Свет
Нов земјотрес на Хаити
Нов земјотрес со интензитет од 4,5 степени по Рихтер го потресoл во сабота попладне главниот град Порто-о-пренси, прекунувајќи ги за кусо време спасувачките операции за пронаоѓање преживеани од разорниот земјотрес во вторникот
Новиот земјотрес предизвикал паника кај населениеот од главнито град кое живее покрај урнатините од неговите домови меѓу стотиците трупови кои се’ уште лежат на улицте, пренесоа дописниците на новинските агенции. Како што јавуваат агенциите, спасувачите кои се обидувале да извлечат преживеан од урнатините на еден хотел, се повлекле од местото но неколку минути подоцна се вратиле и продолжиле да трагаат по затрупаните луѓе кои барале помош под остатоците од зградата.Американскиот Геолошки институт издаде соопштение дека вториот земјотрес не предизвикал поголеми штети, иако бил доволно силен за да урне некои згради кои веќе се оштетени од земјотресот во вторникот со магнитуда од 7,3 степени по Рихтер во кој загинаа најмалку 50 илјади а повредени се околу 250 илјади луѓе.Епицентарот на овој земјотрес бил исто така на мала длабочина, од десет километри, и само на 25 километри оддалеченост од главниот град Порто-пренс.Како што се забележува во соопштението на американскиот Геолошки институт, по катастрофалниот земјотрес до денеска биле регистрирани уште триесетина помали потреси, кои се припишуваат на смирување на почвата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Јахорина: Детето кое падна од жичарата претрпе сериозни повреди
Детето, кое вчера падна од жичарницата на планината Јахорина, е надвор од животна опасност, соопштија утрово за „БН ТВ“ од болницата во Источно Сараево.
„Детето е згрижено, претрпе фрактура на бутната коска, што е сериозна физичка повреда, и е испратено во матичната установа во Нови Сад на понатамошно лекување“, изјавија од болницата за „БН ТВ“.
Медиумите потсетуваат дека вчера се случи непријатен настан на Јахорина, кога едно дете беше оставено да виси од жичарницата, а потоа падна на земја од висина од неколку метри.
Сето ова го забележаа скијачите кои случајно се најдоа таму.
Полициската управа Источно Сараево досега не го коментирала случајот, според медиумите во регионот.
Како што изјавија од Олимпискиот центар Јахорина, наскоро ќе биде објавено соопштение во врска со овој настан.
Свет
Мета и Гугл обвинети за штетно влијание врз менталното здравје на децата
Гугл и Мета на Марк Закерберг се обвинети дека намерно ги прават своите платформи зависни за децата и со тоа го оштетуваат нивното ментално здравје.
Извршниот директор на Мета, Марк Закерберг, се појави вчера на суд во Лос Анџелес, каде што сведочеше на судење кое ја стави неговата компанија во центарот на вниманието поради штетните ефекти на социјалните медиуми врз децата.
Жена од Калифорнија, која ги користела Инстаграм на Мета и Јутјуб на Гугл, изјави дека апликациите ѝ ја поттикнувале депресијата и самоубиствените мисли.
Тужителот почнал да го користи Јутјуб на шестгодишна возраст, Инстаграм на 11-годишна возраст, а потоа „Тик-ток“ и Снепчет. Овие последни две платформи веќе постигнале договор за компензација со жената.
Тужбата ги обвинува компаниите дека се обидуваат да ги „привлечат“ децата во своите услуги, иако биле свесни за негативните последици по менталното здравје што би можеле да ги предизвикаат.
Во центарот на спорот е прашањето дали социјалните мрежи предизвикуваат зависност кај децата.
Мета и Гугл ги негираа обвинувањата, а Мета се повика на студија на Националните академии на науките која не открила никаков ефект на социјалните медиуми врз менталното здравје на децата.
Доколку Мета го изгуби случајот, ќе мора да му плати отштета на тужителот, а таквата пресуда би имала влијание врз кредибилитетот на компаниите за социјални мрежи во време кога сè повеќе влади низ целиот свет ги забрануваат овие апликации за деца под 16 години, пренесуваат медиумите.
Зборувајќи пред судот, Закерберг рече дека жали што неговата компанија бавно ги препознавала корисниците под 13 години на Инстаграм. Додаде дека во меѓувреме се направени подобрувања.
– Би сакал да го постигнавме тоа порано – рече тој.
Минатата недела, на судењето сведочеше и шефот на Инстаграм, Адам Мосери, категорично отфрлајќи го концептот на зависност од социјалните мрежи.
Забраната за социјални медиуми за деца под 16 години веќе стапи на сила во Австралија.
Во Франција, законот што предвидува забрана на социјалните мрежи за корисници под 15 години е во парламентарна процедура. Во меѓувреме, се очекува Советот на министри на Шпанија да одобри слична забрана за корисници под 16 години и да ја испрати во парламентот.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц вчера објави дека би бил отворен за разгледување на таква забрана.
Норвешка, Грција, Обединетото Кралство, Данска, Италија и Холандија се меѓу многуте европски земји кои дебатираат за некаков вид забрана.
Свет
„Ер Форс Уан“ добива нов дизајн по желба на Доналд Трамп
Американскиот претседателски авион, познат како „Ер Форс Уан“, ќе добие нов дизајн со златна, темно црвена и темно сина боја. Тоа е изглед што го претпочита претседателот Доналд Трамп, отстапувајќи од шемата на бои воведена во 1960-тите за време на администрацијата на Џон Ф. Кенеди, објавува Би-би-си.
Воздухопловните сили на САД потврдија дека „Ер Форс Уан“ и другите авиони што ги користат високи американски функционери, вклучувајќи ја и првата дама Меланија Трамп, ќе добијат нова комбинација на бои за време на закажаните поправки и одржување. Тие исто така објавија и илустрација на новиот дизајн.
Златната боја, истакнат дел од новата комбинација, е една од омилените бои на претседателот Трамп, која тој често ја користи во Белата куќа и во неговите хотели.
Плановите за голем редизајн што Трамп првично ги предложи за време на неговиот прв мандат беа отфрлени од неговиот наследник, Џо Бајден. Новата палета на бои веќе е видена на макети на авионот во Белата куќа и се совпаѓа со изгледот на приватниот авион што Трамп го користеше за неговата кампања во 2024 година, понекогаш нарекуван „Трамп Форс Уан“.
Иако не е познато колку ќе чини боењето, американските воздухопловни сили изјавија за Би-Би-Си дека „не се очекува новите барања за бојадисување да резултираат со дополнителни одложувања или трошоци за програмата“.
Новата шема на бои ќе биде применета на авионот Боинг VC-25B што моментално го транспортира претседателот, четири авиони Ц-32 кои често се користат како „Ер Форс Ту“ за потпретседателот и нов авион дониран од Катар.

