Свет
Спасувачките екипи на Хаити ја завршуваат активната фаза
Меѓународните спасувачки тимови кои работат во Порт о Пренс, ја завршуваат активната фаза на операциите за пронаоѓање преживеани
Досега се спасени 121 лице, соопштиле од службата за кооридинирање на хуманитарните прашањња во Женева. Според шефот на рускиот спасувачки тим во Хаити,како што пренесуваат странските медиуми Салават Мингалеев, завршуваат спасувачките акции и главното сега е хуманитарна и медицинска мисија. Од утре руските спасувачи ќе работат само по барање за извлекување луѓе од урнатините.„Сега во градот треба да работи тешка механизација за да се расчистат урнатините“, изјавил тој.Од силите на ОН во главниот град на Хаити беше побарано вчера да откријат пари од под урнатините на банките. Според претставник на ОН, властите сакалњ наскоро да ги отворат банките, но за таа цел требало да се најде место.Советот за безбедност на ОН Советот за безбедност на Обединетите нации едногласно ја прифатил Резолуцијата, според која, уште 3.500 странски војници и полицајци ќе бидат испратени во Хаити, со цел да се помогне во зачувувањето на безбедноста во земјата и во справувањето со последиците од катастрофалниот земјотрес што минатата недела ја погоди таа сиромашна карипска држава.Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун им предложил на членовите на Советот за безбедност да го зголемат бројот на мировни сили на Светската организација на Хаити за 2.000. Освен тоа, тој препорача и бројот на странски полицаји да се зголеми за 1.500.Војниците и полицајците ќе им се приклучеле на 9.000 соработници на силите за безбедност на ОН кои веќе се распоредени во Хаити.САД испратиле уште 800 маринци кои се вклучени во распределувањето на хуманитарната помош со што бројот на американски персонал во Хаити е 11.000 луѓе. Зголемениот број војници од САД е да се спречи и избувнување улични безредија.„Тие нема да патролираат низ улиците на градовите туку ќе бидат задолжени само за обезбедување при распоредување на хуманитарната помош“, соопштиле претставници од мисијата на ОН за стабилизација на Хаити.Претставници на мисијата негирале дека во Порт о Пренс почнале „масовни грабежи“.„Извештаите дека градот е под контрола на банди, за што известуваат некои медиуми, се лага“, изјавил претставник на мировниот контигент.Американски војници зазеле позиции крај главната болница во Порт о Пренс што се наоѓала во близина на претседателската палата. Здравствените власти побарале помош за да можат да продолжат да се грижат за многубројните жртви од земјотресот. Болницата ќе била обезбедувана во следните пет дена по што војниците ќе преземат други задачи. Според „Лекари без граници“, бројот на повредените е половина милион луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп ја тужеше сопствената администрација: бара 10 милијарди долари
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги тужеше Министерството за финансии на САД и УЈП за 10 милијарди долари поради објавувањето на неговите даночни пријави во медиумите во текот на 2019 и 2020 година.
Во тужбата поднесена во федералниот суд во Мајами од Доналд Трамп, неговите возрасни синови Доналд Трамп помладиот и Ерик Трамп, како и компанијата што го носи неговото име, се наведува дека агенциите не презеле „задолжителни мерки на претпазливост“ за да го спречат поранешниот вработен во Даночната администрација, Чарлс Литлџон, да ги предаде своите даночни пријави на „левичарските медиуми“, вклучувајќи го и Њујорк Тајмс, објавува денес Гардијан.
Тужителите изјавија дека претрпеле „значајна и непоправлива штета“ на нивниот углед и финансиски интереси и дека можат да бараат казнена отштета бидејќи истекувањето на информации било намерно или резултат на груба небрежност.
Овој случај го става Доналд Трамп во необична позиција да тужи владини агенции кои се дел од извршната власт, која тој ја раководи, пишуваат медиумите.
Во тужбата поднесена вчера, Трамп наведува дека „Њујорк тајмс“ објавил најмалку осум статии врз основа на информации што им ги дал Литлџон.
Се додава дека протекувањето на информации „предизвикало штета на угледот и финансиите, јавен срам, неправедно го нарушило нивниот деловен углед, ги претставило во лажна светлина и негативно влијаело врз претседателот Трамп и јавниот углед“ на другите тужители, пренесува Танјуг.
Свет
Русите ја погодија фабриката на „Филип Морис“ во Харков со ракета
Дел од фабриката „Филип Морис“ во Харков беше оштетен во синоќешниот руски ракетен напад, објави украинската филијала на компанијата, пренесува „Украинска правда“.
Службите за итни случаи се на местото на настанот, а гаснењето на пожарот е во тек. Според првичните извештаи, нема жртви во нападот.
Компанијата изјави дека фабриката во Харков не работи од почетокот на руската инвазија на 24 февруари 2022 година. Во 2024 година, „Филип Морис“ отвори нова фабрика во регионот Лавов, каде што беа преместени 250 вработени од фабриката во Харков.
Доцна синоќа Русите ја нападнаа Украина со балистичка ракета „Искандер-М“ и 111 борбени беспилотни летала од типот „Шахед“, „Гербера“, „Италмас“ и други. Соборени се 80 беспилотни летала, но регистрирани се и погодоци.
фото/илустрација
Свет
Орбан: ЕУ сака да ја прими Украина до 2027 година за да ѝ дадат пари од новиот буџет
Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, тврди дека ЕУ планира да ја прифати Украина до 2027 година за да може да има пристап до следниот седумгодишен буџет на Унијата, додека во исто време украинскиот претседател Володимир Зеленски се држи до целта за приклучување кон ЕУ до таа година, а Будимпешта е против тоа.
Во снимките објавени од унгарскиот меѓународен портпарол Золтан Ковач, Орбан тврди дека на лидерите на последниот самит на ЕУ им бил даден документ во кој е наведен планот на Брисел за прием на Украина во 2027 година.
„Тие сакаат да ја примат Украина во 2027 година затоа што сакаат да ѝ дадат пари од буџетот, од седумгодишниот европски буџет почнувајќи од 2028 година, што значи дека овие пари ќе бидат земени од нас, земјите од Централна Европа“, рече Орбан.
„Значи, постои временско ограничување за внесување на Украина во ЕУ пред почетокот на следниот седумгодишен буџет“, додаде тој.
Орбан го повтори своето противење на членството на Украина во ЕУ, тврдејќи дека Украина „не може да ја заштити Европа од Русија“ и дека тоа не ја зајакнува Европа, туку, како што вели тој, „ја влече во војна“.
фото/Depositphotos

