Свет
Топи одделно ќе разговара со Бериша и Рама
Наместо со директни средби со премиерот и лидерот на опозицијата, како што беше најавено, албанскиот претседател ќе се обиде да ја премости политичката криза во земјата преку одделни средби со Бериша и Рама
Албанскиот претседател Бамир Топи денеска ќе ги продолжи преговорите со премиерот Сали Бериша и лидерот на опозицијата Еди Рама за надминување на политичката криза во земјата.Од кабинетот на претседателот најавија дека станува збор за одвоени средби, чија цел е доближување на ставовите на власта и опозицијата.Останува отворена можноста Топи да понуди свој предлог за решавање на судирот помеѓу власта и опозицијата, кој трае веќе седум месеци.На парламентарните избори во јуни минатата година, опозицијата доби 64 од вкупно 140 пратеници и константно ја бојкотира работата на парламентот поради несогласувањата со власта.Опозицијата бара изборните кутии од јунските избори да бидат отворени бидејќи се сомнева дека имало изборен фалсификат, додека власта потенцира дека отворањето на кутиите се коси со албанскиот устав.Претставник на Советот на Европа во Албанија вчера упати барање до Тирана за создавање простор за надминување на кризата бидејќи истата негативно влијае во интеграциските процеси на Албанија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

