Свет
Русија се заканува со прекин на испорака на нафта за Нова година
Братислава соопштува дека Русија ја предупредила Европската унија дека од Нова година може да ја прекине испораката на нафта за Словачка, Чешка и Унгарија
Словачката влада вели дека предупредувањето најверојатно доаѓа од спорот помеѓу Москва и Киев околу транзит на нафтата преку украинска територија.Официјално лице од ЕУ вели дека Брисел ја прати ситуацијата, но нема причина за загриженост, бидејќи загрозените земји засега имаат доволно резерви на нафта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Полицијата уби маж само неколку дена откако Трамп го помилува
Maж од американската сојузна држава Индијана беше запрен и убиен од полицијата, само неколку дена откако претседателот Доналд Трамп го помилува за прекршок поврзан со нападот во Капитол во 2021 година, објави „Си-Ен-Ен“.
Четириесет и двегодишниот Метју Хатл од Хобарт Сити бил застрелан и убиен од полицаец во неделата, соопштија властите.
Државната полиција го истражува инцидентот и рече дека полицаецот се обидел да го уапси Хатл кога „избила расправија меѓу осомничениот и полицаецот, што довело до тоа што полицаецот го употребил оружјето и фатално го ранил осомничениот“.
„Истрагата, исто така, укажува дека при застанувањето (на неговото возило), осомничениот носел огнено оружје“, додаде државната полиција.
Не беа објавени други детали, а властите не кажаа што ја поттикнало сообраќајната контрола. Хатл беше осуден на шест месеци затвор во 2023 година, откако се изјасни за виновен за влез во Капитол без дозвола.
Тој отпатува во Вашингтон со неговиот вујко за да присуствува на митинг за поддршка на Трамп на 6 јануари 2021 година.
Европа
Роман Абрамович затаил милиони евра данок, користел шема за измама со изнајмување јахти
Роман Абрамович, рускиот милијардер и поранешен сопственик на лондонскиот фудбалски клуб Челзи, наводно избегнал да плати милиони даноци користејќи шема за измама со изнајмување луксузни јахти. Истрагите покажаа дека неговите суперјахти формално биле достапни за изнајмување преку мрежа на офшор компании, додека во реалноста биле користени исклучиво за лични потреби, јавува Би-би-си.
Шемата функционираше така што јахтите беа регистрирани на правни лица во даночните оази, што му овозможи на Абрамович да избегне плаќање данок на луксуз. Според достапните информации, овој систем му овозможил да избегне плаќање на даночни обврски од милиони евра, што го привлече вниманието на регулаторните тела и даночните власти ширум светот. Во моментов, италијанските обвинители отворија постапка против Абрамович.
На пример, Eclipse, една од најголемите приватни јахти во светот, е регистрирана во земја со поволни даночни закони. Офшор компаниите кои формално управуваа со јахтите ги претставија како комерцијални имоти достапни за изнајмување, што законски го оправда избегнувањето плаќање данок на луксузен имот.
Абрамович е под санкции поради неговите врски со Кремљ, а оттогаш неговите деловни аквизиции се намалуваат. Тој целосно се повлече од светот на фудбалот. Минатата година купи недвижен имот во Истанбул, па дури се зборуваше дека сака да вложи пари во екипа од Турција, но тоа на крајот не се случи. Атлетик пишува дека Абрамович живее меѓу Сочи, Истанбул и Тел Авив и дека понекогаш патува во Дубаи, но повеќе не доаѓа во Англија.
Регион
Лага е дека Албанија разговара со Трамп за преземање на 100.000 палестинци од Газа, тврди Еди Рама
Албанскиот премиер Еди Рама го демантираше извештајот на израелската телевизија Канал 12 во кој се тврди дека неговата влада преговара со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за да прими околу 100.000 Палестинци од Газа.
„Одамна не сум слушнал нешто толку лажно, а во последно време има многу лажни вести! Апсолутно не е точно“, објави Рама на социјалната мрежа „Икс“.
Изразувајќи целосна почит и солидарност со граѓаните на Газа, Еди Рама рече дека Албанија не била повикана ниту можела да размислува да преземе таква одговорност.
„Горди сме на нашето цврсто пријателство со Израел, ОАЕ, Саудиска Арабија, Катар, Кувајт и секако со палестинскиот народ, чија држава Албанија одамна ја призна“, рече албанскиот премиер.
Истакнувајќи дека Албанија не е на Блискиот Исток, тој рече дека земјата „не може да направи повеќе од срцето на Европа од која било друга европска земја“.
„Сепак, посакуваме и се молиме на палестинскиот народ да му се даде можност да живее во сопствена држава, како слободни луѓе под демократска власт“, заклучи Рама.
Израелскиот Канал 12 објави дека Израел верува дека повикот на американскиот претседател Доналд Трамп до Јордан и Египет да прифатат палестински бегалци е нереален и дека Вашингтон соодветно бара други домаќини, како што е Албанија. „Ен-Би-Си Њуз“ објави претходно овој месец дека САД ја разгледуваат и Индонезија како место за прифаќање на Палестинците од Појасот Газа.
Трамп го даде својот контроверзен предлог во саботата, сугерирајќи дека е време да се исчисти Појасот Газа и да се преселат Палестинците во Јордан и Египет. Палестинските, јорданските и египетските власти категорично го отфрлија предлогот на Трамп.
Арапската лига, Словенија, Германија, Обединетото Кралство и Шпанија исто така го отфрлија контроверзниот предлог на Трамп и порачаа дека Палестинците имаат право да се вратат и дека сите обиди за нивно протерување од нивната територија пропаднале.