Свет
Талибаните во Кабул имале наредба да нападнат широко

Талибанските бомбаши кои во понедленикот извршија неколку самоубиствени напади во центарот на авганистанскиот главен град, имале наредба да изведа акции на што пошироко подрчје за да излгеда дека ги ма насекаде низ престолнината, изјавиле британски воени извори
Британскиот генерал Дејвид Ричардс за Reuters изјавил дека авганистанските безбедносни сили добро одговориле на нападот, со што ги демантирачле критизерите кои ја проблематизираа нивната способност за соочување со напади од поголеми размери. Бомбашите самоубијци вчера се разнесоа на неколку локации во Кабул, во близина на државните институции, додека друга група талибански милитантни се забарикадираа во запалениот трговски центар. „Талибаните на своите луѓе им наредиле да нападнат на што повеќе локации, без оглед на тоа дали ќе бидат или не успешни, за да го засиалт впечатокот дека ги има насекаде“, додал генералот Ричардс. Според британскиот генерал кој држал предавање во Вашингтон, во телефонси разговор со неговите колеги во Кабул му рекел дека во шесчасовните борби авганистанските војници и полицајци добро се држеле и на борбен и на тактички план.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Украина и Русија разменија заробеници

Украина и Русија денес одржаа нова размена на воени затвореници според јунскиот договор, без да го откријат нивниот број.
Двете земји неколку пати разменија воени затвореници во последните недели, што е единствената област на соработка меѓу двете завојувани страни кои не постигнуваат напредок во мировните преговори, според медиумите.
„На 4 јули, нова група руски војници се врати од територијата контролирана од режимот во Киев“, соопшти руското Министерство за одбрана.
Објави видео на кое се прикажани околу петнаесет војници опкружени со знамиња и извикуваат „Русија“ во автобус.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, исто така, ја потврди размената, велејќи дека повеќето од затворениците биле во руско заробеништво од 2022 година, вклучувајќи и цивили.
„Размените мора да продолжат. Целта на Украина е да ги ослободи сите наши сонародници притворени во Русија“, напиша Зеленски на апликацијата Телеграм.
На 2 јуни, Киев и Москва се согласија да ги ослободат сите воени заробеници под 25 години и тешко ранетите, како и да ги вратат останките на паднатите борци, што беше единствениот позитивен исход од разговорите во Истанбул.
Двете страни неодамна престанаа да откриваат информации за ослободените затвореници.
Свет
(Видео) Трамп на митинг: Демократите ме мразат, но и јас ги мразам, не можам да ги поднесам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно предизвика бран реакции со шокантна изјава, пишуваат светските медиуми.
„Тие ме мразат, но и јас ги мразам“.
Зборувајќи на митинг во Ајова, Трамп коментираше за фактот дека демократите не го поддржаа неговиот закон, кој го нарекува „одличен, прекрасен закон“. Во таа пригода, тој рече: „Тие го мразат Трамп, но и јас ги мразам, знаете? Навистина не можам да ги поднесам. Бидејќи верувам дека ја мразат нашата земја“.
BREAKING: In a shocking moment, Trump declares that he is unable to be a President to ALL Americans, as he hates Democrats. "They hate Trump, but I hate them too. I really do, I hate them. I can’t stand them."
What a small, hateful man. pic.twitter.com/hUKIGMs9g5
— Really American 🇺🇸 (@ReallyAmerican1) July 4, 2025
Изјавата веднаш предизвика остри реакции, особено од демократската страна. Ова не е прв пат Трамп да користи слична реторика кон политичките противници. Така, неодамна го нарече демократскиот кандидат за градоначалник на Њујорк, Мамдани, „луд комунист“, според написите во медиумите.
Конгресот вчера го одобри законот на Трамп, кој демократите го нарекоа „одвратна гнасотија“. Трамп тврди дека ќе ја зајакне Америка со даночна реформа и инвестиции во војската и безбедноста, додека демократите предупредуваат на укинување на бројни социјални мерки, даночни олеснувања за најбогатите и дополнително зголемување на огромниот американски јавен долг.
Свет
Зеленски се договорил со Трамп за зајакнување на заштитата на украинското небо

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека за време на телефонскиот разговор со неговиот американски колега, Доналд Трамп, се согласил да „ја зајакне заштитата“ на украинскиот воздушен простор по новиот масовен напад од страна на руски беспилотни летала и ракети.
„Разговаравме за опциите за противвоздушна одбрана и се согласивме да работиме заедно за зајакнување на заштитата на воздушниот простор“, рече Зеленски на Телеграм и додаде дека разговорот бил значаен.
Шефот на кабинетот на Зеленски, Андриј Јермак, изјави претходно денес дека телефонскиот разговор меѓу Зеленски и Трамп „бил многу важен и богат“.
Трамп претходно разговараше по телефон со рускиот претседател Владимир Путин, но немаше напредок кон прекинување на руската војна во Украина, пренесуваат светските агенции.