Свет
Потомците на нацистите се стерилизираат за да ги прекинат гените
Првпат потомците на озлогласените лидери од нацистичкиот режим јавно проговориле за болката и гадење што го чувствуваат кон своите предци
Една од нив е и Бетина Геринг, роднина на Херман Геринг, основач на тајната полиција Гестапо и еден од најмоќните луѓе од Третиот рајх.Бетина признала дека пред некое време извршила стерилизација бидејки не сака да раѓа деца кои ќе имаат гени на својот озлогласен чичко.Адолф Ајкман, човекот кој ги праќал европските Евреи во логорите на смрта, го оставил зад себе синот Ричард кој се срами да зборува за тоа кој му бил татко.Тој никогаш нема да сфати зошто неговиот татко е еден од креаторите на холокаустот.Хитлер нама потомци но затоа има многумина од оние кои го опкружувале, а кои оставиле зад себе семејства. Некои се сеќаваат дека Хитлер понекогаш ги галел по гавата.Режисерот Чаноча Зевија, на израелскиот документарен филм „Децата на Хитлер“, открил многу луѓе што се срамат од делата на своите предци.Никлас Франк, на кој Хитлер му бил кум, а татко му нацистички гувернер на окупираната Полска, кога и да помислел на тоа колку неговиот татко испраќал луѓе во логорот на смрта, чувствувал гадење и презир.Режисерот успеал да пронајде фасцинантна сличност помеѓу емоциите на оние кои биле вклучени во програмирање на холокаустот и оние кои го преживеале. Некои дури имале прилика да ги запознаат децата на оние што ги мачеле и прогонувале.Братот на Бетина исто така одлучил да се стерилизира, бидејки не сакал неговите деца да му бидат чудовишта. Доволно му е што личи на вујко му.Херман Геринг бил осуден на смрт заедно со 11 нацистички лидери во Нирнбершкиот процес во 1946 година. Меѓутоа ноќта пред егзикуцијата тој извршил самоубиство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп со порака до демонстрантите во Иран: Продолжете да протестирате, помошта доаѓа
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги поддржа демонстрантите во Иран и ги повика да продолжат да протестираат.
Тој ги откажа средбите со иранските претставници и рече дека американската помош е на пат.
„Ирански патриоти, ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ПРОТЕСТИРАТЕ – ПРЕЗЕМЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ИНСТИТУЦИИ!!! Запишете ги имињата на убијците и насилниците. Тие ќе платат висока цена. Ги откажав сите средби со иранските претставници сè додека не престане бесмисленото убивање на демонстрантите. ПОМОШТА ДОАЃА. МИГА!!! ПРЕТСЕДАТЕЛ ДОНАЛД Џ. ТРАМП“, објави тој на својот профил на социјалните мрежи Truth Social.
фото/Depositphotos
Свет
Разрешен ураинскиот министер за одбрана
Украинскиот парламент, Врховната рада, го разреши министерот за одбрана Денис Шмихал од должноста, кој треба да ја преземе функцијата министер за енергетика.
265 пратеници гласаа за одлуката, додека пратениците од Европската солидарност и дел од партијата Холос (Глас) се воздржаа, пишува Украинска правда.
Шмихал беше назначен на функцијата министер за одбрана во јули 2025 година. На 9 јануари, парламентот ги прими оставките на Шмихал и Михајло Федоров, првиот вицепремиер на Украина и министер за дигитална трансформација.
Претседателот Володимир Зеленски се сретна со Шмихал на 3 јануари и рече дека очекува парламентот да го одобри неговото назначување на позициите вицепремиер и министер за енергетика.
фото/епа
Свет
Дел од персоналот на француската амбасада го напушти Иран
Неесенцијалниот персонал во француската амбасада го напушти Иран, потврдија за агенцијата „Франс Прес“ два извори запознаени со ситуацијата.
Според нив, персоналот го напуштил Иран во текот на претходните два дена, но не беше објавено колку луѓе заминале.
„Заштитата на нашиот персонал и нашите граѓани е приоритет“, изјави за АФП функционер на француското Министерство за надворешни работи.
Истовремено, три европски земји ги повикаа иранските амбасадори на разговори во врска со репресијата на режимот врз демонстрантите во Иран.
Холандскиот министер за надворешни работи, Давид ван Вил, изјави дека го повикал иранскиот амбасадор „за формално да протестира против прекумерната употреба на сила против демонстрантите, масовните произволни апсења и исклучувањето на интернетот“. Тој додаде дека потегот е направен во координација со европските партнери.
Финска, исто така, го повика иранскиот амбасадор на разговори. Финската министерка за надворешни работи Елина Валтонен изјави: „Иранскиот режим го исклучи интернетот за да може да убива и угнетува во тишина“.
Шпанската министерка за надворешни работи, исто така, го повика иранскиот амбасадор на разговори.
Шпанското Министерство за надворешни работи побара од Техеран да ја прекине блокадата на комуникациите и да ги запре апсењата на демонстрантите.

