Свет
Хамнеи: Иран не произведува атомска бомба
Врховниот верски водач на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, тврди дека неговата земја не произведува атомско оружје, туку нуклеарната енергија ќе ја користи во мировни цели
Врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, негира дека неговата земја произведува атомско оружје, пренесуваат агенциите.
За духовниот водач на иранците, оружјето за масовно уништување е симбол за геноцид, што се коси со верските уверувања на иранскиот народ.
Според него, Иран не произведува оружје, туку нуклеарната енергија ја користи во мировни цели.
Изјавата на Хамнеи, доаѓа само еден ден по извештајот на Меѓународната заедница за атомско оружје, во кој што се потврдува дека Иран тајно произведува нуклеарни боеви глави.
САД и меѓународната заедница изразија загриженост по најновиот извештај и предупредија дека Техеран ќе се соочи со нови санкции, ако не дозволи увид во нуклеарните постројки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нов бран напади против иранските ракетни фрлачи почнаа израелските воздухопловни сили
Израелските воздухопловни сили спроведуваат нов бран воздушни напади против иранските балистички ракетни фрлачи, соопшти ИДФ.
– Воздухопловните сили почнаа операција и во моментов ги напаѓаат ракетните фрлачи во Иран за да ги отстранат заканите за државата Израел – се вели во соопштението на војската што го пренесе Тајмс оф Израел.
Свет
ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран
Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна на Техеран.
Седницата, која треба да почне во 16 часот (21:00 по Гринич), ќе биде посветена на „ситуацијата на Блискиот Исток“, соопштија Обединетите нации.
Средбата беше побарана од Франција и Бахреин, според израелската делегација во светската организација.
Свет
Ирански вооружени сили порачаа дека САД и Израел ќе добијат невидена лекција
Портпаролот на иранските вооружени сили Аболфазл Шекарчи денеска изјави дека Иран на САД и Израел ќе им одржи лекција „каква што никогаш во историјата не доживеале“.
По утринските напади на САД и Израел врз Иран, Шекарчи рече дека иранските вооружени сили веднаш реагирале и покренале ракетни напади на секоја локација која била во служба на американската и израелската војска, пренесува агенцијата Тасним.
„Со божја помош, ќе им одржиме лекција на САД и Израел каква што не доживеале во својата историја. Израелските бази веќе се соочија со проблеми и Иран подоцна ќе им удри уште поостар шамар“, предупреди воениот функционер.
Тој го повика иранскиот народ да не се грижи, да ги игнорира гласините и да ги следи официјалните вести преку националните медиуми.

