Свет
Универзитетски професор по нуклеарна енергија убиен во Техеран
Универзитетскиот професор Масуд Мохамади е убиен во експлозија на бомба во Техеран, јави иранската државната телевизија на англиски Prеss-TV
„Убиен е во експлозија на мотор-бомба која е активирана со далечински управувач“, соопштила Press-TV.Експлозијата се случила во квартот Хејтари во северен Техеран, недалеку од домот на професорот.Масуд Али Мохамади предавал на Техеранскиот универзитет, се наведува во информацијата на иранската телевизија, но не се наведува дали извршувал некоја функција.Ова убиство се припишува на немирите кои се случуваат во Иран по јунските претседателски избори од минатата година во кој има дваесетина жртви, многу повредени и стотици уапсени, а кои се најголеми од иранската исламска револуција во 1979 г.Но иако првично не се откриваше позицијата и областа во која работел професорот, иранските власти потврдија дека станува збор за високорангиран научник кој работел во подрачјето на нукеларната енергија.„Мохамади беше професор во областа на нуклеарната енергија и високорангиран научник во државата“, изјавил главниот обвинител на Техеран, Абас Џафари Долатабади. Иранските медиуми ги обвинија „контрареволуционерите“ под кои ги подразбираат опозициските лидери и нивните поддржувачи и Израел дека се одговорни за атентатот врз Масуд Али Мохамади. Меѓутоа, некои ирански медиуми потсетуваат дека начинот на кој е извршен атентатот го применувала групата муџахедини на народот во борбата против режимот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.