Контакт

Свет

Новинар добил затвор затоа што соработувал со странски медиуми

Објавено пред

Виениот суд во Бурма го осудил новинарот Нгве Со Лин на 13 годишна затворска казна, затоа што според обвинителството нелегално соработувал со странски медиумски организации чие седиште е во Норвешка, пренесе BBC

Аунг Теин, адвокат на новинарот Нгве Сое Лин, потврдил за медиумите дека неговиот клиент е осуден за наводно кршење на законот за имиграција и законот за електронски медиуми, бидејќи нелегално известувал за Демократски глас на Бурма, чие уредништво е во Норвешка. Според адвокатот нема докази дека Со Лин го сторил делото, па го повикува судот да ја преиспита својата одлука. Во Бурма која се наоѓа во Бенгалскиот залив на власт е воена хунта која воспостави контрола и врз сите медиуми и ги цензурира медиуми. Со Лин е уапсен во април минатата година додека излегувал од итнернет-кафе во главниот град Рангун, и веднаш бил ставен во притвор.Здружението на бурманските новинари заради прогонот од хунтата го пресели своето седиште во Тајланд, соопшти дека власта во нивната татковина само во 2009 г. уапсила 14 новинари. Во декември минатата година, слободната новинарка Хла Вин е осудена на 20 години затвор затоа што на Демократски глас на Бурма му испратила видеоматеријал.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

(Видео) Од петок карантин во цела Франција

Објавено пред

Францускиот претседател Емануел Макрон прогласи каратин од петок што ќе трае најмалку до 1 декември.

„Бранот се рашири низ цела Европа, несомнено ќе биде посилен и поубиствен од првиот“

„Вирусот циркулира со брзина што не ја предвидуваат ниту најпесимистичките прогнози“, рече Макрон на почетокот на своето обраќање. Тој рече дека сите француски региони се во црвено.

„Бранот ја зафаќа цела Европа. Дали сторивме сè како што треба? Не. Но, направивме се што можеме. Нашата стратегија, со оглед на информациите што ги имавме, беше вистинската“.

Тој рече дека Франција е преплавена од втор бран „кој несомнено ќе биде помоќен и поубиствен од првиот“. Изрази увереност дека 9000 пациенти ќе бидат на интензивна нега до средината на ноември, што би значело дека капацитетите ќе бидат речиси полни.

„Вирусот ги погодува сите генерации“, рече Макрон, нагласувајќи дека задачата е да се заштитат оние кои обезбедуваат грижа за болните.

„Треба да ја заштитиме економијата“, рече Макрон, додавајќи дека рамнотежата е важна, меѓутоа, ништо не е поважно од човечките животи.

„Франција никогаш нема да усвои стратегија на колективен имунитет. Оваа опција ќе доведе до скоро 400.000 дополнителни смртни случаи”, рече францускиот претседател.

Карантин од петок, на луѓето ќе им биде дозволено да го напуштат домот само од оправдани причини

Макрон прогласи карантин, почнувајќи од петок. Според новите мерки, на луѓето ќе им биде дозволено да ја напуштаат куќата само заради неопходни обврски, работа или од здравствени причини. Во секој од овие случаи, луѓето ќе мора да пополнат образец за да го оправдаат напуштањето.

Карантинот вклучува и забрана за собирање.

Училиштата ќе останат отворени, како и градинките.

Макрон објасни дека карантинот ќе трае најмалку до 1 декември. Тој се надева на вакцина во текот на летото, повикувајќи се на проценки на научници.

„Имам доверба во нас. Ќе се издигнеме уште еднаш и ќе бидеме обединети. Да живее Република и да живее Франција”, го заврши Макрон своето телевизиско обраќање во живо.

Најавата на Макрон за карантин доаѓа по рекордните бројки на заразени во земјата.

Прикажи повеќе...

Регион

Избрана новата српска Влада

Објавено пред

Изгласана е новата Влада на Република Србија. „За“ гласаа 227 пратеници во Собранието на Србија, додека петмина беа „против“. Немаше воздржани, јавува „Б92“.

Утрово, мандатарот за состав на новата влада, Ана Брнабиќ, ги претстави членовите на кабинетот, а како што најави претседателот на републичкиот парламент, Ивица Дачиќ, гласањето се одржа околу 20 часот.

Предлогот за состав на новата влада пристигна во Собранието на Србија во вторникот, а потоа имаше повеќе сомнежи во јавноста, како на пример прашањето кој ќе биде новиот министер за образование и кој ќе биде министер за здравство.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Црна Гора 301 новозаболен од коронавирус, седум лица починале

Објавено пред

Во последните 24 часа во Црна Гора се регистрирани 301 новозаболен од коронавирус и седум смртни случаи.

Тестирани се 793 лица. Епидемиологот од Институтот за јавно здравје др. Милко Јоксимовиќ претходно денес изјави дека поради недостаток на материјал, 2.500 примероци чекаат на тестирање.

Најмногу заразени има во Подгорица – 162.

Од почетокот на јуни, 273 лица починале од последиците на коронавирусот, а од почетокот на годината 282 пациенти.

Во последните 24 часа оздравеле 234 пациенти.

Во моментов, активни се 3.625 случаи на коронавирус, а од март се регистрирани вкупно 17.392 заболени лица, пренесува Танјуг.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Маските стануваат задолжителни на отворено, Собранието ги изгласа законските измени

Собранието вечерва со 53 гласови за, 26 воздржани и ниту еден глас против ги изгласа измените во Законот за заштита...

Македонија5 часа

Славјанка Петровска позитивна на коронавирус, качила температура додека била на седница во Собранието

Актуелната пратеничка во Собранието од СДСМ и поранешна дополнителна заменичка на министерот за внатрешни работи во техничката влада Славјанка Петровска...

Македонија5 часа

Во Скопје рекорден број новозаразени, Аеродром надмина 700 активни случаи

Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани рекордни 422 нови случаи на Ковид-19, а во тој период починале тројца...

Македонија7 часа

Рекордни 870 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа 14 лица

Во последните 24 часа во Македонија 14 лица починаа од коронавирус, а потврдени се 870 нови случаи од  2.647 тестирања,...

Свет8 часа

Германија воведе строги мерки: рестораните, кината и баровите ќе бидат затворени 4 недели

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека германските власти се согласиле на четиринеделен делумен карантин. Во овој временски период затворени...

Македонија10 часа

ВМРО-ДПМНЕ утре на протести поради загадениот воздух

ВМРО-ДПМНЕ повика утре на протести поради загадениот воздух. Протестите ќе се одржат во Скопје, Битола, Струмица, Тетово и Куманово. Протестот во...

Македонија12 часа

МОН го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение

Министерството за образование и наука го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение поради несоодветна и дискриминирачка содржина. „Во...

Македонија12 часа

Пауновски: Нови вработувања ќе има в година, дотогаш ќе се снаоѓаме

Државниот пазарен инспекторат добил од Владата ветување дека в година ќе им бидат одобрени бараните 20 нови вработувања. Директорот на...

Македонија13 часа

Поради контакт со Спасовски, само едно лице е во изолација

Државниот санитарен и здравствен инспекторат издал само едно решение за изолација на лице што било во контакт со министерот за...

Македонија13 часа

Пожарникарите протестираа пред канцеларијата на Шилегов

Пожарникарите на мирниот протест пред канцеларијата на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, порачаа дека не се откажуваат од своето барање...

Македонија14 часа

Поранешениот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, осуден на шест години затвор

Поранешениот шеф на кабинетот на ексдиректорот во УБК, Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, е осуден на шестгодишна затворска казна во случајот...

Македонија14 часа

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – совет во учебник по македонски за шесто одделение

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – ова е совет во учебник по македонски за шесто одделение....

Македонија15 часа

Советот за безбедност ќе одржи седница за состојбата со коронавирусот

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“, утре, 29 октомври, со почеток во 11 часот, ќе се одржи...

Свет15 часа

Куба ја регистрира својата втора вакцина против коронавирусот

Куба официјално регистрира втора вакцина против Ковид-19, а испитувањата се очекува да почнат набргу, објави „Агенсија Кубана де нотисијас“ (АКН)....

Македонија16 часа

Мицкоски: Бремените жени да се ослободат од работа поради загадувањето и пандемијата

Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на Ковид-19, апелирам бремените жени да се ослободат од работа, и во...

Свет17 часа

(Видео) Меланија Трамп: Медиумите од мојот сопруг направија личност што не је препознавам

Првата дама на САД, Меланија Трамп, вчера одржа говор на предизборен митинг во Пенсилванија – тоа беше нејзино прво соло...

Македонија18 часа

Митко Јанчев повикува на протест за смена на Мицкоски

Митко Јанчев повикува на протест за смена на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.   Поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен...

Свет18 часа

Блумберг донира уште 15 милиони долари за кампања на Бајден

Американскиот милијардер Мајкл Блумберг донира дополнителни 15 милиони долари за претседателската кампања на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден во Охајо...

Свет18 часа

Од коронавирус во светот заразени повеќе од 44.155.000 лица

Повеќе од 44.155.000 лица се заразени од коронавирус во светот, според најновите статистички податоци што ги одржува специјализираната страница worldometers.info....

Свет18 часа

Русија ја поднесе својата вакцина во СЗО за забрзана регистрација

Русија поднесе барање до Светската здравствена организација (СЗО) за забрзана за регистрација и претквалификација на својата прва вакцина против новиот...

Досие