Свет
Во 2020-та ќе недостигаат жени за 24 милиони Кинези

До 2020 г. околу 24 милиони Кинези нема да можат да си најдат жена, што е резултат на кинеската традиционална наклонетост кон машки деца и политика на едно дете што се спроведува од 1970-тите, е заклучокот од истражувањето чии резултати се објавени во понеделник
Селективните абортуси најмногу се извршуваат во руралните региони на Кина, иако се малку намалени во однос на 2005-та, што е наведено како една од причината за се’ помалото раѓање на женски деца, пишува магазинот Global Timеs кој се повикува на студија на Кинеската академија за општествени науки.Причините за несразмерноста меѓу половите се сложени и се разликуваат од една до друга покраина, а тие се производ и на лошата семејна политика. Меѓутоа, овој проблем е многу сериозен во руралните подрачја, каде старите земјоделци мораат да сметаат да добијат замена, што подразбира дека тие повеќе сакаат да имаат син. Така, според предвидувањата произлезени од резултатите на истражувањето, дури 24 милиони мажи во Кина во 2020 г. тешко ќе можат да најдат животна сопатничка, а особено тоа ќе се однесува на оние кои имаат мали приходи.Во претходните истражувања во врска со балансот меѓу половите во Кина, како причини за несразмерноста во бројноста во полза на машките деца, беа наведувани грабежите на женските деца, трговијата со девојчиња или нивно продавање поради сиромаштија. Кон крајот на 1970-тите, тогашните кинески власти почнаа да ја спроведуваат политиката на едно дете, но бидејќи традиционалната кинеска култура на живеење ги преферира машките деца, семејствата почнале да се решаваат за илегални абортуси кога ќе дознаат дека ќе имаат женско дете, или едноставно да ги оставаат женските бебиња. Кина брои 1,3 милијарда жители, а тамошната влада тврди дека доколку не се спроведува политиката на едно дете, земјата би имала денес 1,7 милијарда жители. Некои кинески покраини се обидуваа да ги намалат бројките на абортуси на женски фетуси со забрана за ултразвучен преглед или други методи со кои може да се открие полот на детето. Во таа насока кинеската влада од 2000-та година ја почна кампањата „грижа за девојчињата“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Песков: Крајот на специјалната воена операција во Украина ќе биде поблизок доколку пристигнува помалку оружје од Западот

Крајот на војната во Украина ќе зависи од количината на западно оружје што ќе го добие Киев, изјави Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател, додавајќи дека Русија внимателно ја следи ситуацијата во врска со снабдувањето со оружје на Украина и дека „забележува одредени проблеми“.
„Колку помалку ракети пристигнуваат во Украина од странство, толку е поблиску крајот на специјалната воена операција“, истакна Песков.
Претходно, како што објави РИА Новости, порталот „Политико“ пишуваше за привременото запирање на испораките на муниција и оружје од САД за Украина, поради исцрпувањето на американските залихи.
Заменик-портпаролката на Белата куќа, Ана Кели, потврди за NBC дека имало прекин во испораките, наведувајќи дека одлуката е донесена за да се заштитат интересите на Америка како приоритет.
Исто така, републиканскиот конгресмен и член на Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом, Брајан Фицпатрик, побара итен брифинг од Белата куќа и Пентагон во врска со прекинот на воените испораки на Киев.
Коментирајќи ги овие наводи, Песков изјави дека „се чини дека (американската) индустрија не успева да произведе доволен број ракети, особено затоа што големи количини беа испорачани во Израел и Украина, а испораките сè уште се во тек“, додавајќи дека Русија внимателно ја следи ситуацијата, пренесува Танјуг.
Свет
Мерц ја повика ЕУ на итен договор со Америка за царините

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја повика Европската Унија што е можно побргу да постигне договор со Соединетите Американски Држави за решение на трговскиот спор поврзан со царинските давачки предупредувајќи дека остануваат само неколку дена за постигнување договор.
Зборувајќи на банкарски состанок во Берлин, Мерц истакна дека неуспехот да се реши спорот може да ги загрози клучните сектори на европската економија, вклучувајќи ги автомобилската индустрија, челичарниците и фармацевтските компании, објави „Ројтерс“.
„Европа мора сериозно да се соочи со можноста САД да ја омекне својата посветеност на трансатлантската соработка.
Постојат оправдани сомнежи дали ќе продолжиме да споделуваме заеднички интереси на долг рок“, рече Мерц, пренесува „Танјуг“.
Свет
(Видео) Пукање во Чикаго: има загинати и повредени

Повеќе лица биле застрелани на забава за промоција на албум во Чикаго, пренесуваат медиумите во регионот.
Извештаите што кружат на социјалните мрежи велат дека луѓе биле застрелани во ресторан и салон на авенијата Вест Чикаго во населбата Ривер Норт за време на забавата за раперот Мел Бакз.
Wild West of some kind.
Chicago, Illinois.
12 people were shot in an intense shooting at a nightclub between Chicago and Franklin Avenues. pic.twitter.com/dnCJXpDcWX— Argonaut (@FapeFop90614) July 3, 2025
Најмалку три лица се убиени, а 16 се повредени, објави Си-би-ес повикувајќи се на локалните власти.
Службеник на градот изјави дека 19 лица биле застрелани во автомобили, од кои тројца смртно, според извештајот.
Портпаролот на полициската управа во Чикаго, Хулио Гарсија, изјави дека дополнителни информации ќе бидат објавени штом ќе станат достапни, но не го прецизира бројот на повредени или точната локација на инцидентот, објави „Ројтерс“.
Портпаролот на медицинската болница „Нортвестерн“, Крис Кинг, потврди дека одделот за итни случаи ја проценува состојбата на неколкумина повредени, но не можеше да го прецизира точниот број на лица примени на лекување или нивната моментна здравствена состојба.