Свет
Етиопски патнички авион се урна во либанските води
Авион со 92 патници и членови на екипажот се урна утрово во Средоземното Море по полетувањето од Бејрут.Меѓу исчезнатите е и сопругата на францускиот амбасадор во Либан, Мариа Пиетон
Боинг 737 на Ethiopian Airline исчезнал од радарот во 2.27 часот, пет минути по полетувањето од аеродромот „Рафик Харири“ во Бејрут. Авионот се урнал во морето три ипол километри од либанскиот брег, односно петнаесетина километри од Бејрут, соопшти либански министер за сообраќај, Гази Ариди, пренесе Reutters.Авионот патувал за Адисабеба, а во моментот на полетувањето владеела бура, пренесе германската агенција DPA. Либанските власти покренале голема спасувачка потрага.Очевидци изјавиле дека непосредно малку пред паѓањето на авионот во морето забележале објект во пламен кој паѓа кон морето.CNN пренесе дека во авионот имало 83 патници, од кои 54 Либанци, 22 Етиопјани, двајца Британци, по еден Ирачанец, Сириец, Канаѓанец, Русин и еден француски државјанин. Во авионот имало и седум членови на екипажот.Авиокомпанијата во државна сопственост Ethiopian Airlines е една од најголемите во Африка. За разлика од неколку африкански превозници на кои не им е дозволено летањето во европскиот воздушен простор, поради многу лошата безбедносна состојба на нивните летала, Ethiopian Airlines има лиценца со која може да врши авиопревозничка дејност на европскиот континент. ИСто така компанијата оперира и на други три континента и одржува вкупно 56 дестинации низ светот.Авиокомпанијата е високооценета според безбедносната евиденција а од 2006 г. проширувајќи се на пазарот во Азија, со големи плати привлече добро образовани и обучени квалитетни азиски пилоти.Најголеми несреќи во историјата на Ethiopian Airlines се случија во септември 1988 г,, кога авион удри во јато птици во текот на полетувањето, при што загинаа 31 патници од вкупно 105. Во ноември 1996 г., авионот на летот за Брегот на Слоновата Коска, беше грабрнат од тројца киднапери кои го насочиај пилотот кон Австралија, но при обидот за слетување во близина на Коморите, при истекување на горивото авионот се урне при што загинаа 130 од 172 патници и членови на екипажот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала во Јадранското Море
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала го погоди југот на Хрватска во 21:48 часот вчера вечер.
Епицентарот бил на длабочина од 15 километри во Јадранското Море јужно од Корчула, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Во вторникот, земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во близина на Ливно. Беше почувствуван и во Далмација.
Свет
(Видео) Лавина во Калифорнија: Осум скијачи загинаа, еден е исчезнат
Осум скијачи загинаа, а еден е исчезнат во лавина во планините Сиера Невада во Калифорнија, соопштија властите во среда, во една од најсмртоносните вакви несреќи во историјата на САД. Спасувачите извлекоа шест преживеани по снежната бура што фрли неколку метри нов снег во Сиера во последните денови.
Лавината се случи во 11:30 часот наутро во близина на Касл Пик во Траки, Калифорнија, 15 километри северно од езерото Тахо, и затрупа група скијачи.
Преживеаните се засолниле под церади и комуницирале со спасувачите преку радио и СМС-пораки. Скијачите завршувале тридневно патување со водич. Во групата имало 11 од нив и тие престојувале во колиби на надморска височина од 2300 метри.
Сиера Невада добива повеќе од 9 метри снег во типична зима, што ја прави едно од најснежните места на западната хемисфера. Во текот на изминатите десет години, лавините во САД убиле просечно 27 луѓе годишно, според Центарот за лавини во Колорадо.
Свет
Десетина демократи ќе го бојкотираат говорот на Трамп за состојбата на нацијата
Група демократски сенатори и пратеници најавија дека нема да присуствуваат на говорот на американскиот претседател Доналд Трамп за состојбата на нацијата, туку ќе организираат собир на отворено како протест против неговата политика.
Настанот под наслов „Народен говор за состојбата на нацијата“ ќе се одржи во близина на Капитол, непосредно пред обраќањето на Трамп. Меѓу најавените учесници се сенаторите Џеф Меркли, Крис Марфи и Крис Ван Холeн, како и неколку пратеници од Претставничкиот дом.
Од Белата куќа реагираа дека не е изненадување што демократите одбиваат да ги поддржат политиките на републиканците, вклучително и иницијативите за даноци и депортација на имигранти.
Демократите тврдат дека Трамп го користи говорот како политичка платформа наместо како момент за обединување на нацијата. Дел од нив ќе присуствуваат во Конгресот, но планираат да изразат незадоволство на други начини.
Годишниот говор за состојбата на нацијата првпат го одржал Џорџ Вашингтон во 1790 година, а со текот на времето се претворил во значаен политички настан.

