Свет
Хаити ќе преселува 400 илјади бездомници
Владата на Хаити ќе пресели околу 400 илјади луѓе кои во земјотресот останаа без покрив над главата, од импровизираните логори низ разурнатиот Порт-о-пренс во приградските подрачја
„Властите се загрижени поради лошите санитарни услови и појавата на болести во импровизираните населби како што е онаа на централниот градски плоштад Марсовите полиња“ изјави Фриц Лонгкамп, од канцеларијата на претседателот Рене Превал.„Плоштадот не е место за илјада или десет илјади луѓе. Ќе бидат преселени на места каде ќе има барем некои соодветни објекти“ вели Лонгкамп.Тој најави дека автобусите ќе започнат со преселување на луѓето во рок од една недела до десет дена, кога новите кампови ќе бидат подготвени. Стотина илјади луѓе, чии домови беа уништени на 12 јануари во разорниот земјотрес, се сместија на повеќе од 200 отворени простори низ градот. Среќниците осигураа шатори за семејството, но поголемиот дел живеат под отворено небо.Сепак десет дена по катастрофалниот земјотрес, најголем проблем претставува недостигот на храна. Според западните агенции, меѓу луѓето често доаѓа до судири за дневните оброци, а авионите со хуманитарна помош со денови чекаат на слетување на единствениот аеродром на Хаити. Во Порт-о-пренс дневно можат да слетаат најмногу 140 авиони, а на листа на чекање се 1.400 воздухоплови со хуманитарна помош од целиот свет.Првиот поголем брод, кој носи повеќе од 120 тони храна за Хаити се очекува денеска да пристигне во Порт-о-пренс, откако американската војска ги отстрани урнатините во пристаништето, кое беше сосема недостапно за бродови.Помошта за Хаити останува централна тема и во Обединетите нации. Генералниот секретар на организацијата Бан Ки-Мун и поранешниот американски претседател Бил Клинтон, ја покренаа програмата „Пари за работа“, кој предвидува вклучување на жителите на Хаити во обновата на земјата. ОН се надева дека во програмата ќе успее да вклучи околу 220 илјади Хаиќани, кои дневно ќе добиваат по пет долари. Во катастрофалниот земјотрес кој го погоди Хаити на 12 јануари, според официјалните податоци, загинале околу 75 илјади луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Припадничка на косовската полиција пронајдена мртва во куќа во Гњилане
Припадничка на полицијата на Косова, чиј идентитет не е соопштен е пронајдена мртва во нејзината куќа во Гњилане.
Полицијата соопшти дека починатата имала 46 години и дека нејзиното безживотно тело го пронашла полициска патрола околу 11.45 часот.
Исмет Хасани, портпарол на косовската полиција за регионот Гњилане рече дека полицијата веднаш по пријавата излегла на местото на настанот каде го пронашла безживотното тело на нивната колешка.
Повеќе детали ќе бидат соопштени подоцна по завршување на истрагата која е во тек.
Свет
Блинкен: Русија мора да плати за тоа што Путин го уништи во Украина
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави денеска за време на неговата посета на Киев дека рускиот претседател Владимир Путин ја уништи Украина и затоа Русија треба и мора да плати за обновата.
Според него, САД имаат намера да ја искористат својата моќ и да ги користат руските средства (за обнова на Украина), пренесува Ројтерс.
„Ние работиме со нашите партнери од Г7 за да ги искористиме замрзнатите руски државни средства за да ја вратиме штетата направена од Путин“, рече Блинкен за време на посетата на Киев.
Свет
Голема акција во Италија: 142 лица се приведени за шверц на дрога, меѓу кои и цариници и полицајци
Италијанските власти соопштија дека денеска во операција против калабриската мафија Ндрангета („Свети луѓе“) привеле 142 лица активни во трговијата со дрога од клановите на градот Козенца, на југот.
Полицијата вели дека овие луѓе се осомничени за врски со „Ндрангета, трговија со дрога, мафијашко здружение и други злосторства.
Приведен е и службеник на италијанската царина и финансиска полиција.
Обвинителот на блискиот град Катанзаро, Винченцо Капомола, изјави за новинарите дека мафијашките групи ги „гушат“ трговците и претприемачите изнудувајќи од нив пари, а дека користат дури и малолетници за нивната главна дејност – трговија со дрога.