Контакт

Свет

Пет ирански опозиционери осудени на затворски казни

Објавено пред

Иранскиот суд во вторник осудил пет лица ма затворски казни во траење од една до шест години заради учество во минатогодишните протести, јави иранската агенција ISNA

Оваа група осуден поради водење пропаганда проти власта и нанесување штета врз јавната сопственост во текот на протестите против контроверзните претседателски избори од 1-ви јуни 2009 г., кога беше реизбран Махмуд Ахмадинеџад.  Од јуни минатата година досега, иранските судови на затворски казни осудија повеќе од 150 притворени лица, од кои повеќето се студенти новинари, дисидент, па дури и поранешни високи државни функционери реформисти.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Застрелан грчки свештеник пред црква во Ница, напаѓачот во бегство

Објавено пред

Повторно пукање во Франција. Во тек е потера во францускиот град Лион, каде вооружено лице пукаше и повреди грчки православен свештеник пред црква, а потоа избега од местото на настанот, пренесуваат светските медиуми.

Министерството за внатрешни работи на Твитер објави предупредување дека имало инцидент во Лион и дека безбедносните сили се на местото на настанот.

Според некои француски медиуми, свештеникот бил застрелан двапати додека ја затворал црквата и се наоѓа во критична состојба, а напаѓачот е во бегство.

Прикажи повеќе...

Свет

Австрија оди во карантин до крајот на ноември

Објавено пред

Поради зголемениот број на заразени со Ковид-19 во Австрија, од вторник земјата воведува полициски час.

Мерката ќе биде на сила секој ден од 20 до 06 часот наутро до крајот на ноември.

Во последните 24 часа во Австрија се регистрирани 5.349 нови случаи на инфекција со коронавирус. Најголем број на заразени лица повторно е регистриран во провинцијата Горна Австрија – 1.074. Следува Виена со 952, Тирол со 749, Штаерја со 671, Ворарлберг со 451, Салцбург со 332, Каринтија со 218 и Бургенланд со 175.

Во австриските болници моментално има 1.867 пациенти, од кои 256 се на интензивна нега.

Според кризниот штаб, во моментов има 37.321 активен пациент.

Во изминатите 24 часа починаа 27 лица, со што вкупниот број на смртни случаи од или со ковчиња достигна 1.109 лица.

Прикажи повеќе...

Свет

Велика Британија се очекува да воведе едномесечна блокада на земјата

Објавено пред

Британската влада размислува за воведување на едномесечна блокада, пренесува Би-Би-Си.

Според информациите, премиерот Борис Џонсон се очекува да одржи прес-конференција на која ќе ја објави веста за нов „локдаун“ на земјата.

Би-Би-Си наведува дека тамошните власти се надеваат дека построгите мерки, чие објавување се очекува денес, ќе можат да бидат олабавени околу Божиќ.

Како што наведуваат британските медиуми, новите мерки предвидуваат затворање на рестораните, кафулињата и несуштинските продавници. Училиштата, универзитетите и колеџите ќе останат отворени.

Според најпесимистичкиот модел, се предвидуваат 4.000 смртни случаи дневно, доколку не се воведат мерките.

Претходно, Би-Би-Си имаше увид во документите што укажуваат на тоа дека Велика Британија, доколку не воведе построги мерки, се заканува да има многу повеќе смртни случаи од коронавирус на дневно ниво, отколку за време на првиот бран.

Еден модел сугерира дека бројот на загинати може да достигне 4.000 на ден. Оваа бројка е заснована на модел кој претпоставува дека нема да има нови построги мерки.

Повеќето модели предвидуваат дека бројот на смртни случаи на ден може да биде максимум 2.000. Патем, британскиот премиер досега се спротивставуваше на воведувањето строги мерки на национално ниво.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет21 минута

(Видео) Застрелан грчки свештеник пред црква во Ница, напаѓачот во бегство

Повторно пукање во Франција. Во тек е потера во францускиот град Лион, каде вооружено лице пукаше и повреди грчки православен...

Свет29 минути

Австрија оди во карантин до крајот на ноември

Поради зголемениот број на заразени со Ковид-19 во Австрија, од вторник земјата воведува полициски час. Мерката ќе биде на сила...

Свет37 минути

Велика Британија се очекува да воведе едномесечна блокада на земјата

Британската влада размислува за воведување на едномесечна блокада, пренесува Би-Би-Си. Според информациите, премиерот Борис Џонсон се очекува да одржи прес-конференција...

Регион2 часа

Нов рекорд во Србија – потврдени 1.817 нови случаи на коронавирус

Во последните 24 часа во Србија се регистрирани рекордни 1.817 нови случаи на коронавирус, а починале шест лица. Тестирани се...

Македонија5 часа

Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април

Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на сегашната министерка за одбрана Радмила Шекеринска на 27 април 2017 година во Собранието....

Македонија5 часа

Кафе-барот „Интермецо“ ја отстранил пломбата и продолжил со работа и покрај забраната

Кафе-барот „Интермецо“ продолжил со работа и покрај забраната од 30 дена што ја изрече Општина Центар заради бучава. Градоначалникот на...

Свет6 часа

(Видео) Снимки од дрон го покажуваат ужасот по земјотресот во Измир

Снимките направени со дрон го покажуваат ужасот што го остави силниот земјотрес што вчера го погоди турскиот град Измир. Може...

Регион6 часа

Во Словенија 1.796 новозаболени со коронавирус и 23 починати

Во текот на претходниот ден, во Словенија се регистрирани 1.796 новозаразени со коронавирус, а 23 лица починаа. Процентот на позитивни...

Македонија6 часа

Мицкоски: Потребни се бесплатни ковид-тестови еднаш месечно за сите негувателки, учителки и наставнички

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека се потребни бесплатни ковид-тестови еднаш месечно за сите негувателки, учителки и наставнички. „Образованието...

Македонија6 часа

УНИЦЕФ: Училиштата да се затворат единствено тогаш кога нема други алтернативи

Училиштата треба да бидат последни што ќе се затворат, а први што ќе се отворат, изјави Патриција ди Џовани, претставничка...

Македонија7 часа

Милевски: По 40 години, Пониква добива реконструирани ски лифтови

Владата преку Јавното претпријатие за државни патишта издвои средства да се реконструира патот за еден помасовен туризам на Пониква, а...

Регион7 часа

Во Хрватска 2.769 нови случаи на коронавирус

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 2.769 нови случаи на коронавирус, а 15 лица починаа, објави Националниот штаб...

Свет9 часа

Бројот на загинати во земјотресот во Измир се искачи на 24

Бројот на загинати во силниот земјотрес што го погоди егејскиот брег на Турција и источниот грчки остров Самос се искачи...

Свет22 часа

Сведоштва: Луѓето трчаа во паника, улиците се преплавени со мртви риби

Луѓето панично трчаа во турскиот град Измир, изјавија очевидци, откако земјотресот со јачина од седум степени според Рихтеровата скала започна...

Македонија22 часа

Ексминистерот Наќе Чулев заразен со Ковид-19

Поранешниот министер за внатрешни работни Наќе Чулев, кој беше претставник на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада на Оливер Спасовски, е позитивен...

Свет23 часа

(Видео) Бројот на жртви во земјотресот во Турција се искачи на 14, над 400 лица се повредени

Бројот на жртви во денешниот земјотрес кој се случи во Турција и Грција, се искачи на 14. Епицентарот на земјотресот...

Свет1 ден

Меркел е против затворање на границите на ЕУ поради Ковид-19

Германската канцеларка Ангела Меркел предупреди дека е против затворање на границите во рамките на земјите-членки на Европската Унија во услови...

Македонија1 ден

Вучиќ, Рама и Заев разговараа за обновување на иницијативата за регионална соработка

Лидерите на Србија, Албанија и Северна Македонија – претседателот Александар Вучиќ, премиерите Еди Рама и Зоран Заев денеска одржаа состанок...

Регион1 ден

Вучиќ: Од 10 ноември без ПЦР-тест меѓу Србија, Албанија и Македонија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека биле донесени неколку важни одлуки на видеосостанокот на тема „Мал шенген“, чија имплементација...

Македонија1 ден

Обвинителството отвори истрага за Лидија Димова за злоупотреба на европските фондови

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага за директорката на Националната агенција за европски образовни програми...

Досие