Контакт

Свет

Индија предупредува на можни киднапирања авиони

Објавено пред

Индиското министерство за внатрешни работи препорача дополнителни мерки на сигурност за индиските авионски летови поради можни закани од милитанти за киднапирање авиони на националната компанија Еар Индија, пренесува Ројтерс

dobivaj vesti na viber

Предупредувањето пристигнува непосредно пред Денот на Републиката, што е во втоник, кога вообичаено се преземаат поголеми сигурносни мерки.Индија ги засили безбедносните мерки од евентуални закани од милитанти по нападите во Мумбај во 2008 година, кога беа убиени 166 луѓе што ја подигна тензијата со нуклеарно вооружениот сосед Пакистан.„Ги предупредивме сите од цивилната авијација на можни обиди за киднапирање авиони на индиските летови“, изјавил за Ројтерс специјалниот секретар за внатрешна безбедност, У.К. Бансал.„Ова најверојатно доаѓа од терористички групи кои се основани да работат против интересите на Индија“, додал тој, но не прецизирал за кои групи се работи.Портпаролот на Еар Индија не ги коментирал заканите, но рекол дека до крајот на денот ќе излезат со официјално соопштение. Министерството за внатрешни не препорачува откажување летови, но предлага да се преземат дополнителни безбедносни мерки, информирал Бансал.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Фон дер Лајен и Калас се оградуваат од корупциската истрага по апсењето на Могерини

Објавено пред

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, се дистанцира од обвинувањата за корупција што ја погодија Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), а претставници на ЕК изјавија дека истрагата не ја вклучува шефицата на Комисијата, пишува бриселскиот „Политико“.

dobivaj vesti na viber

Белгиските власти во вторник извршија рација и ги притворија поранешната висока претставничка на ЕУ, Федерика Могерини, и поранешниот генерален секретар на ЕЕАС, Стефано Санино.

Комисијата соопшти дека случајот произлегува од претходната улога на Санино во ЕЕАС.

Санино вчера се повлече од функцијата шеф на одделот на Комисијата за Блискиот Исток, Северна Африка и Заливот.

Претставниците на Комисијата тврдат дека истрагата за наводното местење на тендери за академија за обука на идни дипломати на ЕУ нема никаква врска со фон дер Лајен, бидејќи дипломатската служба е посебна институција.

Високата претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, исто така се дистанцира од истрагата.

Калас им кажа на вработените во ЕЕАС дека обвинувањата против Могерини и Санино се „длабоко шокантни“, но дека се случиле пред нејзиниот мандат, наведувајќи ги реформите започнати откако таа ја презеде функцијата.

Според изјавите на вработените во ЕЕАС, имало прашања за начинот на кој Санини ги извршувал дипломатските функции, вклучително и тврдења за фаворизирање.

Службеници на ОЛАФ претходно ја посетиле неговата канцеларија во ЕЕАС, додека Комисијата вели дека немала сознанија за претходните жалби кога го вработила.

Европското обвинителство во вторник објави дека побарало укинување на имунитетот за неколку осомничени, но не беше прецизирано за кои тела биле поднесени барањата.

Според претставници на ЕУ, барањето за одземање на имунитетот на Санини било испратено до ЕЕАС во септември, додека Комисијата не била информирана за тоа. ЕЕАС соопшти дека ќе постапува во согласност со законот.

Могерини, Санини и третото приведено лице се сметаат за невини додека не се докаже спротивното.

Санини не одговори на барањето за коментар.

Прикажи повеќе...

Свет

Силен земјотрес во Кина

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 6,4 степени го погоди кинескиот регион Јужен Синџијанг, во близина на границата со Киргистан, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

dobivaj vesti na viber

Земјотресот се случил утрово во 7:44 часот на длабочина од 10 километри.

Во моментов нема информации за потенцијални штети или жртви.

Прикажи повеќе...

Свет

Белгискиот премиер: Русија нема да изгуби војна, тоа е илузија

Објавено пред

Белгискиот премиер Барт де Вевер предизвика остри реакции со изјавата дека Русија нема да го загуби војната во Украина, нарекувајќи го таквиот исход „бајка и илузија“, пренесе РБК-Украјина врз основа на неговото интервју за „Ла Либре“.

dobivaj vesti na viber

Тој изјави дека замрзнатиот руски имот на крајот ќе мора да ѝ биде вратена на Москва и дека секој обид за конфискација е кражба.

Де Вевер нагласил дека Белгија е под огромен притисок околу прашањето за одземање руски средства, но дека тоа би било чекор без преседан.

Тој додал дека дури и поразот на Русија би бил непосакуван поради ризикот од нестабилност во нуклеарна сила.

Премиерот тврди дека Кремљ упатил директни закани до Брисел со најава за „вечна одмазда“ доколку Белгија дозволи ЕУ да ја конфискува руската имот.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија31 минута

Друг затвореник признал дека се негови 13-те мобилни и лаптоп најдени во ќелијата на Џеваир Камбери, обвинет за „Пулс“

Тринаесетте мобилни телефони и еден лаптоп пронајдени во ќелијата на обвинетиот за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, Џеваир Камбери, не...

Свет2 часа

Посетата на Путин на Индија: Нафта, оружје и геополитичка порака до светот

Рускиот претседател Владимир Путин оди во Индија во дводневна посета, каде што се очекува да се сретне со премиерот Нарендра...

Европа3 часа

(Видео) Украинците: Го нападнавме рускиот нафтовод „Дружба“

Во понеделникот, уште една експлозија го потресе рускиот нафтовод „Дружба“, потврдија извори од украинското воено разузнавање (ХУР) за „Киев пост“....

Свет3 часа

Британците и Норвежаните потпишуваат договор: заедно ќе ги следат руските подморници

Велика Британија и Норвешка денес ќе потпишат нов договор за одбранбена соработка, планирајќи заедничко управување со флота од фрегати за...

Свет4 часа

(Видео) Се урна американски „Ф-16“

Американски борбен авион F-16C Fighting Falcon на воздухопловни сили „Thunderbirds“ се урна во оддалечена пустинска област јужно од аеродромот Трона,...

Свет4 часа

Нови израелски напади врз Газа: погодени шатори за бегалци, повеќе мртви

Петмина Палестинци вчера беа убиени, а неколку други беа повредени кога израелските авиони гаѓаа шатори и импровизирани засолништа за раселени...

Свет4 часа

Мадуро потврди дека разговарал со Трамп

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро во средата потврди дека пред околу 10 дена имал „срдечен и полн со почитување“ телефонски разговор...

Свет4 часа

ОН усвои резолуција за враќање на киднапираните украински деца: Русија и 11 други земји гласаа против

Генералното собрание на Обединетите нации усвои резолуција со која се бара од Русија да обезбеди итно, безбедно и безусловно враќање...

Македонија16 часа

Куновска по оставките во СДСМ:„Сите дома, тој останува“

Поранешната пратеничка и функционерка во СДСМ, Софија Куновска, на „Фејсбук“ објави критички статус откако вчера, на барање на партискиот лидер...

Македонија17 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Ние како мнозинство немаме од што да бегаме, ќе се расчистат сите прашања поврзани со трагедијата во Кочани

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, изјави дека во периодот кога државата ја воделе СДСМ и ДУИ се закажувале анкетни комисии,...

Македонија21 час

(Видео) Филипче: Посебна анкетна комисија за трагедијата во Кочани, тоа е барање на родителите

Нашиот став е дека ние ќе ги поддржиме двете анкетни комисии. Едната којашто ја предлага владеачкото мнозинство каде сакаат да...

Македонија22 часа

(Фото) Поставени дигитални уреди за мерење бучава кај кафеаните во Дебар Маало

Општина Центар започна со имплементација на паметен систем за следење на бучавата, преку поставување на дигитални индикативни уреди на местата...

Македонија23 часа

Осигурителни компании склучиле картел и се договориле да ја зголемат цената за автомобилското осигурување

Десет осигурителни компании се казнети со 17.266.930 денари затоа што се договориле да ја зголемат цената за автомобилската одговорност што секој...

Македонија24 часа

„РКЕ да ја преземе во целост надлежноста во формирањето конечна цена на водата“, порака од тркалезната маса

РКЕ да ја преземе во целост надлежноста во формирањето конечна цена на водата – е пораката од тркалезната маса „Иницијатива...

Македонија24 часа

Засилени контроли на градилиштата во општина Аеродром: изречена глоба од 1.300 евра за непочитување на законот

Општина Аеродром изрече парична глоба од 1 000 евра за правно лице и 300 евра за управителот на истата фирма...

Топ24 часа

(Видео) Турканици и викање: уапсени три лица во Трново, не им дозволиле на полицајците да влезат на имотот

Полицијата уапси три лица од кривопаланечко кои попречувале полициски службеници и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство при извршување...

Свет1 ден

Висок функционер на НАТО: Путин блефира, не верувам дека е подготвен за војна со Европа

Висок функционер на НАТО верува дека рускиот претседател Владимир Путин блефира за својата подготвеност за војна против Европа. Зборувајќи со...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Колку криминални шеми имаат издејствувано Заев, Филипче и Николовски, Обвинителството да отвори постапка

„Заев му помогнал со отпишување на жито за 800.000 евра, Љупчо Николовски возвратил со грант за „Мамас“ од 1,4 милиони...

Свет1 ден

НАТО ја зголемува поддршката за Украина: пристигнува нова резерва оружје и муниција

Министрите за надворешни работи на НАТО ќе се состанат денес во Брисел за да разговараат за понатамошна поддршка за Украина,...

Свет1 ден

(Видео) Трамп заспа на состанок на кабинетот откога се пофали со својата острина

На почетокот на состанокот на кабинетот во вторник, американскиот претседател Доналд Трамп не ја пропушти можноста повторно да го спомене...