Свет
Спектакли за пречекот на 2010-та

Во светските престолнини, старата година беше испратена со спектакуларни огномети, но за жал имаше и жертви за жаСветот и кажа збогум на 2009 година. Старата беше испратена, а новата 2010 година беше дочекана со спектакуларни огномети
Новата 2010 година први ја пречекаа граѓаните на пацифичките држави Кирибати и Тонго во 11 часот по средноевропско време, околу 13 часа пред на ЕВропејците.Островот Чатам во близина на Нов Зеланд ја пречека Новата година 15 минути подоцна во 11 часот и 15 минути по средноевропско време.Милион ипол луѓе на пречекаа Новата година на пристаништето во Сиднеј каде имаше огномет за кој се потрошени околу пет тони експлозив. На Филипините петмина загинаа, а неколку стотици луѓе се повредени поради неправилно ракување со пиротехнички направи. Јапонската престолнина Токио ја поздрави Новата година на традиционален начин со огласување на звоната во храмовите на полноќ.Во кинескиот град Шангај многумина платија по 518 јуани (75 долари) за да ја удрат камбаната на храмот Лунхуа и да си посакаат бериќет во Новата година. Половина милион луѓе ја пречекаа Новата година на улиците на Хонг Конг каде беше приреден огномет.Новата година последни ја пречекаа жителите на Њујорк, чиј број на Тајмс сквер изнесуваше еден милион. Под засилени мерки на безбедност тие присуствуваа на ритуалот кој се одбележува повеќе од 100 години, на спуштањето на кристалната топка и на испуштањето на 1.300 килограми конфети и ливчиња со желби за 2010 година.Во Латинска Америка, во Рио де Жанеиро наспроти обилните дождови и лизгањето на земјиштето кои однесоа најмалку 19 животи, два милиони луѓе се собраа на познатата четири километри долга плажа Копакабана. Облечени во бело тие танцуваа на звуците на модерна музика и на самба на новогодишната забава.Во уругвајската престолница Монтевидео во новогодишната ноќ повеќе жители според традиционалниот ритуал фрлаа балони со вода од покривите на зградите. Во престолнината на Хондурас, Тегусигалпа се изгорени четири метри фигури од дрво и хартија кои ги симболизираат проблемите со кои се соочила земјата минатата година. Европа ја дочека 2010 година и со величенствени новогодишни прослави се обиде да заборави на финансиската криза и терористичката закана.Повеќе од 200 илајди жители на Лондон се собраа на бреговите од Темза и покрај студеното време го следеа како гигантското виенско тркало ткн. „Лондонското око“, беше опкружено со огномет.Во Париз со чаши шампањ и со размена на традиционалниот француски бакнеж стотици илјади луѓе го празнуваа настапувањето на Новата година, под Ајфеловата кула на која беше изведен спектакуларен шоу со осветлувања.Во Берлин милион луѓе се собраа да ја набљудуваат традиционалната новогодишна рпослава во реонот на Бранденбуршката порта.Во Мадрид со специјално шоу звук и светлина беше одбележан почетокот на ротациското претседателство на ЕУ, кое што од денеска го презема Шпанија. Насобраните луѓе пиеја пенливо вино и ги изедоа задолжителните 12 зрна грозје, обичај, за кој се тврди дека им носи среќа на Шпанците.Во сите големи градови на Италија имаше новогодишни концерти. Празнувањата во Рим беа одбележани од мал инцидент. Гол маж прво упаднал во јаслите, кои ја претставуваа сцената на раѓање на Исус на плоштадот Свети Петар во Ватикан, а после се упати кон плоштадот Навона, каде се качи врз статуата на фонтаната, по што беше уапсен од полицијата.Венеција пак ја пресретна Новата година со мокри стапала, затоа што поради покачување на нивото на водата во Венециската лагуна, градот одново беше поплавен.Во Виена илјадници излегоа на улиците да ја одбележат Новата година, разменувајќи си фигури на прасенца од марципан, дрво, порцелан, дури и шапки во форма на прасе. Се смета дека прасето носи среќа во Новата година. Традиционално, на пладне Виена ќе ја одбележи Новата година и со концертот на Виенската филхармонија, која по вторпат ќе биде диригирана од Французинот Жорж Претр. Концертот ќе биде емитуван на телевизија во 72 држави, 45 од кои се европски.Во Руската престолнина се собрале повеќе од 120 илјади московјани, кои ја пречекале Новата година со многу снег на Црвениот плоштад. Десетици илјади излегоа и на Дворцовиот плоштад во Санкт Петербург.Во Грција, во Атина и во Солун илјадници ја празнуваа Новата година под отворено небо и на 17 степени целзиусови. Цела ноќ, традиционално, тие се посветија на игрите на среќа, предвидувајќи за кого ќе биде успешна 2010 година.Најзапаметен се покажа концертот во Варшава, кој беше во спомен на Мајкл Џексон, кој почина во јуни 2009. На манифестацијата присуствуваа 90 илајди луѓе. Таму беше и сестрата на Мајкл Џексон, Ла Тоја, како и еден од неговите најпознати имитатори. Балови на отворено имаше и во други полски градови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
67 мртви во поплавите во Тексас, загина 21 дете

Бројот на жртви од катастрофалните поплави во Тексас се искачи на најмалку 67 денес, вклучувајќи 21 дете, додека потрагата по девојчињата од летниот камп продолжува трет ден по ред.
Лари Леита, шерифот на округот Кер во регионот Тексас Хил Кантри, епицентарот на поплавите, изјави дека бројот на жртви се искачил на 59, вклучувајќи 21 дете.
Леита рече дека исчезнати се 11 девојчиња и водач на летниот камп во близина на реката Гвадалупе, која се излеа по обилните дождови во централен Тексас на Денот на независноста во петокот.
Другите жртви се од други области погодени од поплавите.
Службениците изјавија дека повеќе од 850 луѓе се спасени, вклучувајќи некои што се држеле за дрвја.
Федералната агенција за управување со вонредни состојби беше активирана денес и распореди спасувачи откако претседателот Доналд Трамп прогласи голема катастрофа, соопшти Министерството за внатрешна безбедност.
Хеликоптери и авиони на крајбрежната стража помагаат во потрагата и спасувањето, соопшти министерството.
Се очекуваат повеќе врнежи во областа во недела, а Националната метеоролошка служба издаде предупредување за ненадејни поплави за округот Кер.
Регион
Македонец меѓу загинатите во Бугарија кога автомобил управуван од 19-годишник се заби во ресторан

Деветнаесетгодишен возач со автомобилот се заби во ресторан во Разград, Бугарија, при што загинаа три лица, меѓу кои 58-годишник, државјанин на Македонија, соопшти бугарската полиција.
Несреќата се случила по полноќ на улицата Гранчарска во градот. Според првичните информации, младиот возач ја изгубил контролата врз автомобилот, што ја предизвикало тешката несреќа. Тестовите за алкохол и дрога на 19-годишниот возач биле негативни, јавуваат бугарските медиуми.
Починатите се лица на возраст од 62, 64 и 58 години, кои биле во објектот во моментот на несреќата.
Свет
Почнуваат преговорите меѓу Израел и Хамас

Катар денес ќе биде домаќин на нова рунда индиректни преговори меѓу Израел и Хамас во обид да се постигне договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Газа, изјави за АФП палестински извор запознаен со преговорите.
„Медијаторите го информираа Хамас дека новата рунда индиректни преговори меѓу Хамас и Израел ќе почне оваа недела во Доха“, рече изворот, додавајќи дека делегација на палестинското исламистичко движење, предводена од Халил ал-Хаја, веќе е во Доха.
Израелската јавна телевизија објави дека израелската делегација ќе замине за Доха во раните попладневни часови. Овие преговори ќе бидат фокусирани на условите за можен договор за прекин на огнот, особено во врска со ослободувањето на заложниците во Газа и палестинските затвореници во Израел, според истиот извор.
Исламистичкото движење побара значителни испораки на хуманитарна помош на палестинските територии, додаде изворот, како и „гаранции за траен крај на војната“.
Хамас продолжува да бара повторно отворање на преминот Рафа на границата меѓу Појасот Газа и Египет, кој Израел го контролира од мај 2024 година, за да се овозможи евакуација на ранетите.
Според палестински извори запознаени со преговорите, предлогот доставен до Хамас вклучува 60-дневно примирје за време на кое движењето би ослободило 10 живи заложници, како и неколку тела на мртви затвореници, во замена за ослободување на Палестинците што ги држи Израел.
Хамас во петокот објави дека е подготвен „веднаш да започне“ преговори за американскиот предлог за прекин на огнот и дека го проследил „својот одговор“ до катарските и египетските посредници, без да даде детали.
Канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера објави дека бил информиран за „промените што Хамас сака да ги направи во предлогот“ и дека ги смета за „неприфатливи“.
Индиректните преговори треба да продолжат пред средбата меѓу Нетанјаху и американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон.
Канцеларијата на премиерот потврди за АФП дека Нетанјаху ќе отпатува за Соединетите Држави денес околу 17:00 часот по локално време.