Свет
Пет ирански опозиционери осудени на затворски казни

Иранскиот суд во вторник осудил пет лица ма затворски казни во траење од една до шест години заради учество во минатогодишните протести, јави иранската агенција ISNA
Оваа група осуден поради водење пропаганда проти власта и нанесување штета врз јавната сопственост во текот на протестите против контроверзните претседателски избори од 1-ви јуни 2009 г., кога беше реизбран Махмуд Ахмадинеџад. Од јуни минатата година досега, иранските судови на затворски казни осудија повеќе од 150 притворени лица, од кои повеќето се студенти новинари, дисидент, па дури и поранешни високи државни функционери реформисти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Папата Франциск вратен на механичка вентилација поради респираторна инсуфициенција

Папата Франциск, кој е хоспитализиран поради пневмонија, во текот на денот имаше две епизоди на акутна респираторна инсуфициенција, поради што беше потребна употреба на неинвазивна механичка вентилација, соопшти Ватикан.
Ватикан претходно објави дека папата бил симнат од респиратор и е во стабилна состојба откако помина две недели во болница.
Папата Франциск не е виден во јавноста откако на 14 февруари беше примен во римската болница „Агостино Џемели“, со тешки респираторни проблеми кои брзо прераснаа во пневмонија на двете белодробни крила, што му го отежна дишењето.
Ова е негово најдолго отсуство од почетокот на мандатот во март 2013 година.
Во текот на целиот период, тој останал буден и соработувал, соопшти Ватикан.
Свет
Францускиот премиер го осуди вербалниот напад на Трамп врз Зеленски како бруталност

Францускиот премиер Франсоа Бајру денеска остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп за минатонеделниот вербален напад на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Овалната соба на Белата куќа, оценувајќи дека однесувањето на Трамп е демонстрација на неверојатна „бруталност“ чија цел е да го понижи украинскиот лидер и да го принуди да се потчини на волјата на рускиот претседател Владимир Путин.
Исклучително искрената критика, лишена од дипломатска пристојност, упатена од премиерот Франсоа Бајру за време на дебатата за Украина во француското Национално собрание беше во различен тон од посуптилниот тон во кој францускиот претседател Емануел Макрон го коментираше вербалниот судир меѓу Трамп и Зеленски во Белата куќа, пренесува АП.
„Во петокот вечерта, во Овалната соба на Белата куќа, пред камери од целиот свет, се случи неверојатна сцена, обележана со бруталност и желба за понижување, со цел да се принуди украинскиот претседател Володимир Зеленски да попушти пред заканата и да ги прифати барањата на агресивниот американски претседател“, рече Бајру.
Свет
Нетанјаху: Израел не го прекрши договорот за прекин на огнот со Хамас

Нетанјаху во своето обраќање до Кнесетот рече дека, според писмото што го придружуваше договорот на претходната американска администрација, со поддршка на администрацијата на актуелниот американски претседател Доналд Трамп, Израел има право во секое време од 42-от ден да ги напушти преговорите и да се врати на борбите доколку „добие впечаток дека разговорите се бесмислени“, пишува Тајмс оф Израел.
Тој изјави дека не може да не се согласува со американскиот специјален пратеник Стив Виткоф дека страните се премногу оддалечени за да преминат во втората фаза и дека тоа ги загрозува разговорите.
„Имаме предлог пред нас. Сè уште сме „согласни“, не го прекршуваме договорот, но не се враќаме веднаш во војна. Кој знае, можеби ќе ни треба. (Виткоф) нуди начин да ги вратиме сите заложници, за време на две ослободувања“, рече Нетанјаху.
Во обраќањето до Хамас, Нетанјаху рече дека доколку не ги ослободат израелските заложници, ќе се соочат со последици кои не можат ни да ги замислат.
Откако детално зборуваше за неговата одлука да ја одобри „пејџер операцијата“ против Хезболах, Нетанјаху рече дека тоа е начинот на кој функционира неговата влада – правејќи го она што е добро за земјата, во вистинско време и на вистинско место.
Тој повторно го пофали планот на американскиот претседател Доналд Трамп да ја поттикне емиграцијата од Газа како „храбра и иновативна“. „Мораме да го поддржиме. Целосно го поддржуваме“, рече тој, тврдејќи дека десетици илјади богати жители на Газа биле поткупени да ја напуштат Газа. Како што истакна, дојде време да им се даде слобода да си заминат, да им се даде слобода на избор.
Кога станува збор за Сирија, Нетанјаху рече дека рацете на Израел се подадени кон Друзите и Курдите. Осврнувајќи се на Иран, тој истакна дека Израел ќе продолжи да дејствува решително за да се осигура дека Иран нема да добие нуклеарно оружје.