Свет
Уште два земјотреса на Хаити

Точно две седмици по катастрофалниот земјотрес, Хаити во вторник е погоден од уште два послаби земјотреса, јави Reuters
Според американскиот Геолошки институт, еден од денешните земјотреси бил со силина од 4,4 степени според Рихтер. Според податоците на оваа американска институција, по 12-ти јануари која Хаити, поточно подрачјето околу главниот град Порт-о-пренс беше погодено од разорниот земјотрес со магнитуда од 7,3 степени, при што загинаа повеќе од 150 илјади луѓе, досега се случиле уште 50 послаби земјотреси, од кој најсилниот имаше магнитуда од 5,9 степени според Рихтер. На критиките за американската реакција на земјотресот на Хаити, државната секретарка Хилари Клинтон денеска во Стејт-депратментот изјави дека многу им забележува на критизерите и оние коишто ги напаѓаат САД, како што вели „американската велокодушност и лидерството на американскиот претседател кој прави се’ за да им помогне на настраданите во катастрофата“.Имено, левичарските влади на латино-американските држави Венецуела, Боливија и Куба ги критикуваат САД, тврдејќи дека американската војска дошла на Хаити да ја окупира земјата а не да помогне. Денеска и високи претставници на италијанските власти демонстрираа незадоволство од недостигот на синхронизирана меѓународна помош за Хаити, тврдејќи дека Вашингтон таму има премногу војска без вистински лидер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Судот на правдата на ЕУ: Изгубен миленик на лет се смета како изгубен багаж

Судот на правдата на Европската унија донесе одлука дека домашните миленици кои се превезуваат со авион се сметаат за „багаж“, а не за патници.
Одлуката следи по случај во кој куче исчезнало при пренос до авион на лет од Буенос Аирес до Барселона, по што сопственичката побарала 5.000 евра отштета.
Судот оцени дека, според Монреалската конвенција, авиокомпанијата не е должна да исплати поголема отштета од онаа предвидена за изгубен багаж, освен ако патникот претходно не доставил специјална изјава за вредноста на пратката.
Свет
Евакуирано средно училиште во Италија по истекување на амонијак

Во италијанскиот град Пескара беше евакуирано државното средно училиште „Маркони“ откако во просториите се почувствувал силен мирис од непознато потекло, поради што на многумина им се слошило.
Според италијанските медиуми, повеќе од 1.000 ученици биле итно евакуирани, а неколкумина се хоспитализирани, меѓу нив и пожарникари кои пристигнале на интервенција, пренесе „ТВ Раи“.
Првичните информации укажуваат дека причината најверојатно е истекување на амонијак од лабораторијата, иако не се исклучува ниту можноста за цурење гас од климатизацијата.
Заменичката градоначалничка на Пескара, Марија Рита Карота, нареди итно затворање на училиштето до понатамошна проверка.
Свет
Мерц: Без реформи, Европа ќе стане пиун на Азија и САД

Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, предупреди дека Европската унија ризикува да ја изгуби својата економска независност ако итно не спроведе реформи за зголемување на конкурентноста.
Во обраќање пред германскиот парламент, во пресрет на самитот на ЕУ во Брисел, Мерц рече дека во наредните години ќе се решава дали Европа ќе остане независна економска сила или ќе стане „пиун на економските центри во Азија или Америка“.
Тој ја повика ЕУ да го намали бирократскиот товар за компаниите, да го зајакне единствениот пазар и да потпише нови трговски договори, особено со јужноамериканскиот блок Меркосур до крајот на годината.
Мерц се соочува со растечки притисок дома поради економската стагнација во Германија, која се влошува поради царинските политики на американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој истакна дека решенијата за европската економија веќе постојат во извештаите на Марио Драги и Енрико Лета, кои предлагаат продлабочување на внатрешниот пазар и јакнење на конкурентноста, додавајќи дека тие препораки треба веднаш да станат дел од агендата на Европската комисија.