Свет
Убиени 76 новинари во 2009 година
Оваа година беа убиени 76 новинари, а во споредба со претходната година кога беа убиени 60 новинари, 2009 година слободно може да се смета за „црна“ година во однос на слободата на изразувањето и информираноста, соопшти организацијата Репортери без граници
Годинава, исто така, зголемен е и бројот на киднапирани новинари. Околу 1.456 се жртви на закани и физичко малтретирање, додека минатата година имаше 929 закани .
„Сметам дека новинарите кои работат во Иран и Шри Ланка се најзагрозени“, истакна генералниот секретар на Репортери без граници Жан Франсоа Жилјар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трудо за одговорот на царините на Трамп: Ништо не е исклучено
Канада ќе ги разгледа сите можни опции, вклучително и контратарифи, доколку новиот американски претседател Доналд Трамп не се откаже од заканите за воведување царини од 25 отсто на канадскиот увоз, изјави синоќа премиерот Џастин Трудо.
Најавите на Трамп претставуваат голем удар за канадската економија, имајќи предвид дека Канада извезува три четвртини од своите стоки и услуги на американскиот пазар.
„Ништо не е надвор од масата ако САД продолжат да се закануваат со царините“, рече Трудо по состанокот со премиерите на сојузните покраини на кој стануваше збор за можните одговори на тарифите доколку се појават.
Трудо не сакаше да открие детали бидејќи се уште не е познато што точно планира Трамп.
„Го поддржувам принципот на пропорционалност, со други зборови, долар за долар“, рече тој.
Трамп најави дека сака да воведе царини за да го принуди својот северен сосед да ги заостри граничните контроли и на тој начин да го запре протокот на мигранти, како и шверцот на синтетичката дрога фентанил. Но, таквиот потег би го прекршил договорот за слободна трговија.
Свет
(Видео) Бајден одржа проштален говор, предупреди за „создавање опасна олигархија“
Американскиот претседател во заминување Џо Бајден во својот проштален говор предупреди за „опасна олигархија што се појавува во Америка“. Со своето последно обраќање до јавноста, тој стави крај на повеќедецениската кариера во политиката.
„Денес во Америка се создава олигархија на екстремно богатство, моќ и влијание што навистина ја загрозува целата наша демократија, нашите основни права и слободи“, рече Бајден (82), додавајќи дека „ултра богатиот технолошко-индустриски комплекс“ може имаат неконтролирана моќ над Американците.
Во своето последно обраќање од Белата куќа, тој предупреди и за климатските промени и дезинформациите што се шират на социјалните мрежи.
Говорејќи од Овалната соба, тој ги пофали достигнувањата на неговата администрација, наведувајќи ги отворањето работни места, трошењето за инфраструктура, здравството, извлекувањето на земјата од пандемијата и правењето на САД побезбедна земја.
Тој, сепак, додаде дека „ќе биде потребно време за да се почувствува целосното влијание на сето она што го направивме заедно, но семето е засадено, тие ќе растат и ќе цветаат во следните децении“. Бајден и посака успех на новата администрација на Доналд Трамп, но потоа издаде серија остри предупредувања, велејќи дека „сега има многу на коцка“.
За климатските промени, тој рече дека „моќните сили сакаат да го искористат своето неконтролирано влијание за да ги елиминираат чекорите што ги презедовме за справување со климатската криза за да им служи на нивните сопствени интереси – се за моќ и профит“.
Зборувајќи за дезинформации, Бајден предупреди дека „Американците се преплавени од лавина дезинформации и дезинформации, кои овозможуваат злоупотреба на моќта“.
Тој удри и на социјалните мрежи како Мета, која неодамна објави дека ќе се ослободи од независните проверувачи на факти. „Социјалните медиуми се откажуваат од проверката на фактите. Вистината се задушува со лаги кажани за моќ и профит“, рече Бајден.
И неговиот напад на ултра богатиот „технолошко-индустриски комплекс“ беше прикриено повикување на лидерите од Силиконската долина, како што е Илон Маск, најбогатиот човек во светот кој е близок со Трамп и обезбеди голема финансиска поддршка за неговата кампања.
Други технолошки шефови како Џеф Безос и Марк Цукерберг вложија напори да ги подобрат односите со Трамп пред неговото враќање во Белата куќа.
Завршувајќи го својот говор, Бајден ги повика Американците да ја „чуваат“ својата земја: „Сите вие бидете чувари на пламенот“. Неговото проштално обраќање дојде истиот ден кога го објави договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, на кој тој се осврна во воведните зборови.
Бајден рече дека преговорите биле едни од најтешките во неговата кариера и ја презеде заслугата што помогнал да се затвори договорот.
Со договорот, примирјето ќе стапи на сила на 19 јануари, ден пред Трамп да ја преземе функцијата. Новиот претседател, исто така, ја презеде заслугата за договорот, велејќи дека тоа е можно само затоа што победил на изборите во ноември.
Свет
Според Хамас прекинот на огнот и договорот за заложниците е клучна пресвртница во борбата
Хамас објави дека постигнувањето на договор за прекин на огнот во Газа и за заложниците претставува клучна пресвртница во неговата борба против непријателот.
„Договорот за запирање на агресијата врз Газа е достигнување за нашиот народ, нашиот отпор, нашата нација и слободните луѓе во светот. Тоа означува клучна пресвртница во борбата против непријателот, на патот кон постигнување на целите на нашиот народ за ослободување и враќање, се вели во соопштението на Хамас, пренесено од „Си-ен-ен“.
Хамас им се заблагодари на посредниците кои вложија големи напори да го постигнат овој договор, особено Катар и Египет.