Контакт

Свет

Со бомба нападнати израелски допломати во Јордан

Објавено пред

Бомба експлодирал во близина ан втомобил во кој се наоѓале три зираелски допломати, но во нападот никој не е повредени, известија изреалските медиуми

dobivaj vesti na viber

Портпаролот на израелското министерство за надворешни работи изјавил дека оваа информација се проверува и дека засега официјален Тел Aвив нема коментари.ЕКсплозијата се случила во четврток попладне околу 17 часот по локално време во близина на мостот Аленби, кој ги поврзува бреговите на реката Јордан меѓу државата Јордан и Западниот брег, извести израелското  државно радио.Израелската државна телевизија, пак, ја дополни информнациајат дека дипломатскиот автомобил се упатил од амабсадата кон Аманно дека во него не бил амабасадорот Дани Нево.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Писториус: Русија само купува време во мировните преговори со Украина

Објавено пред

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денес го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека не е заинтересиран за мир во Украина, велејќи дека Русија „всушност купува време“ во преговорите со САД.

dobivaj vesti na viber

Писториус додаде дека Европа треба да го зголеми притисокот врз Русија со воведување нови санкции, особено врз продажбата на руска енергија, објави Ројтерс.

„Повторно сме сведоци на масовни напади (од страна на Русија) во последните денови. Овие напади зборуваат многу погласно од усните ветувања за мир што ги слушаме долго време. Путин очигледно си го губи времето. За жал, мора да кажеме дека Путин всушност не е заинтересиран за мир“, рече Писториус пред состанокот на министрите за одбрана и надворешни работи на ЕУ во Брисел.

Русија и Украина требаше да започнат разговори откако Путин разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник, но Путин рече дека процесот ќе потрае некое време.

Откако Трамп ги информираше за разговорот со Путин, европските лидери се согласија да го зголемат притисокот врз Русија преку нови санкции.

Пред состанокот, францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро го обвини Путин за лицемерие.

„Верувам дека иако Владимир Путин продолжува да го користи својот лицемерен јазик, на сите им е јасно дека ќе продолжи со својата колонијална војна до крај, ако ние не му застанеме на патот. Да се ​​обидеме да го принудиме Владимир Путин да ја заврши својата империјалистичка фантазија со усвојување (на ЕУ) санкции кои се навистина обесхрабрувачки“, рече Баро.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас, исто така, изјави дека САД треба да се приклучат на блокот во зголемувањето на притисокот врз Русија.

„Сите се согласивме и рековме, дека ако не се согласат на безусловно примирје, како што се согласи Украина пред 60 дена, ќе бидат преземени силни мерки“, рече Калас пред состанокот.

Прикажи повеќе...

Регион

Косово го забрани увозот на пилешко месо од Бразил поради птичји грип

Објавено пред

Агенцијата за храна и ветеринарство на Косово објави забрана за увоз на пилешко месо и други производи од живина од Бразил поради епидемија на птичји грип, јавува Анадолија.

dobivaj vesti na viber

Привремената забрана стапува на сила веднаш и е одговор на потврден случај на птичји грип на комерцијална фарма во државата Рио Гранде, Бразил, пријавен од бразилските власти на 16 мај.

Агенцијата наведува дека целта на одлуката е да се заштити јавното здравје и да се спречи потенцијалното ширење на болеста во Косово.

„Птичјиот грип е многу заразна вирусна болест која првенствено ги напаѓа птиците и, во ретки случаи, може да се пренесе на луѓето. Иако нема докази што укажуваат дека консумирањето живинско месо или јајца го пренесува вирусот, забраната за увоз е превентивна мерка за да се обезбеди безбедност на храната за нашите граѓани“, наведува Агенцијата.

Оваа одлука е во согласност со меѓународните практики и ги следи постапките на други земји, вклучувајќи ги Европската Унија и Кина, кои исто така го суспендираа увозот на пилешко месо од Бразил откако беше потврдена епидемијата, се додава во соопштението, објави РТК.

Прикажи повеќе...

Свет

Рускиот патријарх Кирил: Подготвени сме за дијалог со новоизбраниот папа и Ватикан

Објавено пред

Рускиот патријарх Кирил изјави дека Руската православна црква е подготвена за дијалог со Ватикан и новоизбраниот папа Лав Четиринаесетти за заштита на традиционалните вредности, воспоставување мир, заштита на христијанството, животната средина, како и за хуманитарни прашања.

dobivaj vesti na viber

„И покрај разликите што постојат, односите со Римокатоличката црква се одржуваат. Лав Четиринаесетти стана нов папа и ние, секако, сме подготвени за понатамошен развој на дијалогот со Ватикан“, рече рускиот патријарх, објави Риа Новости.

На прием во руското Министерство за надворешни работи, патријархот Кирил истакна дека Руската православна црква е подготвена да разговара со новиот поглавар на Римокатоличката црква за решавање на многу прашања што се наоѓаат на глобалната агенда денес.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Матурантот од Струмица најден мртов на нива, телото е на обдукција

Матурант од Струмица во текот на вчерашниот ден бил најден мртов на нива. Се работи за 19-годишно момче со иницијали...

Свет2 часа

ЕУ воведува нов граничен систем: се укинуваат печатите од пасошите, странците ќе ги фотографираат

Преговарачите на Советот на ЕУ и Европскиот парламент постигнаа договор за регулативата за постепено воведување на системот за влез/излез (ЕЕС),...

Свет4 часа

Ривалите на Бајден се сомневаат во прикривање на дијагнозата за ракот; Вeнс: Да бидеме искрени

Поранешниот американски претседател Џо Бајден вчера им се заблагодари на своите поддржувачи за „изразите на љубов“ што му ги покажаа...

Свет4 часа

Трамп потпиша закон против порнографијата за одмазда: „Меланија беше клучна“

Првата дама Меланија Трамп му се придружи на својот сопруг, претседателот Доналд Трамп, додека тој го потпиша законот со кој...

Европа5 часа

Денеска, важен состанок на министрите на ЕУ: ќе се договараат нови санкции против Русија

Министрите за надворешни работи и одбрана од земјите-членки на Европската унија денес се состануваат во Брисел за да разговараат за...

Европа5 часа

Зеленски: Нашите војници нема да се повлечат од анектираните територии

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е отворен за понатамошни преговори со Москва, но повтори дека украинските војници нема да...

Европа5 часа

Мерц: Европа ќе ги заостри санкциите против Русија

Европските лидери се согласија да го зголемат притисокот врз Русија со санкции откако американскиот претседател Доналд Трамп ги информираше за...

Европа6 часа

Русија се огласи за преговорите: Ѓаволот е во деталите

Процесот на договарање на текстот на меморандумот за мир и прекин на огнот ќе биде комплициран за Москва и Киев...

Свет16 часа

Трамп: Русија и Украина веднаш почнуваат преговори за крајот на војната

„Само што го завршив двочасовниот разговор со претседателот на Русија, Владимир Путин. Верувам дека помина многу добро. Русија и Украина...

Свет17 часа

По два часа заврши разговорот помеѓу Трамп и Путин

Заврши телефонскиот разговор меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин, објавија руските државни медиуми. Двајцата лидери разговарале повеќе од два часа,...

Македонија20 часа

Тројца пациенти сместени на Пластика сè уште имаат отворени рани: им требаат преврски, а понатаму можеби и трансплантација на кожа

Два месеца по пожарот во дискотеката во Кочани со 62 загинати и 200 повредени, на Клиниката за пластична хирургија има...

Македонија21 час

Ако му понудат, Клековски ќе прифати да биде министер за здравство, но со соодветна замена за него во Фондот за здравство

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, чие име неофицијално се спомнува за министерската позиција во Здравство по оставката...

Македонија22 часа

(Видео) Филипче: Историско задолжување од 6 милијарди евра, а Владата крие детали

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција обвини дека постои недостаток на транспарентност и информации поврзани со содржината на...

Македонија23 часа

Мицкоски: Стратешкото партнерство носи бенефит за граѓаните, модернизација на железницата од Коридорот 10 и проекти во здравството

Денес при посетата на тренинг центарот во Идризово, каде што беше промовиран новиот пристап за третман на лица прекршители на...

Македонија24 часа

Има осомничени за пожарот во куќата на Пандов: Ќе бидат фатени и сторителите и нарачателите, нарачателите се многу важни

Полицијата три недели трага по лицата што ја запалија куќата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, во...

Топ1 ден

Турски државјанин почина во автобус кој превезувал група туристи кон туристичкиот комплекс „Св. Наум“

Вчера во 11.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека во автобус кој превезувал група туристи од Република Турција кон...

Македонија1 ден

Обвинение за загрозување на сигурноста на судија во Гостивар: обвинетиот влегол во дворот на куќата на судијата и му се заканувал

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари за кривично дело – Загрозување на сигурноста...

Македонија1 ден

„Влен“: Оставката на пратеникот Салим Сулејмани го остава Таравари сам во скутот на Ахмети

„Постапките на Арбен Таравари не ги осудува само субјектот ВЛЕН, како негов поранешен коалициски партнер, туку и неговите најблиски луѓе....

Свет1 ден

Трамп: Меланија и јас сме тажни поради веста за дијагнозата на Бајден

Трамп продолжи да го критикува Бајден дури и по неговото повлекување од претседателската кандидатура во 2024 година, повторувајќи ги обвинувањата...

Европа1 ден

Романците го слават новиот претседател: „Русијо, не заборавај, Романија не е твоја“

Центристичкиот градоначалник на Букурешт во Романија, Никусор Дан, вчера на претседателските избори го победи својот ултрадесничарски, националистички ривал, кој сакаше...