Свет
Америка ќе му продава оружје на Тајван
Американското министерство за одбрана во петокот предложи да му се продаде оружје на Тајван во вредност шест милијарди долари што ќе ја усложни иницијативата на администрацијата на претседателот Обама за подобрување на односите со Кина, пишуваат американските медиуми
Предлогот за продажба на американското оружје ги вклучува напредните типови на ракетите Патриот во вкупна вредност од 2,8 милијарди долари,, хеликоптерите UH-60 Блекхок во вредност од 3,1 милијарди доалри, и проектилите Харпун за 37 милиони долари. Овој план Пентагон во петокот го претстави пред Конгресот, и за него во родк од 30 дена ќе моЕ да се ставаат приговори. САД го вооружуваат Тајван под клаузула за самоодбрана, билатерален договор од 1979 г. Според, што ја иритира Кина која при иста ваква продажба ан американско оружје во октомври 2008 г. Ги прекина воените разговори со САД.Објавувањето на продажба на оружје за Тајван доаѓа во моментот кога претседателот Барак Обама се обидува да ги подобри односите со Кина со која очекува соработка во поглед на прашањата околу Иран, Северна Кореја и климатсите промени. Како што пренесуваат американските медиуми, кинескиот амбасадор во Вашингтон, Ванг Баодонг, веднаш реагирал пренесувајќи дека Кина е цврста во противењето на продажбата на оружје на Тајван.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.

