Свет
Абдулмуталаб се изјасни дека не е виновен за терористичкиот напад
Нигериецот обвинет за обид за бомбашки напад во патничкиот авион на Детроит на 25-ти декември, во петок пред судот се изјаснил дека не е виновен по сите шест точки од обвинението
Даесет и тригодишниот Умар Факир Абдулмуталаб бил доведен во судницата со лисици на рацете и зглобовите на нозете, пренесе CNN. Според репортерот на телевизијата, било очиглендо дека трепл болки од изгорениците од втор и трет степен кој ги доби при обидот да на летот 253 од Амстердам до Детроит да направи импровизирана експлзоиван направа од неколку компонени кои ги сокрил во долната облека, но притоа се запали. Затоа судијата го прашал дали прима лекови против болките, на што обвиентиот потврдно одговорил.И на прашањето дали го разбира обвинението, Абдулмуталаб потврдно одговорил. Адвокатката Миријам Сејфер во негово име поднесла изјаснување за вината. Целото сослушување пред судиата Марк Рандом во сојузнито суд во Детроит трале само десетиан минути, јавува телевизијата.Во обвинението на седум страници, Абдулмуталаб се товари дека патувајќи од Амстердам за Детроит, се обидел да го уништи авионот на Northwesr Airlines со 290 патници и челнови на екипажот. Нигериецот кој бил обучуван од јеменската Ал Каеда, Умар Фарук Абдулмуталаб, е обвинет за: обид за употреба на оружје за масовно уништување, обид за убиство во простор под посебна воздухопловна надлежност на САД, смислен обид да се уништи и урне авион и по две точки за поседување разорни направи заради вршење насилно кривично дело. За употребата на оружје за масовно уништување, 23-годишниот Умар, може да добие казна доживотен затвор.Во обвинението се наведува дека тој се обидел да убие 279 патници и 11 членови на екипажот на авионот, обидувајќи се да детонира експлозив сокриен во доланта облека. Абдулмуталаб се наоѓа во затворот Милан во Мичиген, заради обидот да детонира експлозивна направа на летот 253 на компанијата Northwest Airlines, за која летовите од Амстердам до Детроит ги извршува Delta Airlines.За среќа, наместо експлозија се случи експлозивот за кој се покажа дека се 90 грама од силниот воен PETN (пантаеритритол), кој е безбијан кристална супстанција и спаѓа во истата група со нитроглицеринот. Но во обвинението било наведено дека тој кај него имал уште една високо експлозивна мaтерија позната како TATP (триацетон трипероксид). Како што забележуваат експертите во американските медиуми, тоа е еден од најчувствителните експлозиви кои во последно време почесто се бараат и се употребуваат на Блискиот исток.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
ОН: Откритијата во досиејата на Епстин може да претставуваат злосторства против човештвото
Таканаречените „досиеја на Епстин“ неодамна објавени од Министерството за правда на САД содржат вознемирувачки и веродостојни докази за систематска и голема сексуална злоупотреба, трговија со луѓе и експлоатација на жени и девојчиња, што може да се окарактеризира како злосторства против човештвото, објавија денес експертите на ОН.
Како што наведуваат, овие дела може да се сметаат за сексуално ропство, репродуктивно насилство, присилно исчезнување, тортура, нечовечки и понижувачки третман и фемицид.
„Овие злосторства се извршени во контекст на супремацистички верувања, расизам, корупција, екстремна мизогинија и комодификација и дехуманизација на жени и девојчиња од различни делови на светот“, наведоа експертите на ОН во соопштение објавено на веб-страницата на Канцеларијата на ОН за човекови права, пренесува Танјуг.
Регион
Вучиќ за сојузот на Тирана, Загреб и Приштина: Целта е да нè окупираат
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека во наредните месеци нема да има мир во Украина, ниту потпишан договор. Тој исто така предупреди дека се прават сојузи против Србија за еден ден да ја нападнат.
За време на церемонијата по повод Денот на српската државност и доделувањето на одликувања, тој истакна дека, кога станува збор за војната во Украина, таа нема да биде запрена ниту во наредните недели ниту месеци.
„Луѓе умираат секој ден. Нема да има мир ниту во Азија ниту на Блискиот Исток, каде што се соочуваат две цивилизации со различни погледи на светот. А оние што живеат во мир се подготвуваат за војна, а не за успех“, рече Александар Вучиќ.
Во согласност со сето тоа, додаде тој, Србија треба да научи некои лекции.
„Би го предложил во три точки. Прво, Србија мора да се обиде да го зачува мирот. Ние сме една од нациите што најмногу страдаат и треба да го зачуваме демографскиот капацитет“, рече Вучиќ, а потоа додаде:
„Под два, ќе бидеме притиснати посилно и повеќе од кога било. Сојузите што ги склучуваат против нас не беа направени за да бидат втора или петта вест во вестите, туку активно да дејствуваат против нас и да создадат единствено поле на дејствување без камче во чевелот, а Србија е камче во таа чевел.“
„Затоа мора да ја спасиме Србија бидејќи тие склучуваат сојузи за да ја нападнат Србија од различни насоки. Го кажувам она што го знам, а кога ќе избувне уште една поголема војна, целта е да имаме сили кои се способни да ја окупираат нашата земја“, истакна тој.
Поради ова, како што истакна, мора да бидеме подготвени да ги зајакнеме сите капацитети на земјата.
Вучиќ ѝ се заблагодари на СПЦ за зачувувањето на единството на народот. „Во периодот и во времето што доаѓа, треба да бидеме, ако не и обединети, затоа што ни треба демократија, не еднодушност, туку да се обидеме да најдеме и да разбереме што е заедничкиот именител и што е тоа што треба да го направиме заедно за буквално да преживееме, да ја зачуваме земјата и да можеме да одиме напред“, рече српскиот претседател.
Свет
Финскиот министер за одбрана: Русија ги зајакнува своите воени капацитети на Арктикот
Русија го интензивира своето воено присуство на Арктикот и гради нови воени објекти по границата со Финска, изјави финскиот министер за одбрана Анти Хаканен.
Тој истакна дека безбедноста на тој регион е од клучно значење за стабилноста на Европа и дека европското нуклеарно одвраќање не може да го замени НАТО.
Во интервју за „Јуроњуз“ на маргините на Минхенската безбедносна конференција, Хаканен изјави дека Русија има поголем дел од своите стратешки капацитети, вклучувајќи нуклеарни подморници и бомбардери со долг дострел, на полуостровот Кола.
Според него, Москва гради нови воени објекти по финската граница, што потсетува на периодот на Студената војна, поради што, како што оцени, е потребно да се зајакнат одбранбените капацитети на Арктикот заради одвраќање.
Тој нагласи дека финските вооружени сили се целосно обучени за арктички услови и се подготвени да го споделат своето искуство со сојузниците.
Финска, која се приклучи на НАТО по руската инвазија на Украина, го поздрави обновеното планирање на Алијансата за одбрана на северот, но Хаканен смета дека безбедноста на тој регион требало да биде приоритет порано.
Зборувајќи за финансирањето, Хаканен изјави дека Финска, како и 18 други членки на ЕУ, побарала средства од фондот на Унијата во вредност од 150 милијарди евра за одбранбени кредити, и дека барањето на Хелсинки во износ од 1 милијарда евра било одобрено минатиот месец. Поголемиот дел од средствата ќе бидат инвестирани во копнени сили, вклучително и купување оклопни возила и беспилотни летала.

