Свет
Ал Каеда бара ослободување на грабнатите во Мали
Ал Каеда на исламскиот Магредм се заканува дека ќе егзекутира еден од фгранцуските заложници, доколку за 20 дена не бидат пуштени од затвор четири припадници на светската терористичка мрежа кои се во затвор во Мали, информирале разузнавачки извори
„Пред неколку месеци уапсивем четири припадници на Ал Каеда на исламскиот Магреб, потврдил безбедносен извор од Мали, пренесува France presse.Идентитетот на уапсените не е соопштени, но според националноста станува збор за двајца Мавританци, еден државјанина на Буркина Фасо и еден Алжирец. Терористичката организација се заканува со погубување на Французинот Пјер Камат, кој беше грабнат кон крајот на минатиот ноември, потврдија во понеделник американските центри за следење на исламистичките интернет страници, SITE и IntelCenter.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

