претходните видувања на беспилотни летала во неколку европски земји предизвикаа прекини во воздушниот сообраќај, додека стравувањата од ескалација на руската хибридна војна растат. Полска, членка на НАТО, е во состојба на висока готовност од септември кога неколку руски беспилотни летала беа соборени над нејзина територија за време на напад врз Украина.
Инцидентот следеше по нарушувањата на воздушниот простор на балтичките сојузници на НАТО од страна на руски борбени авиони, како и по сомнителните видувања на беспилотни летала над европските аеродроми и други стратешки цели. Некои западни лидери повикаа на порешителен и покоординиран одговор, вклучително и соборување на беспилотните летала кога е потребно.
Свет
(Видео) Обилни дождови, силни ветрови, Португалија е во најголем ризик од поплави поради бурата „Марта“
Националниот командант на Цивилната заштита на Португалија, Марио Силвестре, денес предупреди на опасноста од обилни дождови и силни ветрови предизвикани од бурата „Марта“ во текот на претстојната ноќ, а највисокото ниво на тревога ќе остане на сила до сабота поради ризикот од поплавување на неколку реки.
Според португалскиот „Диарио де Нотисијас“, главната загриженост се однесува на реките Дуро, Мондего и Тахо, поради влијанието на шпанските брани и високите нивоа на водата.
Storm Marta is on its way
The sky over Portugal didn't change today, with heavy clouds, as Storm Marta is expected tomorrow. Bringing strong winds, persistent rain and rough seas. Stay updated with the weather forecast here: https://t.co/urjPWjI1Fc#theportugalnews #portugal pic.twitter.com/N4IiiAJbLM
— The Portugal News (@theportugalnews) February 6, 2026
„Нè очекуваат обилни врнежи од дожд и налети на ветер до 100 км/ч. Поради заситеноста на земјиштето и оштетената инфраструктура, потребно е да се биде внимателен за да нема дополнителни проблеми и жртви“, рече Силвестре.
Фото: ЕПА
Свет
Песков ги повика Русите да не ги игнорираат Олимписките игри
Прес-секретарот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изјави дека настапите на руските спортисти на Олимписките игри се задолжителни. Според РИА Новости, тој ќе ги гледа и церемониите на отворање и затворање.
„Дефинитивно ќе бидам таму каде што настапуваат нашите момци. Ќе бидам таму на отворањето и затворањето. Тоа мора да се види“, рече Песков.
На Зимските олимписки игри 2026 година ќе бидат доделени 116 медали во 16 спортови. Меѓу руските спортисти на кои им е дозволено да се натпреваруваат како неутрални се уметничкото лизгање Аделија Петросјан и Петр Гуменик, скијачот Никита Филипов и брзите лизгачи на кратки патеки Иван Посашков и Алена Крилова.
Фото: ЕПА

