Свет
Нафтовод нападнат – од сабјарки
Во несреќата на нафтоводот на француската компанија Total во Ангола, биле уништен дел од цевководот, при што е предизвикан тридневен застој во доставувањето нафта за танкерите
Компанијата овој инцидент денеска го нарече „виша сила“, но го запре функционирањето на делот за испорака во рафинеријата. Имено, „вишата сила“, по правило, го ослободува од одговорност операторот на нафтоводот од одговорноста и обврските настанати со одложување на испораката на нафта. Reuters доби изјава дека несреќата ја предизвикале сабјарки. А бидејќи тие си отпливале, состојбата на „виша сила“ е укината во среда. Сепак, според анонимниот претставник на компанија која тргува со нафта, ќе се очекуваат застои во испораката во февруари и март. Total потврдил дека ја прогласил ваквата ситуација и дека денеска ја укинал, соопштувајќи дека несреќата ја предизвикале сабјарки кои ја оштетиле флексибилната цевка за испорака на нафтата до танкерите. Ова не е првпат сабјарките да оштетуваат нафтоводи во Ангола, пренесуваат француските медиуми. Сепак, некои сметаат дека тие се искористуваат како изговор кога компанијата ќе направат поголема грешка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени досега невидени снимки од островот на Епштајн: расте притисокот врз Трамп и институциите
Демократите од Одборот за надзор на Претставничкиот дом објавија „никогаш претходно видени“ фотографии и снимки од приватниот карипски остров на починатиот сексуален предатор Џефри Епштајн. Во објавата на „Икс“ се наведува дека материјалите претставуваат „морничав поглед зад затворени врати“.
„Ги објавуваме за да обезбедиме јавна транспарентност и да помогнеме во составување целосна слика за неговите ужасни злосторства“, изјави демократот Роберт Гарсија, додавајќи дека „борбата за правда за преживеаните продолжува“.
Фотографиите покажуваат празни дворишта, спални соби и други простории од вилата, меѓу кои и бања со наредени перници.
🚨 BREAKING: Oversight Dems have received never-before-seen photos and videos of Jeffrey Epstein’s private island that are a harrowing look behind Epstein’s closed doors.
See for yourself. We won’t stop fighting until we end this cover-up and deliver justice for the survivors. pic.twitter.com/qXmxFISZLS
— Oversight Dems (@OversightDems) December 3, 2025
Министерството за правда на САД има рок до средината на декември да ги објави сите документи што ги поседува за Епштајн. Гарсија порача дека „време е претседателот Трамп веднаш да ги објави сите документи“.
По апсeњето на Епштајн во 2019 година и неговата смрт во притвор, јавноста со години бара целосна објава на документацијата — листи, комуникации, искази и други материјали. Притисокот расте и од демократи и од републиканци, со тврдења дека документите може да откријат нови детали за мрежата и можни вмешани лица.
Свет
ИКЕА купува шуми во Латвија и Литванија
ИКЕА купува околу 24.000 хектари шума во Латвија и Литванија од финската инвестициска компанија CapMan Natural Capital, која по повеќе од десет години активно управување оценила дека имотот достигнал „зрела фаза“ на создавање вредност.
ИКЕА соопшти дека набавката е во согласност со целите за одговорно управување со шумите и користење локални суровини, имајќи предвид дека таа е меѓу најголемите потрошувачи на дрвна маса во светот.
Трансакцијата треба да биде одобрена од регулаторите, а се очекува да биде завршена во првата половина од следната година.
CapMan по продажбата ќе управува со 215.000 хектари шума и ќе остане меѓу најголемите независни сопственици на шуми во ЕУ. Компанијата моментално управува со имот вреден 7,1 милијарди евра.
Свет
Руте: Путин мисли дека може да издржи подолго од нас, но ние не одиме никаде
Еден ден по пораката на Владимир Путин дека Европа ризикува војна со Русија, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, излезе пред новинарите во Брисел и испрати повеќе директни пораки. Тој зборуваше за руските закани, поддршката за Украина и улогата на САД во мировните преговори.
Руте рече дека состанокот на министрите е „јасен знак дека Путин греши“, додавајќи: „Путин верува дека може да издржи подолго од нас, но ние не одиме никаде“. Истакна дека помошта на НАТО прави разлика на теренот, особено системите за противвоздушна одбрана.
Тој предупреди на „реални и трајни опасности“ што доаѓаат од Русија, споменувајќи сајбер-напади и повреди на воздушниот простор, и порача дека е потребна „непоколеблива будност“. Потсети дека сојузниците имаат цел – до 2035 година да вложуваат 5% од БДП во одбраната.
На прашањето за саботажите поврзани со Русија, меѓу кои и експлозијата на железничката пруга во Полска, Руте ги нарече нападите „крајно неодговорни“. Рече дека разузнавачките служби ќе ги расветлат деталите, но додаде: „Ќе реагираме на начин што самите ќе го одбереме – и тие ќе го почувствуваат тоа“.
Руте изјави дека само Доналд Трамп може да ја разбие блокадата во мировните преговори, пофалувајќи ја ангажираноста на неговиот тим. Одби да коментира дали Русија покажала поголема подготвеност за компромис, но рече дека НАТО мора да продолжи да ја притиска Русија преку вооружување на Украина и економски притисок.
Тој наведе дека Русија троши 40% од буџетот на одбраната и дека НАТО мора да одговори, а одлуките за мобилизација или вклучување жени во одбраната се одлуки на секоја држава поединечно.
За програмата ПУРЛ за набавка на оружје за Украина, Руте рече дека две третини од сојузниците веќе се приклучиле и дека распоредувањето на товарот е во многу подобра состојба. Истакна дека сојузниците обезбедуваат „постојан проток на оружје“ што создава притисок врз Русија.
Руте изрази уверување дека ЕУ ќе го реализира планот за користење на замрзнатиот руски имот за Украина, по најавата на Урсула фон дер Лајен за пакет од 79 милијарди евра. Доколку тоа не се оствари, рече, „треба да најдеме пари на друг начин“, додавајќи дека има целосна доверба во европското раководство.

