Свет
Почина човекот што ги преживеа и Хирошима и Нагасаки
Човекот кои ги преживеа двете атомски бомби фрлени од Американците врз Јапонија во 1945 г., починал во 93-та година од животот
Интересно е што Цутому Јамагучи на 6-ти август 1945 г. бил на службен пат во Хирошима, кога американскиот бомбардер ја фрла атомската бомба врз овој град. Тој од експлозијата добил изгореници на горниот дел од телото, но сепак уште следниот ден се вратил во својот роден град Нагасаки, 300 километри оддалечен од Хирошима. А три дена подоцна и врз Нагасаки е фрлена атомска бомба.Освен што ги преживеал двата атомски напада, Јамагучи ни се разболел ниту од последиците од радијацијата.Тој починал во понеделникот наутро од карцином на желудникот, пишуваат во среда јапонските медиуми.Јамагучи беше единствената личност која има официјална потврда дека ги преживеал двата најстрашни напада во досегашната историја на човештвото, иако има уште неколку лица кои тврдат дека ги преживеале бомбардирањата врз двата града. Во Хирошима беа убиени 140 а во Нагасаки 70 илјади луѓе. Преживеаја повеќе од 260 илјади жители на двата града, но многу од нив подоцна со десетлетија се разболуваа и починаа како последица на изложеноста на радијација. Цутому Јамагучи беше еден од ретките кои доживеаја длабока старост и покрај високата доза радијација, но е единствен кој престојувал во двата града во времето кога врз нив биле фрлени атомските бомби. Западните медиуми пренесувајќи ја оваа вест, забележуваат дека е иронично што по капитулацијата на Јапонија по бомбардирањето, Јамагучи работел како преведувач за американските сили во Нагасаки.Инаку, официјална потврда на јапонската влада за преживеаните на атомските бомби, носи право на месечна исплата, бесплатни лекарски трошоци и – погреб на товар на државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.

