Свет
Претседателот на Нигер во рацете на бунтовниците?!
Се’ уште нема сигурни информации од главниот град Ниамеј од каде попладнево агенциите пренесоа дека е во тек државен удар, а последните информации зборуваат дека наводно претседателот Танџа е заробен од бунтовниците
„Се’ се одвиваше по состанокот на владата и се чини дека претседателот и членовите на владата сега се во рацете на бунтовниците“, изјавил неименуван извор на агенцијата AFP вечерва. Тој додал дека во моментов се одржува состанок на воените команданти во Ниамеј.Reuters наведува дека три нигериски воени извори, потврдиле дека државниот удар бил предводен од офицер кого го именувале како мајорот Амаду Хароуна. Изворите на агенцијата тврделе дека превратот успеал и дека Мамаду Танџа и неговите министри се притворени недалеку од претседателската палата.Државното радио на оваа африканска држава според некои агенции почнало да емитува воена музика.Во престрелките во главниот град, имало и ранети, а сведок за Reuters дека најмалку три војника загинале во судирите, а во болница видел пет ранети војници. Африкански дипломатски извор изјавил пак дека неколку високи државни функционери биле уапсени, и дека меѓу нив бил и претседателот Танџа.Според светските агенции во главниот нигериски град Ниамеј околу пладнето почна обидот за државен удар при што избувнале судири во кои се употребува и тешко оружје, а од претседателската палата се издига чад .Нема податоци кои страни се вплетени во судирите, изјавиле сведоци за Reuters чиј известувач вели последните месеци во државата која е богата со ураниум се зголемени политичките тензии кои се предизвикани од самоволието на претседателот Мамаду Танџа. Разузнавач чиј идентитет Reuters не го открива, изјавил дека насилствата избувнале за да се изведе државен преврат, а претседателската гарда се обидува да го спречи бунтот. Престрелките почнале околу 13 часот по средноевропско време, како спорадични, но сведоци изјавиле дека набрзо војниците го блокирале патот во близина на кабинетот на премиерот.Претседателот Танџа предизвика критики и на меѓународната јавност која воведен санкции, откако тој го распушти парламентот и спроведе уставни реформи со кои добива дополнителни овластувања и си го продолжи и вториот петгодишен мандат кој му истече во декември 2009 г.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Дрон се урна во воен комплекс во Полска
Полската воена полиција истражува пад на беспилотно летало од непознато потекло кое се урна во воен комплекс на североистокот на земјата, на само неколку метри од складиште за оружје. Инцидентот, кој властите го потврдија во понеделник, се случил на 28 јануари во Вториот радиоелектронски центар во Пжасниш, град на околу деведесет километри северно од Варшава, пренесува Анадолија.
Според Радио Зет, дежурен офицер во единицата го забележал дронот како лета над базата, по што леталото ја изгубило контролата и се урнало во близина на складиштето за оружје. Војниците го обезбедиле дронот и го преместиле во воена зграда за испитување. Портпаролот на Врховниот командант на воената полиција изјавил дека воената полиција била известена и набргу потоа официјално започнала истрага, која вклучува обезбедување на леталото и земање изјави од сведоци.
Инцидентот се случува во време на растечка загриженост низ Полска и другите членки на НАТО за неовластена активност на беспилотни летала во близина на клучни инфраструктурни и воени објекти. Загриженоста се зголеми особено по руската инвазија на Украина и брзото ширење на технологијата за беспилотни летала со ниска цена.
Во Германија и балтичките држави, безбедносните служби истражуваат повторени видувања на неидентификувани дронови во близина на воени полигони за обука, пристаништа и енергетски објекти, што ги зголемува стравувањата од шпионажа и проверка на подготвеноста.
Иако засега нема индикации дека инцидентот во Пжасниш бил непријателски чин, официјалните лица не исклучуваат ниту едно сценарио, вклучувајќи грешка на операторот, технички дефект или намерно извидување. Полското Министерство за одбрана сè уште јавно не коментирало за потеклото или видот на дронот, ниту дали бил опремен со уреди за снимање или друг товар.
Свет
Иран разгледува гаснење на нуклеарната програма и трансфер на ураниум во Русија
Двајца ирански функционери изјавиле за „Њујорк тајмс“ дека е можен драматичен нуклеарен компромис меѓу Иран и Соединетите Американски Држави, кој би вклучувал суспензија или целосно гаснење на иранската нуклеарна програма.
Според наводите, Техеран ја фаворизира идејата за регионален нуклеарен конзорциум, при што збогатувањето на ураниумот би се вршело надвор од Иран, а постои можност веќе збогатениот ураниум да биде префрлен во Русија, слично на аранжманите од нуклеарниот договор од 2015 година.
Иранските функционери наведуваат дека целта на ваков компромис би била намалување на тензиите, во услови на закани со американски воен напад. Како дел од дипломатските контакти, Али Лариџани пренел лична порака од врховниот лидер Али Хамнеи до рускиот претседател Владимир Путин за време на неодамнешна средба во Москва.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјавил дека ова прашање одамна е на дневен ред.
Извештајот доаѓа во пресрет на најавените разговори во Истанбул меѓу американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи, кои, според „Тајмс“, овојпат би требало да се водат директно меѓу двете делегации.
Одделно, високиот советник на Хамнеи, Али Шамкани, изјавил дека постои можност за избегнување катастрофа доколку предлозите бидат без закани и со разумни услови, нагласувајќи дека разговорите се во рана фаза и дека нуклеарното прашање мора да остане единствен фокус.
Свет
Трамп му се заканува на Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно испрати силна порака до Иран, предупредувајќи дека ако преговорите не успеат, „веројатно ќе се случат лоши работи“. И покрај заканите, тој потврди дека разговорите се во тек.
„Во моментов имаме бродови што пловат кон Иран, големите, најголемите и најдобрите. Разговараме со Иран и ќе видиме како ќе заврши“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа. Тој додаде дека договорот би бил „одличен“, но дека ќе има последици ако не се случи. „Ако не го сториме тоа, веројатно ќе се случат лоши работи“, рече тој, пренесува Анадолија.
Дипломатската активност се интензивираше во последните денови. Axios објави дека специјалниот претставник на Трамп, Стив Виткоф, и иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, се очекува да се сретнат во Истанбул во петок.
Се очекува средбата да биде дел од обновените напори за решавање на прашањето за нуклеарната програма на Иран. Извори запознаени со подготовките потврдија дека тие се во тек, но еден од нив забележува дека плановите сè уште не се конечни и се предмет на промена.
Турција, Египет и Катар одиграа клучна улога во посредувањето и олеснувањето на контактите меѓу Вашингтон и Техеран во последните денови. Арагчи веќе беше во Истанбул минатиот петок, каде што се сретна со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и министерот за надворешни работи Хакан Фидан.
Иако немаше официјални најави, иранската новинска агенција Тасним објави дека иранскиот претседател Масуд Пезешкијан наредил продолжување на нуклеарните разговори со САД, во кои учествуваат високи претставници од двете земји.

