Свет
Иран произведува две нови ракети

Иран официјално стартува со производство на две нови ракети денеска, соопшти државното иранско радио
Министерот з аодбрана, Ахмад Вахиди, ја отвори производствената линија за Каем анти-хеликоптерската ракета и Туфан 5 противоклопната ракета, соопштува радиото.Иран е во постојан конфликт со Западот околу неговта нуклеарна програма и постојано објавува напредок во воените можности на државата.„Преку масовното производство и достава на модерно оружје до оружените сили, одбранбените можности на државата ќе се подобрат и на копно и од воздух“, рекол Вахиди, пренесува полудржавната новинска агенција Фарс.Државното радио јавува дека Туфан 5 носи две нуклеарни боеви глави и може да разбие секакви оклопни возила и тенкови. Не се соопштува каде е локацијата на фабриката за оружје. Вахиди ја опишал Каем ракетата како лесно насочено оружје “таа може да уништи лесни воздушни мети и вооружени хеликоптери“, пренесува Фарс.„Ласерски наведуваната Каем ракета е отпорна на непријателската електронска војна“, рекол Вахиди.Најавата за двете ракети доѓа само по три дена откако Иран лансира ракета која може да да носи сателит, а Вашингтон тоа го сфати како провокација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Лавров: НАТО се обидува да се зајакне на Блискиот Исток, Јужен Кавказ, Арктикот

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес го обвини НАТО дека ја пречекорува својата традиционална област на одговорност во обид да се здобие со упориште на Блискиот Исток, Јужен Кавказ, Централна Азија, Арктикот и Азиско-пацифичкиот регион.
Лавров изјави дека не се презентирани факти што ги поткрепуваат тврдењата дека Иран наводно подготвува напад врз Израел.
Тој оцени дека процесот на нормализирање на односите меѓу Русија и Соединетите Американски Држави е тежок и не е брз, објави РИА Новости.
Истакна дека нормализирањето на односите меѓу Вашингтон и Москва може да биде корисно за спречување на глобални кризи, пренесува Танјуг.
Свет
Израелската армија тврди дека Иран испукал нови ракети, Техеран негира

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека идентификувале нови ракети испукани од Иран кон израелска територија два часа по прогласувањето на прекинот на огнот.
„Одбранбените системи моментално работат на пресретнување на заканата“, се вели во соопштението.
Друго ажурирање додаде дека сирените за воздушен напад се огласиле во северен Израел откако биле откриени ракетите.
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац објави дека им наредил на Израелските одбранбени сили (ИДФ) енергично да одговорат на она што тој го нарекува кршење на договореното примирје од страна на Иран.
„Им наредив на ИДФ силно да одговорат на кршењата на примирјето од страна на Иран со интензивни напади врз режимски цели во центарот на Техеран“, рече Кац во соопштението.
Од друга страна, иранските државните медиуми објавија дека Иран ги негира обвинувањата на израелските власти.
Свет
Израелскиот министер за финансии: Техеран ќе трепери

Израелскиот министер за финансии, Безалел Смотрих, утрово објави порака на платформата „Икс“ по новите ирански ракетни напади врз Израел, во која се вели: „Техеран ќе трепери“.
Објавата беше споделена пред околу еден час и предизвика многу реакции.
Смотрих, член на крајно десничарската партија Религиозен ционизам и близок сојузник на премиерот Бенјамин Нетанјаху, претходно поддржуваше силни воени одговори на иранските напади. Неговите коментари доаѓаат во услови на тензии и покрај најавеното примирје што стапи на сила утрово.