Свет
Даночните затајувачи се уште скриени од јавноста

Не е познато дали воопшто ќе има јавна листа на 100-те најголеми плаќачи и неплаќачи на даноци
Не е познато дали воопшто ќе има јавна листа на 100-те најголеми плаќачи и неплаќачи на даноци
НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА
Сў уште не се знае дали граѓаните воопшто ќе имаат шанси јавно да ги видат имињата на даночните затајувачи иако неодамна Управата за јавни приходи го најавуваше тоа на големи врати. Луѓето и фирмите што прикриваат данок и живеат во луксуз на штета на државата и на сите кои редовно ги намируваме сите давачки, можеби повторно ќе бидат скриени од јавноста и ќе располагаат удобно со своите пари сў додека судовите, по многу години судски постапки, не пресечат дали се виновни за даночно затајување.
Власта ветуваше дека оваа 2005 година јавноста сигурно ќе биде почестена со транспарентна листа на стоте најголеми даночни затајувачи, како и стоте најголеми и најредовни плаќачи на даноцитееи, која ќе биде достапна за увид на секого што би посакал да има таква информација. Оваа новина уште во јануари на прес-конференција ја најави лично директорката на УЈП, Петра Митева, која нагласи дека Управата ќе може да работи многу потранспарентно отколку досега, што ќе Ј биде овозможено со новите закони за управа за јавни приходи и за даночна постапка, кои се очекува да бидат донесени наскоро. †И јас би сакала повеќе да не зборуваме во ракавици за оние што ги кршат законите, туку да можеме, конечно, јавно да ги соопштимееи, тогаш беше оптимист Митева.
Но, според најновите информации, сў уште е под голем прашалник дали со новиот Закон за управа за јавни приходи, кој во моментов е во фаза на изработка, ќе се дозволи да се “симнат ракавиците” кога се зборува за оние што ја изигруваат државата.
Имено, според нашите сознанија, постојат две опции за новиот закон. Првата е тој да не содржи транспарентност во поглед на даночните плаќачи и неплаќачи, а втората варијанта, сепак, е да се дозволи нивно објавување. Во УЈП велат дека сў уште се размислува која алтернатива да се прифати. Доколку предлагачите се одлучат за нетранспарентната, тогаш оваа институција, исто како и досега, нема да смее да ги кажува имињата на компаниите или лицата што прикриваат данок сў додека за нивното дело целосно не биде завршена судската постапка. Во спротивно, тие компании ќе можат да ја тужат Управата.
Ова значи дека онака како што сега стојат работите во догледно време не можеме да се надеваме на “црна книга на затајувачи и бела книга на плаќачи”, како што се најавуваше и очекуваше.
Зошто изготвувачите на законот од Министерството за финансии се повлекуваат од идејата за поголема транспарентност, па во игра ја внесуваат сегашната ригорозна опција, се наведува една причина, а таа е дека речиси сите европски закони не содржеле таква можност за јавно прикажување на неплаќачите пред судската постапка. На пример, во Велика Британија немало шанси да се обелоденат имињата на фирмите кои биле фатени на затајување, туку само кога случајот ќе го преземело обвинителството.
Сепак, има и држави каде што законски е дозволена таква транспарентност, каков што бил случајот со Шведска. Власта сў уште не е начисто дали ќе го прифати шведскиот модел или, пак, оној на повеќето други европски држави.
експертите, за Македонија, како држава во која се смета дека даночната евазија изнесува најмалку 40 отсто, воведувањето јавно жигосување за неплаќачите би било многу добар чекор во битката против даночното затајување. Имено, ваквата јавна листа би помогнала оние што би биле пофалени за тоа што редовно плаќаат, да се почувствуваат горди и да бидат стимулирани да продолжат со таа практика, а оние што прикриваат данок и со тоа прават финансиски криминал, да се засрамат пред целата јавност, а потоа и да си ја добијат заслужената судска казна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Владата на Орбан нема да испраќа оружје за Украина

Унгарскиот шеф на дипломатијата, Петер Сијарто, во разговор за CNN ја брани одлуката на владата на Виктор Орбан да продолжи да купува руски енергенти, но и да не испраќа оружје во Украина.
Унгарскиот шеф на дипломатијата рече дека обидот за замена на руски енергенти со некои други „вклучува префрлање трошоци за унгарскиот народ“.
За одлуката да не ѝ праќаат оружје на Украина, Сијарто рече дека Унгарија „не сака да ризикува руски напад на 150.000 Унгарци кои живеат на западот на Украина“.
„За нас главна цел е да не се мешаме во оваа војна“, рече Сијарто.
Свет
Скелет од горгосаурус на аукција би можел да достигне цена од 8 милиони долари

Скелетот на диносаурусот горгосаурус ќе се најде на аукција за прв пат и се очекува да достигне цена меѓу пет и осум милиони американски долари, објави „Сотби“.
Аукциската куќа на 28 јули ќе го стави на продажба скелетот на диносаурус висок три метри и долг 6,70 метри. „Сотби“ наведува дека е еден од највредните диносауруси што некогаш се појавиле на пазарот.
Горгосаурусот талкал по земјата пред приближно 77 милиони години. Возрасен мажјак тежел околу два тона и бил малку помал од неговиот попознат роднина тираносаурус рекс.
Палеонтолозите велат дека бил пожесток и побрз од Т-Рекс, со јачина на гриз од околу 42.000 њутни, во споредба со 35.000. Скелетот е откриен во формацијата на реката Џудит во близина на Авр, Монтана, во 2018 година.
Ова е прв пат „Сотби“ да стави цел скелет од диносаурус на аукција откако го продаде T-Reкс Сју во 1997 година за 8,36 милиони долари.
Европа
Украинско обвинителство: Русите убиja најмалку 340 деца

Најмалку 340 деца се убиени во руските напади врз Украина, објавија од кабинетот на главната украинска обвинителка.
Од почетокот на војната на 24 февруари година досега се повредени 645 деца, се наведува во соопштението.
„Овие бројки не се конечни и Обвинителството работи на утврдување на точната бројка на самото место на случувањата. Поголемиот дел од овие бројки се однесуваат за регионот на Донбас, па следуваат регионот на Харков и Киев. Голем број жртви се потврдени во Чернихив, Миколаев и Запорожје“, се наведува во соопштението.