Свет
Хуго Чавез сака да го забрани Тwitter

Контроверзниот венецуелски претседател е огорчен на оваа социјална мрежа, зашто венецуелската опозиција почнува да ја искористува барајќи негова оставка
Хуго Чавез бил налутен од брзината со кој тагот фривенецуела на Твитер за кусо време станал популарен, па се обидел во Народното собрание да издејствува да биде прифатен законски предлог со кој власта би можела да има контрола врз интернетските содржини во Венецуела. „Општествените алатки како Твитер се закана за националната безбедност и алатка за терор’, рекол Чавез пре пратениците повикувајќи ги да ја елиминираат „терористичката закана која демне од општествените сервиси“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Ен-Би-Си: Трамп може да ги брани само членките на НАТО кои трошат повеќе за одбрана

Американскиот претседател Доналд Трамп ја разгледува можноста за промена на учеството на САД во НАТО, со што САД би бранеле друга членка на Алијансата, само доколку таа членка ја исполни целта на НАТО за трошоците за одбрана, изјавиле извори денес за „NBC News“.
Доколку Трамп ја воведе таа промена, тоа би било кршење на принципите на Алијансата познат како член 5, кој вели дека напад врз која било земја на НАТО е напад врз сите членки.
Трамп на сличен начин размислува за промена на политиката во која САД би можеле да одлучат да им дадат приоритет на воените вежби со членките на НАТО кои трошат одреден процент од својот БДП за одбрана, рекоа официјални лица.
Администрацијата на САД веќе им сигнализираше на европските сојузници дека САД би можеле да го намалат своето воено присуство во Европа, а една од опциите што сега се разгледува е да се репозиционираат некои американски војници во регионот, така што тие да бидат фокусирани на, или околу земјите од НАТО кои ги зголемија трошоците за одбрана.
Според најновите статистики на НАТО, минатата година 23 членки на НАТО издвоиле повеќе од два отсто од БДП за одбраната, а повеќе од три Естонија, Грција, Латвија, Полска и САД.
Најголем процент одвои Полска, која за одбрана потрошила 4,12 отсто од БДП.
Потенцијалната промена во начинот на учество на САД во НАТО доаѓа кога Трамп ги притиска европските сојузници да направат повеќе за да и помогнат на Украина во војната со Русија, анализира медиумот.
Трамп се закани дека ќе ги повлече САД од НАТО за време на неговиот прв мандат и го доведе во прашање ефектот на членот 5 за САД, кој беше активиран само еднаш претходно, по нападите на 11 септември на САД.
Украина побара членство во НАТО, но администрацијата на Трамп објави дека тоа нема да биде дел од потенцијалниот мировен договор, пренесува Танјуг.
Свет
Дуда: Членките на НАТО треба веднаш да ги зголемат трошоците на најмалку три проценти од БДП

Сите земји-членки на НАТО треба веднаш да ги зголемат трошоците за одбрана на најмалку три отсто од БДП, изјави денеска полскиот претседател Анджеј Дуда на заедничката прес-конференција во Брисел со генералниот секретар на НАТО Марк Руте.
– Поднесов писмено барање до генералниот секретар ова прашање да биде покренато на претстојниот самит во Хаг и да се донесе таква одлука најмалку три проценти од БДП на земјите-членки на алијансата да се распределат за одбрана, – рече Дуда.
Целта на членките на НАТО е да издвојуваат два отсто годишно, додека Хрватска, Португалија, Италија, Белгија, Луксембург, Словенија и Шпанија издвојуваат помалку од два отсто од БДП, покажуваат податоците на Алијансата, пренесува Танјуг.
Регион
Владата во Албанија го забрани „Тик-ток“на 12 месеци

Албанската влада денеска донесе одлука да ја забрани апликацијата „Тик-ток“ на 12 месеци поради содржина која наводно поттикнува насилство и малтретирање, особено кај децата.
Албанската министерка за образование Огерта Манастирлиу рече дека владата е во контакт со „Тик-ток“ за инсталирање филтер за родителска контрола, како и вклучување на албанскиот јазик во апликацијата, пренесува АП.
Албанските власти одржаа 1.300 состаноци со околу 65.000 родители кои „препораа и беа за затворање или ограничување на платформата „Тик-ток““, рече министерката.
Владата во Тирана покрена иницијатива за затворање на апликацијата минатата година, откако тинејџер избоде до смрт друг тинејџер во ноември по расправија што започна на „Tик-ток“.
Рама денеска изјави дека владата е во „позитивен дијалог со компанијата“ која наскоро ќе оди во Албанија за да понуди „низа мерки за зголемување на безбедноста на децата“.
Компанијата соопшти дека не нашла докази дека сторителот или жртвата имале профили на „Тик-ток“, а повеќе извештаи всушност потврдиле дека видеата што довеле до овој инцидент биле објавени на платформа различна од „Tик-ток“.
Родителите според написите, изразиле загриженост по извештаите на децата кои се инспирирани од содржината на социјалните мрежи да носат ножеви на училиште, или случаите на малтретирање промовирани со приказни што ги гледаат на „Tик-ток“.
Властите го зголемија полициското присуство во некои училишта и воведоа други мерки, вклучително и програми за обука на наставниците, учениците и нивните родители.
Албанската опозиција не се согласи со затворањето на „Тик-ток“ и го одреди 15 март како ден за протест против тој потег, тврдејќи дека забраната е „чин на нетрпеливост, страв и терор против слободата на мислата и изразувањето“, пренесува Танјуг.