Свет
Wyclef Jean под сомнеж за корупција со донираните пари за Хаити
Раперот Wyclef Jean кој е роден на Хаити, проговори во саботата во одбрана на својата фондација, откако беше обвинет за финансиски малверзации од страна на групациите надлежни за надгледување на средствата на хуманитарните организации, пренесе Associated Press
Jean коментираше дека е вџашен од тајмингот и природата на критиките на неговата хуманитарна организација „The Wyclef Jean Foundation Inc.“, која собра повеќе од два милиони долари наменети за помош на жртвите во земјотресот.„Невозможно е за мене да ги разберам неодамнешните напади на мојот карактер и на интегритетот на мојата фондација. Фактот дека овие напади доаѓаат во време кога сме мобилизирани за да се соочиме со најголемата трагедија во историјата на Хаити, уште толку ме збунува“, изјави Jean за американските медиуми.37- годишниот добитник на Греми награда, ги охрабрувал оние кои сакаат да донираат пари да испратат смс пораки со содржина “Yele” на бројот 501501, со што ќе донираат пет долари во неговата фондација, пари кои потоа треба бидат префрлени за жртвите од земјотресот во Хаити.Фондацијата, исто така позната и под името „Yele Haiti“, според нејзиниот претседател Hugh Locke, планира во текот на следната недела со Фед Екс авион, да испрати медицинска помош, вода и други неопходни материјали на Хаити.Прегледот врз финансиските средства на организацијата, направен од страна на Associated Press и други независни соработници покажал дека таа е во многу блиска врска со неговите други бизниси.Jean изјави дека никогаш лично не профитирал од неговата хуманитарна организација и дека лично донирал огромни свои средства на хуманитарната фондација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украина ги повлекува тенковите Абрамс од борба: Пет од нив веќе се уништени во руските напади
Украина ги повлече од борбата тенковите Абрамс М1А1 испратени до неа од САД, делумно затоа што нападите со руски беспилотни летала ја попречија работата на тие тенкови и затоа што тие се цел на напади, изјавија за АП двајца американски воени претставници.
Засега, тенковите се преместени од првите линии на фронтот, а САД ќе соработуваат со Украинците за да најдат нова тактика за користење на тие тенкови, изјавија заменик-претседателот на Здружениот генералштаб, адмирал Кристофер Грејди и неименуван претставник на одбраната.
САД одобрија испраќање 31 тенк Абрамс во Украина во јануари 2023 година, откако украинските власти побараа нивна испорака, тврдејќи дека тенковите, кои чинат по околу 10 милиони долари, се од витално значење за пробивање на руските борбени линии.
Оттогаш фронтот значително се промени, особено поради употребата на руски извидувачки беспилотни летала, што им отежна на украинските сили да ги заштитат тенковите Абрамс од руски напади, бидејќи беспилотните летала брзо ги откриваат, наведува АП.
Агенцијата додава дека пет од 31 тенк Абрамс веќе се уништени во руските напади.
Свет
Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека сојузниците ќе мора повеќе да се ангажираат за Киев да ја добие поддршката што ја вети Алијансата.
Во четвртокот, на состанокот на непрофитната организација „Атлантски мост“ во Берлин, Столтенберг рече дека членките на НАТО сега треба да го претворат она што и го ветија и обврзаа на Украина во итна испорака на оружје и муниција, објави Киев Индипендент.
„Во последните месеци, членките на НАТО не ја дадоа поддршката што ја ветија“, рече Столтенберг.
Свет
Во Аргентина откриен нов вид диносаурус
Аргентинските палеонтолози објавија дека откриле нов вид диносаурус, наречен Chakisaurus nekul, кој живеел пред околу 90 милиони години во областа на денешна Патагонија.
Chakisaurus nekula е тревојаден диносаурус со средна големина, а фосилот е пронајден во природниот резерват Пуебло Бланко, во јужната провинција Рио Негро, каде што претходно биле пронајдени бројни остатоци од други диносауруси, цицачи и риби.
Се смета дека најголемиот чакисаурус достигнал големина од три метри во должина и 70 сантиметри во висина, а новите студии покажуваат дека овој тип на диносаурус трчал брзо и имал невообичаено закривена опашка, наведува Ројтерс.