Свет
Растроен човек пробал да дојде до Џо Бајден

Човек со лажна акредитација бил фатен на церемонијата на свеченото отварање на ЗОИ во Ванкувер при обид да му се приближи на американскиот потпретседател Џо Бајден, објави канадската полиција
Бајден не бил во опасност, а против 48-годишниот Канаѓанец, за кој се испоставило дека има психички проблеми, нема да биде поднесена кривична пријава.„Тоа беше изолиран инцидент во кој не постоеше реална опасност, а човекот не пружи никаков отпор,“ соопшти полицијата.Неименуваниот Канаѓанец поминал низ две рутински контроли со лажна акредитација, а во моментот на апсењето бил 12 редови подолу од местото на кое седел американскиот потпретседател. Бајден е се уште присутен на Игрите, а интересно е тоа што тој беше вклучен во уште еден инцидент. Бајденовата колона на возила која излегувала од хокејски натпревар се судрила со три автомобили и во несреќата полесно се повредени поранешните американски олимпијки Пеги Флеминг и Вонета Флауерс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Русија и САД побараа итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите Нации

Русија и САД побараа затворени консултации со Советот за безбедност на Обединетите нации за ситуацијата во Сирија, потврди првиот заменик постојан претставник на руската мисија во ОН, Дмитриј Полјански.
Тој во објава на „Телеграм“ рече дека Москва очекува бараните консултации да се одржат денеска, пренесе „РИА Новости“.
„Русија и САД побараа итни затворени консултации од страна на Советот за безбедност на ОН во врска со насилството врз цивилите во западна Сирија“, рече Полјански.
Русија очекува данското претседателство со Советот за безбедност на ОН да закаже консултации за денеска, 10 март.
Повеќе од 1.000 луѓе загинаа во дводневните судири и убиства од одмазда во Сирија, бидејќи безбедносните сили на земјата наводно убиле стотици цивили кои припаѓаат на верското малцинство алавити, соопшти групата за набљудување на војната.
Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека околу 745 цивили биле убиени во петокот и саботата во тековните насилства долж брегот на земјата, заедно со 125 припадници на безбедносните сили и 148 борци од вооружените групи поврзани со поранешниот сириски лидер Башар ал Асад, пренесува „Политико“.
Свет
(Видео) Трамп: Наскоро ќе почнеме да испраќаме разузнавачки информации во Украина

Соединетите Држави наскоро треба да продолжат со размената на разузнавачки информации со Киев, им потврди на новинарите американскиот претседател Доналд Трамп на 9 март во авионот „Ер Форс Уан“.
Директорот на ЦИА Џон Ретклиф во средата објави дека Соединетите Држави го прекинале споделувањето разузнавачки информации со Украина. Овој потег уследи по одлуката на Вашингтон веднаш да ја замрзне сета воена помош за Украина.
Според Ројтерс, на прашањето дали ќе стави крај на суспензијата на споделување разузнавачки информации, Трамп им рече на новинарите: „Само што не сме“.
Трамп, исто така, рече дека е оптимист за претстојните разговори меѓу американските и украинските претставници во Саудиска Арабија. Делегациите ќе се сретнат во градот Џеда за да разговараат за рамката за потенцијалниот мировен договор меѓу Украина и Русија.
Европа
Ројтерс: Русите постигнуваат исклучително брз напредок во Курск

Руските сили денеска напредуваа дополнително во регионот Курск по почетокот на големата операција чија цел е да се принудат илјадници украински војници да побегнат или да се предадат во западна Русија, објавија проруските воени блогери, пренесе Ројтерс.
Воениот блогер „Ту мајорс“ објави дека руските сили ја зазеле населбата Ивашковски и дека руските единици напредуваат кон таканаречениот „котел“ во Курск од најмалку седум правци.
Јуриј Подољака, проруски воен блогер роден во Украина, рече дека му е тешко да ги следи настаните бидејќи рускиот напредок бил исклучително брз и украинските единици биле опколени на повеќе локации во Курск.
Руските сили вчера повторно зазедоа уште три населби во Курск, откако специјалните сили поминаа километри низ гасовод во близина на градот Суџа за да ги изненадат украинските сили.