Свет
Сенегал нуди бесплатна земја за жителите на Хаити кои сакаат да се вратат во прататковината
Сенегал им понудил бесплатно земја на жителите на Хаити, кои сакаат да се вратат во татковината на своите предци во Западна Африка, по катастрофалниот земјотрес на островот
Претседателот на Сенегал, Абдулаие Вад изјавил на средба со своите советници дека жителите на Хаити се синови и ќерки на Африка. „Претседателот предложи доброволно враќање на секој граѓанин на Хаити, кој сака да им се врати на корените“, изјавил претседателскито портпарол.Тој нагласил дека „Сенегал е подготвен да им додели парцела земја, дури и цел регион, зависно од тоа колку луѓе ќе се вратат“.„Ако дојдат само мал дел, веројатно ќе им се дадат само домови и мали делови земјиште, но ако пристигнат масовно, тогаш сме подготвени да им одвоиме цел регион“, додал портпаролот, потврдувајќи дека претседателот настојувал тоа да биде плодно, а не пустинско земјиште.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Фалсификуваните пари за Балканот и ЕУ најчесто доаѓаат од Романија
Најголемите количини фалсификувани пари што пристигнуваат на Балканот и во земјите на Европската Унија потекнуваат од илегални фабрики во Романија.
Криминалните групи ги набавуваат фалсификатите по цена од околу 20 отсто од вредноста на оригиналниот новац, што значи дека за еден милион евра лажни пари се плаќаат околу 200.000 евра.
Според наводите, во Романија се фалсификуваат евра, кувајтски динари и американски долари, додека британската фунта се смета за најтешка за фалсификување.
Членовите на овие групи често се претставуваат како Италијанци, Арапи, Грци или Чеси, а меѓу нив има и криминалци од просторот на поранешна Југославија. Тие преку огласи бараат недвижности, луксузни автомобили, јахти, скап накит, уметнички дела и други вредни предмети.
Средбите најчесто се организираат во градови на северот на Италија, а како алтернативи се користат и градови во Франција, земјите на Бенелукс или Шпанија. Криминалните групи дејствуваат во поголем состав, со цел да ѝ го отежнат работењето на полицијата, пренесе Танјуг.
Свет
Ученик пукал во училиште во Русија
Ученик од деветто одделение отворил оган со воздушна пушка во една гимназија во Уфа, најголемиот град во Република Башкортостан во Русија, потврди гувернерот на таа република Радиј Хабиров.
Според неговите зборови, во инцидентот немало повредени, а малолетниот напаѓач бил приведен. Како што пренесува руската агенција ТАСС, безбедносните служби веднаш реагирале, а состојбата во училиштето била ставена под контрола.
Хабиров наведе дека нема опасност за учениците и наставниот кадар и дека во моментов се утврдуваат сите околности поврзани со настанот.
Европа
Сојузник на Зеленски: Украинскиот народ е исцрпен, победа е запирање на војната
Висок политички сојузник на украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на мировен договор што ќе ги стави луѓето пред територијата.
Изјавата доаѓа пред големата конференција во Украина во четврток, на која ќе се соберат гувернери и градоначалници за да разговараат за условите за мир со Русија.
Виталиј Ким, гувернер на Николаевската област и едно од имињата во подем во украинската политика, предводеше огранок на партијата „Слуга на народот“ на претседателот Зеленски на изборите во 2019 година и беше назначен за регионален гувернер од Зеленски во ноември 2020 година, објавува „Индипендент“.
Ким зборуваше пред Форумот на градовите и заедниците на фронтот во 2026 година, каде што локалните лидери ќе се обидат да се договорат што очекуваат од мировниот договор, нагласувајќи ја подготвеноста да се префрли фокусот од граничните спорови на безбедносните гаранции. Запрашан за неговите приоритети во мировниот план поврзан со Доналд Трамп, гувернерот Ким рече: „Земјата е важна, но луѓето се поважни, а ситуацијата е таква што не знаеме што носи утрешниот ден“.
Ким призна дека перцепцијата за победата се променила под тежината на долготрајниот конфликт. „За мене лично, победата се нашите граници од 1991 година, среќни луѓе кои не умираат, но сите се многу уморни“, изјави тој.
„Затоа, за украинскиот народ, мислам дека победата е едноставно запирање на војната и добивање безбедносни гаранции за иднината, за нашите деца да можат да го имаат животот што го имавме пред инвазијата. Верувам дека за повеќето од нашите луѓе, победата е враќање во животот каков што беше порано. Ова е исклучително важно за нас бидејќи помина долго време.“

