Свет
Популарноста на Обама продолжува да паѓа
Анкетата на CBS News направена меѓу 6-ти и 10-ти јануари покажува дека поддршката за начинот на кој американскиот претседател ја води државата и натаму опаѓа
Според резултатите од анкетата, на почетокот од 2010 г. само 46 отсто Американци имаат позитивно мислење за начинот на кој претседателот Барак Обама ја води најмоќната светска велесила, додека 41 проценти од испитаниците не го поддржуваат. Ова е првпат поддршката за американскиот претседател да падне под 50 отсто ви анкетите на CBS News. Во декември Обама бил поддржан од 50 отсто, а 39 отсто се противеле на неговата политика. Анализата на резултатите од анкетата спроведена на национално ниво покажала дека популарноста на претседателот останува висока меѓу неговите демократи, но таа е значително намалена кај неизјаснетите гласачи, кај кои забележала пад за 10 проценти за разлика од минатиот месец и сега изнесува 42 отсто. Меѓу републиканците, очекувано, Обама го поддржуваат само 13 отсто. Според анкетата, главното прашање кое ги интересира Американците е начинот на кој нивниот претседател се справува со последиците од економската криза. На ова прашање 41 отсто испитаници одговориле дека ја поддржуваат политиката на Обама во оваа сфера, но 47 проценти не се задоволни од тоа како тој ги решава финансиските проблеми на државата и на граѓаните.Уште полоши се резултатите за здравствените реформи, кои се сметаат за центарот на програмата на администрацијата на Барак Обама. Неа ја поддржуваат 36 отсто позитивно ги оцениле реформирањето на американскиот здравствен систем, додека дури 54 отсто ги сметаат реформите за лоши и неуспешни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

