Свет
Израел ги демантираше обвинувањата на Турција
Израелското министерство за надворешни работи ја оценува како „незауздана критика“ изјавата на турскиот премиер, кој претходно рече дека Израел го загрозува светскиот мир
Турскиот премиер Тајип Реџеп Ердоган вчера изјави дека Израел го загрозува светскиот мир, користејќи прекумерна сила против Палестинците и нарушувајќи го воздушниот простор на Либан, како и со криење на детали за нуклеарната програма.„Израел ја почитува Турција и се стреми кон продолжување на развојот на односите меѓу двете земји, но ние очекуваме рециопроцитет“, се наведува во соопштението на израелското министерство, по посетата на Либан, што вчера ја оствари турскиот премиер. Таму Ердоган ги повика постојаните членови на Советот за безбедност на ОН да извршат притисок на Израел поради нуклеарниот програм и тоа да го направат на ист начин како што се прави притисок врз Иран.„Оние што го предупредуваат Иран, мораат исто така да го предупредат и Израел. Ако пропуштиме да покажеме фер однос во регионот, проблемите ќе го погодат не само регионот, туку ќе се прошират и на друго место. Нередите на Блискиот Исток се нереди на светот“, истакна Ердоган, пренесуваат израелските медиуми.„Израел има полно право да ги штити своите граѓани од ракетите и теророт на Хамас и Хезболах, а Турците се последни што можат да кажат за моралноста на државата“, се вели во израелската одбрана.До неодамна Турција беше најблискиот сојузник на Израел од муслиманскиот свет. Меѓутоа, минатата година, поради израелската офанзива на појасот Газа, Анкара зазеде став против Израел, што доведе до влошување во односите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.
Свет
Израел погодил станбена зграда во Либан, најмалку четворица загинати
Најмалку четири лица загинале, а шест се ранети во израелски напад врз четирикатна станбена зграда во источниот либански град Баалбек, јави либанската државна агенција ННА.
Спасувачките екипи работат на извлекување луѓе од под урнатините.
Нападот доаѓа по ескалацијата на борбите долж либанско-израелската граница, откако Хезболах испалил дронови и ракети кон Израел. Од тогаш групата продолжила со ракетни напади, а Израел извршил низа воздушни удари низ Либан и испратил војници на југот.
Хезболах соопштил дека неговите борци испалиле голем број ракети кон израелски сили во близина на градот Метулa, како одговор на израелските напади врз десетици либански градови.
Израелската војска во средата ги предупредила жителите на 16 села во Либан да се евакуираат.
Според либанското министерство за здравство, од почетокот на последната ескалација во израелските напади загинале најмалку 50 луѓе, а 335 се ранети.
Фото: ЕПА

